3ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба и не сакаат државата да се развива
Шоу бизНа Шакира ѝ се заканува ново судење во Шпанија, ја тужат за затајување данок Поп-пејачката Шакира ја чека уште едно судење, овојпат поради обвинението дека на шпанските даночни власти им должи речиси 6,7 милиони евра.Државното обвинителство поднесе кривична пријава против Колумбијката пред суд во близина на Барселона, изјави денеска портпаролот. Сега судот ќе одлучи дали ќе ѝсе суди на пејачката. Прелиминарната истрага започнала во јули откако даночната управа пријавила два можни прекршоци поврзани со даноците на доход и имот во 2018 година. На Шакира оваа година треба да ѝ се суди во Барселона по одделни обвиненија за затајување данок во вкупна вредност од околу 14,5 милиони евра помеѓу 2012 и 2014 година. Државниот обвинител бара затворска казна од осум години и два месеци и парична казна во износ од 23,8 милиони евра. Шакира постојано изјавува дека е невина во првиот случај и тврди дека била обврзана да плаќа данок на Бахамите во 2012, 2013 и 2014 година, а не во Шпанија. Но, таа вели дека во меѓувреме ги платила сите даноци плус казнена камата. Во јули минатата година, Шакира одбила вонсудска спогодба во Шпанија, каде што повремено живееше со поранешниот шпански фудбалер и поранешен сопруг Жерар Пике. По разделбата, Шакира со синовите се пресели во Мајами.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалФото: Нејмар го изненади ОлисеФранцускиот репрезенативец Мајкл Олис блесна во победата на Баерн Минхен над Унион Берлин, а по натпреварот доби подарок што не го очекуваше.Францускиот напаѓач постигна три гола и запиша една асистенција, потврдувајќи дека е еден од клучните играчи на Баварците оваа сезона. Сепак, она што се случи по натпреварот привлече речиси исто толку внимание колку и неговата игра на теренот. Олисе доби дрес од Нејмар, а подарокот му го врачи новинарката Изабела Паљари. Таа веќе еднаш приреди слична сцена, кога му го подари дресот на бразилската ѕвезда на Дезире Дуе. За Олисе, кој важи за многу повлечен фудбалер и човек чии прослави на голови се главно крајно смирени, реакцијата беше необична. Кога го виде дресот на Сантос, на лицето му се појави широка насмевка. Дресот пристигна како еден вид порака од Нејмар, поранешниот играч на Пари Сен Жермен и Барселона, а Олисе возврати на гестот. Французинот потоа му го испрати својот дрес на Бразилецот, со што продолжи оваа интересна размена.Тагови: Баерн Минхен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВтор ден од изборите во Русија-Излезност над 40 проценти Според податоците на Централната изборна комисија на Русија, излезноста на изборите за пратеници во деветтиот состав на руската Државна дума изнесуваше 44,38 проценти по вториот ден од гласањето.Гласањето започна во петокот, а претседателката на Централната изборна комисија, Ела Памфилова, изјави дека изборите се одвиваат вообичаено, и покрај обидите за провокации, пренесува „РИА Новости“. На изборите за Државната дума учествуваат 10 политички партии: „Единствена Русија“, ЛДПР, Партија на директна демократија, „Зелените“, „Праведна Русија“, „Родина“, Комунистичка партија на Руската Федерација (КПРФ), Партија на пензионерите, „Комунисти на Русија“ и „Нови луѓе“. Гласањето ќе трае до вечерва на 20 септември. Повеќето избирачки места се отворени од 8:00 до 20:00 часот, додека на некои избирачки места во пограничните области времето за гласање е скратено. Електронското гласање од далечина се спроведува во 33 региони, а на изборите учествуваат повеќе од 380.000 набљудувачи, вклучително и повеќе од 1.000 странски набљудувачи од 133 земји и 13 меѓународни организации. Според „РИА Новости“, жителите на самопрогласените Доњецка и Луганска Народна Република, како и на Запорошката и Херсонската област, за првпат избираат пратеници во Државната дума. За нив, како и за гласачите во одредени погранични региони, достапно е предвремено гласање. Во странство, во 152 земји, беа отворени 333 избирачки места.Тагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
ФудбалРафиња, па Меси, а пред двајцата – Роналдо Бразилецот Рафиња и Барселона се недостижни за конкуренцијата во оваа рана фаза од сезоната.Каталoнците ја остварија својата седма победа во исто толку натпревари – и тоа седма убедлива и доминантна – во саботата навечер против Севиља (3:1). Рафиња повторно беше централна фигура на натпреварот оваа сезона. Тој постигна нов хет-трик, втор по ред (му даде три гола и на Расинг во претходното коло) и ја продолжи својата неверојатна серија, потврдувајќи дека е во формата на својот живот. Со тоа, тој веќе го надмина рекордот на легендарниот Лионел Меси по бројот на голови во првите седум натпревари од сезоната. Напаѓачот на Барса моментално има постигнато 12 гола во Ла Лига – еден повеќе од легендарниот Аргентинец – но сепак му недостасува уште еден гол за да го израмни рекордот на Кристијано Роналдо. Португалецот своевремено, во сезоната 2014/2015, постигна 13 гола на првите седум натпревари од сезоната.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter