На распродажба купила марама за 1 долар, се шокирала кога дознала колку вреди - Канал 5

На распродажба купила марама за 1 долар, се шокирала кога дознала колку вреди

Корисничка на Reddit предизвика возбуда на интернет откако откри дека купила „винтиџ“ марама од Hermes за 1,25 долари во продавница за половна стока во Мичиген.

На распродажба купила марама за 1 долар, се шокирала кога дознала колку вреди

Фотографијата, на која е прикажана свилена марама со цветен принт во розова, црна и сина боја, заедно со етикета што потврдува дека е направен во Франција, стана вистинска сензација.

Таа долго време посетувала продавници за половна стока

„Не можев да им верувам на своите очи! Едвај чекам да го носам“, напишала новата сопственичка на популарната социјална мрежа.

Таа откри дека посетува продавници за половна стока и купува разни работи уште од 1980-тите, објавува Newsweek.

„Повеќе од 90 проценти од мојата гардероба - чевли, чанти, накит, додатоци, облека, беше купена во продавници за половна стока“, додаде таа.

Во минатото, тврди таа, пронашла брендирани предмети од Burberry, Prada, Pucci, Ralph Lauren, а сега и марама од Hermes.

Марама од Hermes од 1985 година?

Печатот на марамата веднаш го привлече вниманието на ентузијастите за винтиџ, кои почнаа да шпекулираат за нејзиното потекло и вредност.

„Мислам дека е од 1985 година“, напиша едно лице, додека друго додаде: „Се наоѓа на веб-страница за препродажба за над 1.000 долари.“

Експертите велат дека марамите на Хермес, познати по своите детални отпечатоци и висококвалитетна свила, долго време се сметаат за колекционерски предмети меѓу љубителите на винтиџ модата.

Тие често се продавале во ограничени изданија, а цените на препродажбата се движат од стотици до илјадници долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Милиони луѓе на погребната поворка на ајатолахот Али Хамнеи во Техеран (ВИДЕО)

Милиони луѓе се придружија на погребната поворка во Техеран за да го испратат телото на починатиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи на пат кон светиот град Ком.

Милиони луѓе на погребната поворка на ајатолахот Али Хамнеи во Техеран (ВИДЕО)

Според иранските медиуми, денешниот настан е најголемиот јавен собир во модерната историја на земјата. Поворката почна утрината од верскиот комплекс „Голема мосала“ во Техеран, каде што што изминатите два дена беше изложено телото на Хамнеи.

Организаторите очекуваат поворката, која се движи по траса долга околу 10 километри, да трае помеѓу 10 и 12 часа. Хамнеи кој беше убиен на 28-ми февруари од американските сили, ќе биде погребан во четврток. По атентатот, за негов наследник беше назначен неговиот син Моџтаба Хамнеи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

18 загинати во руски воздушни напади врз Киев – Зеленски алармира на недостиг на пресретнувачки ракети

Најмалку 18 луѓе загинаа, а повеќе десетици се ранети во најновите жестоки руски водзушни напади врз Киев, само неколку дена откако во слични напади беа убиени над 30 цивили.

18 загинати во руски воздушни напади  врз Киев – Зеленски алармира на недостиг на пресретнувачки ракети

Како што соопштија украинските власти, мета на нападите биле повеќе згради во главниот град, каде што избувнале пожари, а меѓу повредените има и деца. Според информациите, Русија употребила 350 беспилотни летала, 40 крстосувачки ракети, но и речиси 30 балистички и суперсонични проектили, од кои безмалку ниту еден не бил соборен. Киев призна дека украинската одбрана претрпела огромен удар поради сериозниот недостиг на пресретнувачки ракети за системот патриот, кој единствено може да соборува балистички проектили. Украинскиот претседател Зеленски апелираше до сојузниците да донесат силни одлуки на самитот на нато утре и задутре за да и обезбедат на украина воздушна одбрана. Додека ракетите „Патриот“ се во магацините на нашите сојузници, Русија е само охрабрена да продолжи да уништува станбени згради“, напиша Зеленски на социјалните мрежи..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Странците направиле над 33.000 прекршоци: Додека не почне „Сејф сити“, ќе ги казнуваат „пресретнувачи“

„Безбеден град“ евидентирал над 33.000 прекршоци од возила со странски регистарски ознаки до крајот на мај, информриаат од МВР.

Странците направиле над 33.000 прекршоци: Додека не почне „Сејф сити“, ќе ги казнуваат „пресретнувачи“

Тие досега не ги плаќаа казните, но министерот за внатрешни работи Панче Тошковски неодамна најави дека тоа ќе се промени.

- Брзо ќе бидете сведоци на целосна, комплетна имплементација на вториот чекор кој се однесува на достава на казните за оние кои управуваат странски регистарски возила “, кажа Тошковски и најави дека казните на странците ќе им бидат врачувани на граничните премини при излез од земјава.

Додека не заврши надградбата на системот, возачите кои возат брзо по македонските автопати со возила со странски сообраќајни таблички, ќе бидат казнувани само од полициските службеници „пресретнувачи“ кои според МВР се во континуитет присутни на коридорите 8 и 10.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер