МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка
Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија
1МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка
2Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија
ЖивотНа прозорецот често ви слетуваат птици – Ова воопшто не е случајно, обратете внимание дали е гулаб или врапчеСе верува дека слетувањето птици на прозорецот или балконот носи силна симболика.Ако сте забележале дека на терасата или прозорецот често ви слетуваат птици, според фенг-шуи тоа воопшто не е случајно. Оваа древна кинеска филозофија која се занимава со протокот на енергија во просторот, птиците ги гледа како силни симболи на промена, порака или добри вести. Нивното присуство во близина на вашиот дом ги толкува како знак дека во вашиот живот е покрената позитивна енергија. Во многу култури птиците симболизираат слобода и врска помеѓу природата и човекот. Во фенг-шуи нивната улога е уште поизразена, особено кога ќе слетаат на прозорот или на балконот - места преку кои, како низ влезна врата, влегува и излегува животната енергија. Кога птицата ќе се задржи токму таму, се верува дека таа најавува нови промени, нови прилики и важни пораки кои доаѓаат во вистински момент. Многу доживеале слична сцена во раните утрински часови или предвечерието, додека домот е тивок, врапчето или гулабот мирно слетуваат на оградата од терасата или прозорската штица. Некогаш само набљудува, некогаш пее, но неговото доаѓање остава впечаток. Фенг-шуи ваквите моменти ги поврзува со заштитата на домот и почеток на нова животна фаза, особено ако истата птица често се враќа. Според ова учење, птиците се гласници на добри вести, но само ако просторот е уреден, светол и отворен за нова енергија. Иако постојат и сосема практични причини поради кои птиците одбираат одредени места за одмор, фенг-шуи нагласува дека нивното често доаѓање има подлабоко значење, домот непрекинато комуницира со околината. Значењето дополнително се разликува според видот на птицата. Врапчињата симболизираат радост и семејни вести, гулабите - мир и емотивна стабилност, а ластовиците најавуваат благосостојба и среќа. Затоа, следниот пат, кога птица ќе слета на прозорецот или балконот, застанете за момент, можеби ви пристига добра вест. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалОд зборови на дела: Кина ги „избриша“ Реал Мадрид и Мбапе По лошиот коментар на социјалните мрежи од Килијан Мбапе по церемонијата на доделување на Златната топка неколку кинески компании ги раскинаа своите спонзорски договори со францускиот напаѓач и Реал Мадрид.Кина ги спроведе своите закани во дело. Натпреварите од Ла Лига исчезнаа од програмата на државниот радиодифузер CCTV – потег што директно влијае врз Реал Мадрид и нивната француска ѕвезда, Килијан Мбапе, пренесува „Goal“. Ситуацијата произлегува од коментар на Мбапе во врска со сатиричен интернет-мем поврзан со кинескиот лидер Мао Цетунг. Според шпанскиот медиум „Marca“, ниту еден од натпреварите во Ла Лига, закажани за овој викенд, не е емитуван на каналите на државната телевизија. Сепак, платформата „Migu“ нуди поинаква слика. Како ексклузивен дигитален партнер на Ла Лига во Кина – партнерство што опфаќа период од тековната сезона па сè до 2029/2030 година – „Migu“ го задржа речиси целиот свој викенд-распоред непроменет. Сепак, постои еден значаен исклучок: натпреварот помеѓу Расинг Сантандер и Реал Мадрид не се појави во распоредот за емитување. Понатаму, „Migu“ не прикажува ниту еден натпревар на Реал Мадрид – детаљ потврден и од шпанска новинска агенција – дури ни оние што биле закажани пред почетокот на оваа криза. Корисниците на социјалните мрежи, уште на самиот почеток на кризата, укажаа на тоа дека платформата ги избришала снимките од головите на Мбапе од неодамнешниот „Ел Класико“ натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона. Сè започна кога Мбапе во едно интервју изјави дека еден од најсмешните сатирични интернет-мемиња што ги видел, бил оној на кој неговото лице е вметнато врз слика од „кинески лидер“ – при што не го именуваше експлицитно Мао Це Тунг, иако токму тој беше прикажан на мемето. Овие изјави, дадени во вторникот, предизвикаа брза реакција. Неколку кинески компании ги раскинаа договорите за спонзорство, државната телевизија го прекина емитувањето на натпреварите од „Ла Лига“ и оние на кои настапува францускиот напаѓач, а неговите реклами беа повлечени од програмата. Мбапе упати извинување на француски, кинески и англиски јазик.Тагови: Килијан Мбапе Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотФер-плеј потег на годината: Фудбалер на Борац му го спаси животот на навивач на ЧеликДефанзивецот на Борац, Абел Пасквал, истакна кандидатура за фер-плеј потегот на годината за време на дуелот против Челик во Зеница, во 12-тото коло од Премиер лигата на Босна и Херцеговина.Гостите од Бања Лука ги освоија бодови на „Билино поле“ во Зеница по пресврт (2:4) во фантастичен натпревар, за кој двата тима беа наградени со аплауз. Сепак, најголемиот аплауз на легендарниот стадион „Билино поле“ го доби фудбалерот од Бања Лука, Абел Пасквал, откако ѝ помогна на медицинската екипа што побрзо да стигне до навивачот на „Челик“ на кој му се слошило на трибините. Додека лекарите брзаа да му помогнат на навивачот од Зеница, Шпанецот од редовите на „Борац“ зеде опрема за реанимација од еден од медицинските лица и потрча кон трибината каде што се наоѓаше споменатиот постар господин. Според извештаите на медиумите од Зеница, навивачот на „Челик“ е во добра здравствена состојба по интервенцијата на лекарите. На крајот, „црвено-сините“ освоија три бода на „Билино поле“ и продолжија во трката зад првопласираниот „Зрињски“ од Мостар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалФудбалскиот сојуз на Србија две недли пред изборот без кандидат за наследник на ЏајиќФудбалскиот сојуз на Србија се соочува со неизвесни избори за наследник на Драган Џајиќ. На помалку од две недели до закажаното Собрание, сè уште нема истакнато официјални кандидати за претседателската функција. Рокот за поднесување кандидатури е истечен, иако постои можност сепак да пристигнат пријави испратени по пошта. Како краен рок за завршување на овој процес се наведува понеделник. Најрано во понеделник се очекува мислење од правните експерти на УЕФА во врска со прашањата што влијаат на изборниот процес и на тековното функционирање на Федерацијата. Дополнителен проблем претставува претстојното истекување на мандатот на Собранието. Доколку не се најде соодветно решение, ФСС би можел да остане без ниту еден управувачки орган што поседува важечки мандат. Една од можностите за кои се разговара е воспоставување привремена управа под покровителство на УЕФА. Во такво сценарио, претставници на европската фудбалска организација би го презеле управувањето сè до одржувањето на нови избори – кои би можеле да се случат дури во 2027 година. Сепак, во овој момент сè уште не е донесена таква одлука. Друга можност би била формирање на привремена управа составена од поединци од Србија. За таков чекор би било потребно свикување седница на Собранието, со цел да се донесе потребната одлука. Исто така, се разгледува и опцијата за именување вршител на должноста претседател од редовите на актуелното раководство на ФСС (Фудбалски сојуз на Србија), како начин да се премости периодот до конечниот исход на изборниот процес. Ситуацијата дополнително се усложнува поради обврските што го очекуваат Сојузот следната година, со оглед на тоа што Србија ќе биде домаќин на Европското првенство за играчи до 21 година. Следствено, неизвесноста околу раководството предизвикува загриженост и во однос на континуитетот на подготовките за овој значаен турнир. Конечниот исход останува непознат; сепак, се очекува мислење од правните експерти на УЕФА, кое би требало да ги разјасни достапните опции и понатамошниот тек на изборниот процес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48