На разочараните фанови на Тејлор Свифт во Виена им нудат бесплатен влез во клубови, храна...

Десетици илјади обожаватели на поп-ѕвездата Тејлор Свифт (34) останаа без три концерти во Виена поради безбедносни мерки против можен терористички напад.

И покрај големото разочарување, сите фанови во Виена имаат можност да поминат време со музиката на суперѕвездата со другите фанови. Градот и неговите атракции остануваат достапни без ограничувања.

@joeprutjes Singing together in the ‘Singerstreet’ of Vienna after shows got cancelled #taylorswift #taylornation #vienna #taylorswifterastour #swifties #erastour ♬ origineel geluid - Joep Rutjes

Обожавателите на Тејлор Свифт решија да ја искористат ситуацијата најдобро, па и покрај дождот се собраа на улицата Корнелиус и почнаа да пеат, иако некои од нив плачеа. Тие разменуваа нараквици, вообичаена практика на нејзините концерти, а снимките од повторното обединување брзо ги преплавија социјалните мрежи.

И Виена реши да им даде утеха на многубројните фанови кои пристигнаа од различни земји во Европа и светот. На официјалната веб-страница на градот Виена е објавено дека сите изложби и модни ревии се бесплатни за посетителите со купени билети за концертите.

Градот обезбедил и бесплатен влез на стадионот Винер Стадионбад за сите што ќе покажат билет за концерт, додека оние кои бараат забава ќе можат бесплатно да влезат во некои клубови со купената карта. Исто така, некои угостители нудат бесплатна храна и пијалоци со билет за концерт, а една златарница подарува бесплатни ланчиња.

Најмалку три лица загинаа, а 49 се повредени во железничка несреќа во Египет

Три лица загинаа во вчерашната железничка несреќа во северниот дел на Египет, а 49 се повредени, соопшти Министерството за здравство.

Помеѓу загинатите две се деца. Несреќата се случила кога два воза се судриле во провинцијата Шаркија, на околу 80 километри северно од Каиро.

Железничка мрежа на Египет, една од најголемите земји во Африка, е застарена и чести се несреќите.

Во април 2021 година се случија железнички несреќи за помалку од еден месец, при што загинаа 40 луѓе. Во март 2023 година, четири лица загинаа, а 23 беа повредени кога воз излета од шините. /МИА

Вечер се отвора литературниот фестивал „ПРО-ЗА Балкан“

Со Борис Дежуловиќ, Рене Карабаш и Ѕвездан Георгиевски вечер се отвора литературниот фестивал „ПРО-ЗА Балкан“

Во Даут пашин амам вечер ќе биде отворен Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ што ќе трае до 17 септември. На отворањето ќе бидат присутни врвни автори од регионот како Борис Дежуловиќ од Хрватска, лауреатот на аградата „Прозарт“ за 2024 година Владимир Пиштало од Србија, Рене Карабаш од Бугарија, како и домашни автори.

На првата фестивалска вечер, Дежуловиќ ќе биде во друштво со Карабаш и домашниот автор Ѕвездан Георгиевски. Со нив ќе разговараат Александар Прокопиев и Ермис Лафазановски.

Гости на отворањето, како што посочуваат организаторите, ќе бидат и членови на програмата „Скопје фелоушип“ - една од влијателните имиња во европското издаваштво, Катарина Луа ван Хоф, поранешна шефица на одделот за странска литература во францускиот гигант „Галимар“, еден од најистакнатите издавачки директори во Обединетите Арапски Емирати, Тамер Саид, соосновачот на грчкиот „Вакхикон“, Несторас Пулакос, кој ја издаде на грчки Лидија Димковска, претставничка од француската агенција #BAM, Лали Бернар, Јоана Јежорна-Крамаж од издавачката куќа „Познан“ од Полска, Рикардо Лопез од шпанското издаваштво „Арменија“, Катја Кац од КУД „Содобност Интернационал“ од Словенија и литературниот скаут Валерија Паолини од Италија.

Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура и туризам, „Традуки“, Амбасадата на Србија, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, КУД Содобност, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Амбасада на Грција, библиотеката „Браќа Миладиновци“, Стоби Винарија, СПОНА, Умно.мк и Метрика Култура. /МИА

Фолклорна манифестација „На гости во Ханриево“

Во реонскиот парк во Ѓорче Петров денеска напладне ќе се одржи фолклорната манифестација „Од Бистра преку Дервен до Ханриево: На гости во Ханриево“. 

На манифестацијата, што се одржува под покровителство на Општина Ѓорче Петров, три години по ред по седум детски ансамбли од културно-уметничките друштва го презентираат богатото фолклорно наследство.

Како што велат од Општината, целта на манифестацијата е да се поттикне интересот кај најмладите за негување и зачувување на македонската традиција.

На годинашнава манифестација ќе учествуваат членови од детските ансамбли на: КУД „Гердан од бисери“ – Охрид, Ансамбл „Керамичар“ – Велес, КУД „Димитар Беровски“ – Берово, Ансамбл „Орце Николов“ – Скопје, Ансамбл „Јонче Христовски“ – Скопје и ЕФЗ „Седум осмини“ од Скопје.

[Во реонскиот парк во Ѓорче Петров в недела на пладне ќе се одржи манифестацијата „Од Бистра преку Дервен до Ханриево: На гости во Ханриево“. Станува збор за фолклорна манифестација под покров]

Манифестацијата е во организација на Едукативното фолклорно здружение „Седум осмини“ од Ѓорче Петров и е дел од одбележувањето на „Денови на Општина Ѓорче Петров“./МИА

притисни ентер