СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра, додека тој си ги ужива милијардите во Будимпешта
2СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра, додека тој си ги ужива милијардите во Будимпешта
3ВМРО-ДПМНЕ: Различни изговори на СДС, Левица и ДУИ за блокирање на Изборниот законик, но мотивите исти
КултураНа Саемот на книга се очекуваат групни посети од училиштатаПо две години пауза, Саемот на книга повторно ги очекува групните и организирани посети на ученици од средните и основните училишта на државата. Како една од најзначајните манифестации од областа на културата, Саемот нуди богата програма за деца и млади со која најмладите посетители ќе можат да уживаат во светот на книгите. Електронските билети можат да се купат преку веб страницата www.karti.com.mk кои ќе бидат достапни веќе од (вторник) 26. април, а за времe на Саемот, билети ќе можат да се купат и на билетарата на Арена Борис Трајковски. Најголемиот настан за читателите во земјава – Саемот на книга, оваа година ќе се одржи од 3. до 9. мај во Арена “Борис Трајковски” со работно време секој ден од 10 часот до 20 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски во посета на Општина ОхридМицкоски ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на СОУ „Св. Климент Охридски“.Денес во 11:30 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на СОУ „Св. Климент Охридски“, а потоа и на реконструираната улица „Кленоец“ во Општина Охрид.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра, додека тој си ги ужива милијардите во БудимпештаСе продаваат станови и имот во вредност од неколку милиони евра, додека Груевски и неговото семејство располагаат со имот и средства во вредност од над 2 милијарди евра.Додека граѓаните се дават во долгови и се соочуваат со минимална плата од 400 евра, државата повторно се обидува да продаде дел од запленетиот имот на Никола Груевски - човекот кој избега во Унгарија и таму продолжува да живее во луксуз, наместо да ја издржува казната во Идризово. Така изгледа кога криминална организација е на власт. Се продаваат станови и имот во вредност од неколку милиони евра, додека Груевски и неговото семејство располагаат со имот и средства во вредност од над 2 милијарди евра. Организираната криминална група ВМРО и Христијан Мицкоски како нејзин шеф и денес го слават Груевски. Не бараат негова екстрадиција, ниту ја осудуваат неговата политика на страв и системска кражба на државата. Месеци наназад нема одговор на прашањето дали се испратени документите за негово испорачување. Наместо тоа, Мицкоски продолжува по стапките на својот ментор - носи скапи часовници, купува владини авиони и ја одржува културата на недопирливост и лично богатење на грбот на граѓаните. Се сеќаваме на Мерцедесот од 650.000 евра, наочарите од 60.000 евра и луксузот во кој пловеше Груевски. Денес истото го гледаме и кај Мицкоски, само во понова и поагресивна верзија. Ова не е минато. Ова е сегашноста на ВМРО-ОКГ. Додека народот се бори да преживее, криминалците од минатото и нивните наследници и понатаму се движат слободно. Имотот на Груевски во Македонија е само ситница. Вистинската сума од над две милијарди евра се наоѓа надвор од земјата. Наместо Груевски да биде испорачан и да одговара за изгубените години на цела генерација Македонци, да се конфискува тој имот и тие пари, Владата продава само неколку станови. Така изгледа правдата со Мицкоски и неговата банда. Народот не заборава. И не простува. Наскоро доаѓа време за отчетност. Наскоро доаѓа време за правда. Наскоро државата повторно ќе им припадне на граѓаните. Фронтот за вистина и правда ќе се погрижи да одговара не само Груевски, туку и сите негови ученици и продолжувачи на неговото дело. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Различни изговори на СДС, Левица и ДУИ за блокирање на Изборниот законик, но мотивите истиСекоја една опозициска политичка партија СДС, Левица, ДУИ со свои различни изговори го блокира Изборниот законик.Но, мотив на сите нив е ист, ниските рејтинзи и стравот од изборен пораз. Јавноста е сведок како секоја од нив излегува со различни тези и изговори, како намерно да сакаат да креираат конфузија и збунетост кај граѓаните. СДС не сака македонската дијаспора на полесен начин да го остварува своето уставно загарантирано право на глас, Левица прво доби повеќе пари, па после се откажа од намерата да го поддржи Изборниот закон. А, ДУИ, пак, отвора нови услови за начинот на носење одлуки во Државната изборна комисија. Сите имаат различни барања и изговори, човек крајот да не може да им го фати. Овие различни образложенија на опозициските политички партии не се случајни. Тие имаат иста цел, да не се донесе нов реформски Изборен законик и со тоа да се создаде алиби за нивниот се поизвесен поразот на следниот изборен циклус. Зад ваквото однесување и политичко делување на опозицијата стојат партиски калкулации и обид да се прикрие стравот од соочување со граѓаните на следните избори. И тоа е сè поочигледно што не можат да го покријат со ниту едно соопштение, реакција или јавен настап. ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потенцира дека останува доследна на својот став дека ги прифаќа сите барања на опозицијата, само да се запазат препораките на ОБСЕ/ОДИХР и да се олесни и прошири гласањето на дијаспората. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38