На шест годишно девојче не ѝ издаваат пасош зашто добила име според лик од „Игра на троновите“ - Канал 5

На шест годишно девојче не ѝ издаваат пасош зашто добила име според лик од „Игра на троновите“

Британката Луси (39) тврди дека била „уништена“ и дека ѝ бил „уништен планираниот одмор“ затоа што властите одбиле да ѝ издадат пасош на нејзината 6-годишна ќерка.

На шест годишно девојче не ѝ издаваат пасош зашто добила име според лик од „Игра на троновите“

Проблемот бил со името на детето кое го добила по популарниот лик од серијата „Game of Thrones“. На жената ѝ било кажано дека филмската компанија Warner Brothers ги има правата на името и мора да добие нивно одобрение.

Необичната приказна заврши во британските медиуми, кога беше откриено дека девојчето го добило името по „мајката на змејовите“ Калиса.

„Бев целосно уништена. Со нетрпение го чекавме нашиот прв заеднички одмор. Планиравме да одиме во Дизниленд во Париз“, рекла мајката.

Таа објаснува дека добила писмо од канцеларијата за пасоши.

„Одговорот ме запрепасти. Прв пат слушам за такво нешто. Побарав совет од адвокат“, додаде таа.

Тогаш дознала дека нема никакви пречки детето да го именува Калиса, пренесува New York Post.

„Бев фрустрирана. Добив извод од матична книга на родените и не ми кажаа дека може да има проблем со името“, изјавила Луси.

Одделот за издавање патни исправи подоцна наводно стапил во контакт со мајката и се извиниле.

„Да не реагирав на социјалните мрежи, ништо немаше да се направи. Верувам дека вака го решив проблемот“, рекла жената, додавајќи дека ја повикале луѓе кои ја доживеале истата ситуација.

Таа сега го чека пасошот на нејзината ќерка и планира да резервира нов лет за Париз.

„Ветија дека ќе добијам информација за неколку дена“, заклучила таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На 14 септември камионџиите од Западен Балкан ќе ги блокираат границите кон ЕУ

Проблемот за превозниците се засили со воведувањето на електронскиот систем за влез/излез (EES), со кој автоматски се евидентира престојот на патниците од земји надвор од Шенген-зоната.

На 14 септември камионџиите од Западен Балкан ќе ги блокираат границите кон ЕУ

На 14 септември, професионалните возачи на камиони од Западен Балкан ќе ги блокираат сите гранични премини кон земјите од ЕУ, по потврдената потврда на Европската комисија дека правилото за престој од 90 дена во период од 180 дена во шенген зоната нема да биде променето..

Проблемот за превозниците се засили со воведувањето на електронскиот систем за влез/излез (EES), со кој автоматски се евидентира престојот на патниците од земји надвор од Шенген-зоната. Системот за земјите од Западен Балкан почна да се применува на 12 октомври 2025 година, а по завршувањето на преодниот период следеше целосна имплементација. Според информациите, возачите кои ќе го надминат дозволениот престој од 90 дена во рамките на 180 дена може да бидат вратени во земјата на живеење, додека товарните возила остануваат на местото каде што се наоѓале во моментот на проверката. Превозниците предупредуваат дека ваквите ограничувања создаваат сериозни проблеми за меѓународниот транспорт, бидејќи професионалните возачи, поради природата на работата, често мораат да престојуваат во земјите од ЕУ подолг период.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Загина возач на патот Охрид – Кичево, удрил во глутница кучиња и изгубил контрола на возилото

Загина возач на магистралниот пат Охрид- Кичево.

Загина возач на патот Охрид – Кичево,  удрил во глутница кучиња и изгубил контрола на возилото

Несреќата се случила ноќеса кога возачот најпрвило удрил во кучиња скитници изгубил контрола на возилото и удрил во металните оградни браници покрај патот и возилото се запалило.

Во возилото било пронајдено телото на починатиот возач. На местото интервенирала екипа на територијалната противпожарна единица Охрид, која го локализирала и изгаснала пожарот. По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на судска медицина за обдукција, како и за утврдување на идентитетот на починатото лице.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни се пожарите во Маврово и ростуше и гори депонијата кај Шуто Оризари

Активни се два пожари на отворен простор, информираат од ЦУК.

Активни се пожарите во Маврово и ростуше и гори депонијата кај Шуто Оризари

Три пожари се ставени под контрола, а 22 се целосно изгаснати.

Активни се пожарите во општина Маврово и Ростуше, на месноста Голем Брдаш, каде што гори шума, како и во Шуто Оризари, во Визбегово, зад хотелот „New Star“, каде што гори депонија. Под контрола се пожарите над селото Палиград – Преслап во општина Зелениково, во мешана шума, во селото Копаница во општина Сарај, каде што гори нискостеблеста шума и ниска вегетација, како и пожарот кај селата Пискупштина, Буринец и Локов во Струга, каде што е зафатена нискостеблеста шума.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер