На рочиштетот за трагедијата во „Пулс“ денеска не дојде ниту еден од повиканите сведоци - Канал 5

На рочиштетот за трагедијата во „Пулс“ денеска не дојде ниту еден од повиканите сведоци

Ниту еден од петмината предложени сведоци на Обвинителството за трагедијата со пожарот во дискотеката Пулс во Кочани денеска не се појави во судница. 

На рочиштетот за трагедијата во „Пулс“ денеска не дојде ниту еден од повиканите сведоци

За двајца на предлог на обвинителите судот одлучи да се направи психијатриско вештачење по што ќе се утврди дали се во состојба да сведочат или пак ќе се читаат нивните искази. Нови покани ќе бидат испратени за други двајца а еден е недостапен бидејќи се наоѓа во Бугарија на студии. За уште еден недостапен сведок на денешното рочиште се прочита неговиот исказ даден во кочанското обвинителство. Денис Даутовски одреден период бил организатор на настапите на групата ДНК, но заминал од земјава два месеци пред трагедијата.

-Осветлувањето за настапите беше препуштено на сопствениците, а во поглед на прскалките знам дека Панчо во првиот наврат кога почна да ги користи набави кутија. Откако беа набавени прскалките лично ги видов дека ги поставуваше Мартин Буцо, а претходно ги поставував јас. Мислам дека при договарање на настапите, внесот на прскалките беше најавуван кај сопствениците на локалот, но дали било пријавувано до надлежниот орган, не знам,-кажал меѓу другото сведокот -Денис Даутовски – сведок (Исказ даден пред ОЈО Кочани) пред обвинител.

Откако ќе завршат сведоците кои ги предложи ЈО постапката треба да продолжи со изведување на материјалните докази.

Полека се исцрпува листата на сведоците на Обвинителството. Следното рочиште е закажано за во понеделник на 20 април кога е предвидено да сведочат тројца сведоци. А на рочиштето потоа веќе ќе се знае дали ќе бидат обезбедени и последните сведоци на Обвинителството.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е гостиварец- му пронашле кокаин

„Task Foce“ пронајде дрога во Гостивар и лиши од слобода едно лице.

Уапсен е гостиварец- му пронашле кокаин

На 25.10.2026 во 01:55 часот на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од мобилниот тим „Task Force“ при ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Д.(27) од Гостивар. При преглед извршен кај него, полицискисте службеници пронашле две пакувања со кокаин.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пијани возачи предизвикале сообраќајки во струмичко и валандовско- загина човек од с.Добрејци

Двајца возачи на подрачје на СВР Струмица возеле под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни несреќи со смртни последици и со тешки телесни повреди.

Пијани возачи предизвикале сообраќајки во струмичко и валандовско- загина човек од с.Добрејци

На 25.10.2026 околу 02:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш, во близина на с.Радичево, општина Василево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.В.(19) од с.Злеово, радовишко и патничко возило „мицубиши“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.С.(58) од с.Добрејци, струмичко. Од здобиените повреди на местото починал возачот Р.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Во несреќата со телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило „мицибуши“ Д.А.(36) од село Дабиле, струмичко. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица, при што било констатирано дека Н.В. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,32 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

На 25.10.2026 во 00:15 часот во ОВР Валандово било пријавено дека на регионален пат во с.Марвинци, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од В.И.(26) од с.Брајковци, валандовско и мотоцикл „кавасаки“ со валандовски регистарски ознаки, управуван од М.Г.(57) од с.Марвинци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Гевгелија. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Валандово, при што било констатирано дека возачот на патничкото возило „мерцедес“ В.И. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,45 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни пријави, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

18-годишен делчевец за пример- пронашол документи и поголема сума пари и ги предал во полиција

На 24.10.2026 година, во 14:00 часот, во Полициската станица Делчево, 18-годишен жител на Делчево предал пронајдени лични документи и парични средства во износ од 114.000 денари и околу 2.000 евра.

18-годишен делчевец за пример- пронашол документи и поголема сума пари и ги предал во полиција

Имено, младиот делчевец на булеварот „Македонија“ во Делчево пронашол патна исправа и лична карта на лице од Делчево, како и наведените парични средства, по што совесно постапил и истите ги предал во полициската станица.

Министерството за внатрешни работи ја поздравува оваа постапка, која претставува позитивен пример за чесност, совесност и високо развиена граѓанска одговорност, особено кај младите.

Ваквите постапки заслужуваат јавно признание и претставуваат поттик за негување на општествените вредности, меѓусебната доверба и одговорното однесување во заедницата, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер