На програмата на „Охридско лето" концерт на виончелистот Родин и пијанистката Захариева - Канал 5

На програмата на „Охридско лето" концерт на виончелистот Родин и пијанистката Захариева

Десеттиот ден од фестивалската програма на „Охридско лето" нуди уште едно музичко доживување, со концертот на рускиот виончелист Кирил Родин и бугарската пијанистка Жени Захариева.

На програмата на „Охридско лето" концерт на виончелистот Родин и пијанистката Захариева

Кирил Родин е роден во Москва, учи во музичката школа „Гнесин" по што следат студиите на Московскиот конзерваториум во класата на Наталија Шаховскаја. Во 1984 и 1986 година е добитник на први награди и златни медали на натпреварите на Музичка младина во Белград и на Осмиот меѓународен натпревар „П. И. Чајковски". Неговата кариера како солист ја гради со настапи со врвни светски оркестри и диригенти Гергиев, Федосеев, Дутоа, Горенштајн, Овчиноков и многу други, а настапува во повеќе од 40 земји во светот. Како камерен музичар е член на триото „Брамс" и на ансамблот „Пјацола студио". Неговите бројни снимени материјали вклучуваат дела од Бах, Бетовен, Хајдн, Григ, Паганини како и од руските композитори – Рахмањинов, Аренски, Римски-Корсаков, Шостакович и многу други. Кирил Родин е член на жири-комисии на интернационални натпревари во Русија и ширум светот, а напоредно со солистичката кариера е и професор на конзерваториумот „П. И. Чајковски" и редовен гостин-професор на Конзерваториумот во Пекинг.

Пијанистката Жени Захариева е присутна на светските концертни сцени повеќе од 60 години. Кариерата ја води во бројни концертни сали во Европа, САД, Азија и Африка, а за нејзините уметнички достигнувања и придонес кон културата носител е на голем број исклучителни признанија како „Кристална лира" за врвни уметнички достигнувања, Државната награда на Р. Бугарија доделена за заслуги кон нацијата и државата, наградата „Златен век" за придонес во бугарската музика и култура, највисокиот француски орден доделен за достигнувања во културата и уметноста, како и признанија од Јапонија и други земји. Настапува со голем број светски оркестри и диригенти меѓу кои: оркестрите во Хаг, Амстердам, Лиеж, Москва, Сингапур, Софија и многу други под диригентската палка на Вероника Дударова, Томас Зандерлинг, Инго Мецмахер и бројни други бугарски и странски уметници. Нејзините изведби се снимени на повеќе носачи на звук за компаниите "Carousel" – Лондон, „EMS" – Брисел, „AVM Classics" – Лондон, „Veton" – Ротердам, „Gema" – Берлин, „Heritage Society" – САД и „Балкантон" – Софија.

За концертот со почеток од 21 часот е резервирана сцената во катедралната црква „Света Софија".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврден е идентитетот на жртвите од пожарот во Шпанија; повеќето се странци.

Шпанските власти по обдукциите потврдија дека дванаесет од тринаесетте жртви на смртоносниот шумски пожар што ја зафати Андалузија биле странски државјани.

Потврден е идентитетот на жртвите од пожарот во Шпанија; повеќето се странци.

Пожарот избувна минатиот четврток војугоисточна покраина Алмерија, област популарна кај странските жители по должината на медитеранскиот брег, објави „Еуроњуз“.

Официјалното соопштение укажува дека седум жртви биле од Обединетото Кралство, три од Белгија и по една од Франција и САД. Последната, тринаесетта жртва била шпански државјанин. „Тринаесетте починати вклучуваат осум жени и пет мажи, сите возрасни“, додаде телото одговорно за идентификација.

Во меѓувреме, Интегрираниот центар за податоци (CID) објави дека бројот на случаи на исчезнати лица се зголемил на десет по новиот извештај за две лица. Пожар уништи седум квадратни километри Пожарот, разгорен од силни ветрови, се запалил кога далновод паднал на патот.

Пламените јазици проголтале шуми и вегетација - кои се претвориле во суво гориво поради екстремно високите температури - оставајќи ги живописните рурални населби опустошени. Површина од приближно седум квадратни километри изгоре во пожарот, еден од најсмртоносните во Шпанија во последните години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седница за опозициски прашања во Собранието

Собранието денеска ќе ја одржи 111. седница, на чиј дневен ред се вкупно 22 точки, меѓу кои и Законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во трето читање.

Седница за опозициски прашања во Собранието

На денешната собраниска седница, на дневен ред се и опозициските пратенички прашања.

Пред пратениците се и Законот за изменување на Законот за Царинската тарифа, во трето читање, Предлог на законот за соодветна и правична застапеност во второ читање, Предлог на законот за високото образование, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди, Предлог на законот за обезбедување на квалитет во високото образование и науката, Предлог на законот за научноистражувачката дејност, сите во прво читање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард и Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година, Предлог на закон за изменување на Законот за супервизија на осигурување, и двата по скратена постапка, Предлогот на завршна сметка на Буџетот на Република Македонија за 2025 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СП2026- Полуфинале :Фаворизираната Франција немоќна пред фуриозната Шпанија

Европскиот шампион Шпанија е првиот финалист на 23 фудбалски Мундијал во Северна Америка.

СП2026- Полуфинале :Фаворизираната Франција немоќна пред фуриозната Шпанија

Во премиерното полуфинале во Далас црвената фурија одржа вистински час по супермодерн фудбал и без многу мака ја декласираше фаворизираната Франција со 2-0.

Најдобриот напад на Мундијалот беше неможен пред најдобрата одбрана на првенството, Шпанија останува со само еден примен гол во досегашниот тек од шампионатот.

Франција важеше за фаворит на овој натпревар, како и на многу претходни, сè додека топката не тргна од центарот... Од првата до последната минута, на теренот во Далас постоеше само еден тим, оној на Шпанија.

Головите вредни второ финале за Шпанија во историја ги постигнаа Микел Ојарзабал од пенал во 22-рата минута и Педро Поро во 58- минута.

Црвената фурија со докторска игра по целиот терен го матираше „најдобриот француски тим на сите времиња“.

Шпанија сега на финалето во Њу Џерси на 19 јули ќе го очекува победникот од вечерашната полуфинална пресметка меѓу бранителот на светскиот трон Аргентина и европскиот вицешампион Англија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер