На првиот настап Теа Таировиќ ја преплаши Зорица Брунцлик, а сега е кралица на бакшишот (ВИДЕО) - Канал 5

На првиот настап Теа Таировиќ ја преплаши Зорица Брунцлик, а сега е кралица на бакшишот (ВИДЕО)

Се појави видео од пејачката Теа Таировиќ кога со своето пеење ја преплаши Зорица Брунцлик, која беше член на жирито на „Ѕвезде Гранда“ во кое се натпреварувала Теа.

На првиот настап Теа Таировиќ ја преплаши Зорица Брунцлик, а сега е кралица на бакшишот (ВИДЕО)

Теа Таировиќ денес е позната пејачка, а кариерата ја започна во „Ѕвезде Гранда“ каде првпат се појавила на 17 години.

Повеќето од членовите на жирито на овој натпревар не го предвидоа нејзиниот успех и ја советуваа да работи на пеењето, иако го пофалија нејзиниот сценски настап. Пејачката за време на настапот дури и за момент ја исплаши Зорица Брунцлик која тогаш беше во жирито.

На една страница на Инстаграм се појави видео од таа ситуација, а корисниците коментираа дека не им се верува како некогаш пеела Теа, но и како изгледала.

Инаку, Таировиќ на оваа снимка ја отпеа песната на Нина Бадриќ, а своите фалширања и грешки ги оправда со големата нервоза.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД продолжуваат со воздушните напади врз Иран

Соединетите држави ја завршија дванаесеттата последователна ноќ на воздушни напади врз Иран. 

САД продолжуваат со воздушните напади врз Иран

Цели биле иранските поморски капацитети, складишта за ракети и беспилотни летала, крајбрежни системи за надзор и објекти на противвоздушната одбрана.

Според ЦЕНТКОМ, операциите треба дополнително да ја намалат способноста на Иран да напаѓа цивилни морнари и трговски бродови. Американската команда тврди дека, откако повторно почнала да ги блокира иранските пристаништа, пренасочила девет комерцијални бродови, а уште еден онеспособила. Дополнително за првпат Америка го употреби стратегискиот бомбардер Б-1 во нападите врз цели на Иран.

-Во моментов, ситуацијата е прилична едноставна. Бродови се обидуваат да минат низ теснеците и тие се напаѓани. Комерцијални бродови кои пловат низ теснеците се напаѓани. САД го штитат овој поморски сообраќај и, покрај тоа, ги гаѓаат местата од каде што се извршуваат нападите врз тие бродови, со цел дополнително да се намали способноста на Иран да напаѓа и да го загрозува глобалниот поморски сообраќај. Тоа сега се случува и на тоа сме сега фокусирани – изјави Рубио.

Со веќе препознатливата остра реторика, Трамп се закани дека САД ќе ја напаѓаат цивилната инфраструктура во Иран како одговор на секој напад врз брод во Ормускиот Теснец.

-Во овој судир што го имаме со Исламската Република Иран, и намерно ја нарекувам така, затоа што, да ви кажам, тие трпат нависнина силни удари и сакаат да постигнат договор. Но, јас велам дека се уште не се подготвени за договор. Затоа што секојпат кога ќе постигнеме некаков договор, тие сакаат да ги менуваат и слино. Не се подготвени. Но, ќе бидат подготвени многу наскоро. – изјави Трамп.

Во меѓувреме, Техеран ги нападна американските сојузници низ Блискиот Исток. Иранските државни медиуми јавија дека американски ракети погодиле цели во западниот дел на Иран. Во уште еден американски ракетен напад на границата со Ирак, биле убиени две лица.

Раководството во Техеран одговори со сопствени закани. Во случај на американски напади врз иранската инфраструктура, ќе следува масовна одмазда, изјави министерот за надворешни работи Абас Арагчи на платформата Х. Тој посочи дека иранската одбранбена политика е јасна: „Око за око“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски вели дека правилата за боледување не се променети 14 години

Боледување заради одмор, патување или работа на друго место се дел од можните злоупотреби поради кои се отвора дебата за промени во системот. 

Клековски вели дека правилата за боледување не се променети 14 години

Министерот Сашо Клековски вели дека правилата за боледување не се променети 14 години, па Министерството за здравство почнува средби со сите засегнати страни за да се најде модел кој ќе ги заштити правата на пациентите, но истовремено ќе овозможи подобра контрола. На денешната средба биле презентирани искуства од Србија и Словенија. Србија има воведено електронско боледување, со дигитализирани податоци достапни и за пациентите и за работодавачите, додека Словенија вовела правила за движење за време на боледување и можност за контрола преку анонимни електронски пријави. Во случај на утврдени злоупотреби, словенечкиот модел предвидува и враќање на исплатениот надоместок од страна на работодавачот или фондот.Токму дигитализацијата, подобрата размена на податоци и поефикасните контроли се дел од решенијата кои, според Клековски, ќе се разгледуваат и за македонскиот систем.

-Ми беше интересно тоа што Словенците ги увиделе истите работи дека луѓе земале боледување за да работат на друго место, што го докажуваат преку приходи од друга работа Исто така, има случаи кога земаат боледување за да одат на одмор, кога не им го дава работодавачот. Затоа вовеле анонимни пријави, за да можат да се користат и фотографии од Инстаграм, на пример, како доказ дека некој не е болен, а се претставува како таков,- Сашо Клековски – министер за здравство.

Анализите покажуваат и раст на бројот на боледувања. Според податоците од системот „Мој Термин“во 2025 година имало над 300 илјади кратки боледувања, што е за 33% повеќе во однос на периодот по ковид-пандемијата. Иако бројот на корисници на боледување се зголемил само за 6 проценти, просечниот број боледувања по осигуреник пораснал од 1,8 на 2,3, а најчести причини се респираторни инфекции на горните дишни патишта како воспаленија на дигестивниот тракт... Паралелно според Клековски, растат и средствата што се исплаќаат за долгите боледувања. Од Министерството велат дека токму овие податоци се дополнителен сигнал дека системот треба да се преиспита, а работните средби ќе продолжат и во наредниот период.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата подготвува нови мерки доколку цената на нафтата на светските берзи продолжи да расте

Владата внимателно ја следи состојбата по ескалацијата на војната на Блискиот Исток која повторно ја приближи цената на нафтата од типот брент до 100 долари за барел. 

Владата подготвува нови мерки доколку цената на нафтата на светските берзи продолжи да расте

Денеска на светските берзи барел се тргува по цена од 98 долари.

Премиерот Христијан Мицкоски вели кризната состојба е на сила до 20ти октомври, и доколку има потреба ќе интервенираат со нови мерки. Во моментов се анализира дали да се оди со таргетирани или генерални мерки како што беше случај до сега, а не е исклучена ниту можноста доколку цената на нафтата продолжи да расте повторно да има намалување на ДДВто кај горивата.

„Тоа е можеби најмалку посакувана опција, сите денес зборуваат за расходите на буџетот никој не зборува за приходите, намалувањето на ДДВто директно ќе влијае врз приходите но нас ни е важен стандардот на граѓаните..Ние како Влада ќе интервенираме со дополнителни мерки и тие мерки дополнително ги анализираме. Дали тоа ќе бидат таргетирани мерки дали тоа ќе бидат генерални мерки како што беше и претходно но важно е дека имаме основ...“ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Владата во понеделникот ја намали акцизата кај бенизните за 1 и кај дизелот за 2 денари по литар, по што за еден односно два денари помалку, со последната одлука на Регулаторна бенизните поскапеа за 3, а дизелот за 6 денари по литар.

Од опозициската СДСМ и денеска обвинија дека владините мерки наместо да им помогнат на граѓаните – според партијата биле само нов удар врз нивниот џеб.

„Резултатот е јасен: цените растат, платите не можат да го следат растот на трошоците, а семејните буџети секојдневно се празнат.“ – стои во партиското соопштение од СДСМ.

Инаку во меѓувреме, освен кај горивата, се анализираат и цените на храната. Според последните податоци на статистика минатиот месец е забележан пад на инфлацијата.

Во Двата последни извештаи на пазарен, пак, е констатирано дека во одреден период цените на рафтовите растеле побрзо од оние по кои се набавувале поради повисоки бруто профитни маржи..., во одреден период дури и кога набавните цени се намалиле крајните останале исти, но во последниве неколку месеци се стабилизирале.

Посочија од економија, од каде велат дека инспекторите и натаму остануваат на терен, и доколку има основ ќе се интервенира со мерки и во делот на храната.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер