Американскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“ ќе го замени „Абрахам Линколн“, чии морнари се обиделе да скокнат во морето
1Американскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“ ќе го замени „Абрахам Линколн“, чии морнари се обиделе да скокнат во морето
Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
2Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
БалканНа Самитот во Тирана за Украина искажана едногласна осуда за руската агресијаВо заедничката декларација, усвоена од учесниците на денешниот Самит Украина-Југоисточна Европа, одржан во Тирана,, се наведува дека „учесниците едногласно ја осудуваат руската агресија врз Украина“.Во Изјавата, објавена на веб сајтот на албанската Влада, се наведуваат имињата на учесниците, кои ја поддржале декларацијата, меѓу кои и македонскиот и српскиот претседател Стево Пендаровски и Александар Вучиќ, косовската претседателска Вјоса Османи, како и другите учесници. „Неиспровоцираната воена агресија на Русија против Украина останува најголемата закана за европската безбедност и меѓународниот мир. Овој чин на агресија е неприфатлив; тоа е флагрантно кршење на меѓународното право, вклучително и Повелбата на ОН, и злосторство против украинскиот народ“, се истакнува во една од 12-те точки во Изјавата.. Исто така, потписниците ја повторуваат „непоколеблива поддршка за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“ во рамки на нејзините меѓународно признати граници од 1991 година и додаваат дека остануваат „посветени на обезбедувањето на Украина со потребната поддршка за да надвладее против руската агресивна војна за да се постигне сеопфатен, праведен и траен мир во согласност со Повелбата на ОН и врз основа на украинската формула за мир“. Се повикува целата меѓународна заедница силно да ја зголеми поддршката за Украина во нејзината тековна борба за слобода, независност и територијален интегритет. „Силно ги осудуваме намерите на Руската Федерација да одржи претседателски избори на привремено окупираните територии на Украина, што е јасно кршење на меѓународното право. Ја нагласуваме нелегалната природа на претстојните избори во Автономната Република Крим и градот Севастопол и на териториите окупирани од Русија во областите Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон во Украина“, се наведува во Заедничката изјава. Во неа се посочува дека за време на денешните дискусии во Тирана била потврдена солидарноста со Украина и нејзиниот народ во нивната херојска одбрана на својата слобода и заедничките вредности. „Ја изразивме нашата подготвеност да учествуваме во спроведувањето на Формулата за мир на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, која е во согласност со целите и принципите на Повелбата на ОН“. „Убедени сме дека руската агресивна војна против Украина ја покажа критичната потреба и суштинската важност на обединета и силна Европа способна да одговори на глобалните предизвици за мирот и просперитетот на нашите народи. Истакнавме дека нè обединуваат заедничките европски вредности и визијата за нивен понатамошен развој во рамките на обединета Европа“, стои меѓу другото во Изјавата. Потписниците на Изјавата ја потврдуваат својата решеност да ги интензивираат заедничките напори за да обезбедат понатамошен напредок и заемна поддршка кон членството на регионот на Западен Балкан, Украина, Република Молдавија и Грузија во Европската Унија. Сојузниците во НАТО и земјите аспиранти ги поздравуваат чекорите преземени кон идно членство во НАТО и поддржуваат Украина да стане членка на Алијансата штом тоа го дозволат безбедносните услови. „ Ние, пријателите на Украина, ја потврдуваме нашата силна верба дека само со обединување ќе можеме да ги вратиме мирот, стабилноста и праведниот просперитет на европскиот континент, се наведува во заедничката изјава усвоена по Самитот Украина-ЈИЕ во Тирана.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосле повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
СветАмериканскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“ ќе го замени „Абрахам Линколн“, чии морнари се обиделе да скокнат во моретоАмериканскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“, кој е стациониран во Пацификот, се упатил кон Блискиот Исток по извештаите за проблеми на носачот „Абрахам Линколн“.Ова се случува во период кога се појавија извештаи за проблеми со менталното здравје и со снабдувањето на носачот „Линколн“, кој веќе подолг период е на Блискиот Исток како дел од американските воени операции поврзани со војната со иран. Носачот има поминато повеќе од 240 дена непрекинато на море, што е рекорд. Претходно оваа недела се појавија наводи дека некои морнари имале самоубиствени мисли и се обиделе да скокнат од бродот. Според весникот, причината е продолжувањето на мисијата, која требаше да заврши во мај, но била продолжена без утврден датум за нејзино завршување. „Џорџ Вашингтон“ минатата недела го напуштил пристаништето во Дананг, Виетнам, соопшти американската морнарица. Носачот, заедно со крстосувач и со разурнувач, потоа бил забележан како минува низ Сингапурскиот теснец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТрето вонредно прскање против комарци во ДрачевоЦентарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, вечерва спроведува трета вонредна акција за дезинсекција. Третманот ќе го опфати подрачјето на населбата и селото Драчево, со цел заштита на граѓаните и спречување на масовно размножување на комарците. Прскањето ќе се реализира во периодот од 22:00 до 24:00 часот, при што со специјализирано возило ќе се дејствува против возрасните комарци. Оваа трета вонредна интервенција се надоврзува на досегашните активности кои започнаа кон крајот на минатиот месец со првото прскање, кое исто така беше насочено кон возрасните инсекти. Континуитетот продолжи пред два дена со втората акција, кога екипите на терен вршеа уништување на ларвите со соодветен ларвицид во каналите и влажните места. Уште еднаш ги потсетуваме пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на своите пчелни семејства поради вечерашните активности. Истовремено, за акцијата да се реализира безбедно и ефикасно, ги замолуваме граѓаните во наведениот временски период, доколку се во можност, да ги држат затворени прозорците и вратите од своите домови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосле повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
ЗабаваВидео: Родри – светски шампион на лет на „ниско буџетна авио компанијата Капитенот на светскиот фудбалски шампион Шпанија, Родри дефинитовно не е опседнат со луксуз како многу од фудбалерите, тоа го покажа при враќањето од Шпанија во Манчестер.Скромниот светски шампион со Шпанија и ѕвезда на Манчестер Сити е снимен како чека во ред за пријавување на летот на аеродромот во Мадрид, од каде што патувал за Ливерпул. Тој не изнајмил приватен авион ниту си обезбедил некаков вид ВИП-транспорт – како што тоа го прават многу фудбалери од негов ранг – туку, како и секој обичен смртник, застана во редот пред шалтерот, онаму каде што одат сите патници пред полетувањето. Guys... why is Rodri getting on our Ryanair flight?? pic.twitter.com/QKC3W9xnQU — Emily Brobyn (@kippaxgirlemily) August 13, 2026 На истиот лет со Родри била и новинарката на Би-би-си, Емили Бробин, која сподели снимки и фотографии од шпанскиот фудбалер на аеродромот. Ова не е неочекувано од Родри, кого славата и парите не го промениле . Оние што го познаваат велат дека Родри е сè уште истиот оној Родри што бил и пред големиот подем во кариерата. Се разбира, глетката на фудбалер кој може да си дозволи сопствен авион, а сепак стои во ред со обичните луѓе, ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи. Покрај тоа што со недели е во центарот на вниманието поради успехот со Шпанија, Родри веќе неколку дена е тема на европските спортски портали поради можниот трансфер во Барселона. Според последните информации, играчот постигнал договор со Каталонците, но трансферот моментално е „закочен“ од Сити, кој бара повеќе пари за „слободата“ на својот фудбалер.Тагови: Родри Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook