МакедонијаНа приближно два милионa жители во земјата - 66 евидентирани политички партииНа приближно два милионa жители во земјата - 66 евидентирани политички партии, една во процес на регистрација и две потенцијални до локалните избориЛокалните избори се веќе распишани за 19 октомври (2 ноември втор круг), а најголем број од кандидатите се очекува да бидат познати до крајот на месецов. Поголемите политички партии веќе ги објавија имињата на нивните кандидати како за Градот Скопје така и за други градови и општини. Засега останува енигма колку политички партии и групи граѓани (независни) ќе имаат свои кандидати за градоначалници и за советници на осмите по ред локални избори во земјата. Во Единствениот регистар за политички партии кој се води во Основниот граѓански суд Скопје до 7 август годинава беа евидентирани вкупно 66 политички партии, а една е во процес на регистрација. Постапки за регистрација на политички партии можат да се водат во судовите во Тетово, Штип и Битола. Според информациите на МИА во судовите во Тетово и во Штип во моментов нема постапка за регистрација на нови партии. Зелен хуман град и Зелените од Гази Баба, Шанса за Центар и Независните за Карпош, кои имаа свои претставници во советите, овој пат решија да формираат партии откако не беа донесени измени на Изборниот законик во однос на собирањето потписи за независните кандидати односно група избирачи, како што се посочува во законот. Од Независните за Карпош за МИА велат дека и покрај упатството на Државната изборна комисија кое го соопшти претседателот Борис Кондарко, тие ќе ја продолжат постапката за собирање потписи за регистрација на партија во Граѓанскиот суд во Скопје. Ние не знаеме, велат, дали можеби во меѓувреме во Собранието нема да се донесат измени на Изборниот законик или, пак, нешто друго. Партија формираат и Зелен хуман град, кои исто така продолжуваат да собираат потписи пред нотар. ДИК во саботата на седница го усвои Роковникот за изборни дејствија за локалните избори и усвои заклучок со којшто вон сила се става Упатството на ДИК од 2024 за регулирање на постапката за собирање потписи и начинот на определување на нотарите согласно Изборниот законик. Како што рече претседателот на ДИК, Кондарко, тоа упатство за регулирање на постапката за собирање потписи се става вон сила поради одлуката на Уставниот суд со која се укинати членови 61 и 62 од Изборниот законик каде што е предвиден број/процент на потписи за предлагање листи на група избирачи. - Во сила е член 60 кој го регулира правото на учество на избори, согласно законот и Уставот секој има и активно и пасивно избирачко право да избира и да биде избран. ДИК нема право да ускратува никому и не ускратува законско право за учество на избори. Овде не се работи за одлука на ДИК туку за примена на законот. Така што, сите – политички партии, коалиции, група избирачи согласно член 60 имаат право на учество на изборите, рече Кондарко. Уставниот суд ги укина членовите 17 и 18 од измените во Изборниот законик донесени на 7 март 2024, со кои партиите од власта и опозицијата здружено го зголемија прагот за потребни потписи на 1 отсто од гласачкото тело во изборна единица за учество на независните листи на изборите. Бидејќи Собранието не донесе измени на Изборниот законик во однос на бројката на потребни потписи се создаде правна празнина, и од тие причини дел од оние кои на минатите избори влегоа во советите на неколку скопски општини решија да формираат политички партии. Според претседателот на Владата Христијан Мицкоски ставањето вон сила на Упатството на ДИК од 2024 за регулирање на постапката за собирање потписи и начинот на определување на нотарите согласно Изборниот законик не го нарушува изборниот процес за локалните избори, а ДИК има законска обврска да донесе ново. Какво ќе биде тоа, изјави вчера Мицкоски, зависи од самата Комисија. - Сега во овој случај одлуката е кај ДИК. Таа има механизам и членовите може да го донесат во својот правилник. Ќе си донесат нов правилник, рече Мицкоски. Прашан дали тоа би значело оти независните кандидати повторно ќе треба да собираат потписи за учество на изборите, премиерот истакна дека тоа прашање како би изгледал новиот правилник треба да се постави на ДИК. Тие, бидејќи го ставија стариот вон сила, согласно законските надлежности носат нов, така што ништо не е доведено под знак прашање, истакна премиерот Мицкоски. Шеесет и шест политички партии (до 7 август) евидентирани во Единствениот регистар за политички партии Дали и како навистина во Македонија функционираат 66 политички партии (со интенција да станат 69 до изборите)? Од судот ја добивме следната листа со евидентирани политички партии: Нова Алтернатива НА, Социјалдемократски сојуз на Македонија, Демократска партија на Турците на Македонија, ВМРО - ДПМНЕ (ВМРО - Демократска партија за македонско национално единство, Социјалистичка партија на Македонија, Странка на демократска акција на Македонија, Македонска алијанса, Либерално-Демократска партија - ЛДП, Сојуз на Ромите од Македонија, Работничко земјоделска партија на Република Македонија - РЗП, Демократски сојуз ДС, Партија за движење на Турците во Македонија ПДТ, Демократска партија на Србите во Македонија ДПСМ, Партија на Власите од Македонија, Српска напредна странка во Македонија CHCM, Единствена Македонија EM, Демократски сојуз на Власите од Македонија - ДСВМ, Демократска унија за интеграција - ДУИ, Трајно Македонско Радикално Обединување - ТМРО, Демократски Сили на Ромите - ДСР, ВМРО-Народна партија ВМРО-НП, Нова социјалдемократска партија -НСДП, Демократска обнова на Македонија - ДОМ, Демократска партија на Албанците - ДПА, Социјалдемократска Унија-СДУ, Партија на обединети Демократи на Македонија- ПОДЕМ, Обединети за Македонија -ОМ, Нова либерална партија - НЛП, Движење за национално единство на Турците - ДНЕТ, Достоинство, Демократска партија на Ромите ДПР, ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ - ПП, Десница, Работничка Партија РП, Граѓанска опција за Македонија -ГРОМ, Обединета Партија за еднаквост на Ромите -ОПЕР, Српска Странка во Македонија ССМ, Партија за општествен и економски напредок -ПОЕН, РОМИ ОБЕДИНЕТИ ОД МАКЕДОНИЈА РОМ, Движење БЕСА „БЕСА", Алианса на Албанците „A/A", Левица, Македонска Акција МААК, ГЛАС за Македонија ГЛАС, Бошњачки Демократски Сојуз - БДС, ДЕМОКРАТИ - ДЕМ, ИНТЕГРА-МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА- ИНТЕГРА, Партија за демократски просперитет на Ромите ПДПР, АЛТЕРНАТИВА, ПАРТИЈА ЗА ЦЕЛОСНА ЕМАНЦИПАЦИЈА НА РОМИТЕ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПЦЕР од ЕСМ, ЦЕНТРАЛНА ДЕМОКРАТСКА УНИЈА ЦДУ, Твоја партија - Твоја, Родина Македонија РОДИНА, МАКЕДОНСКА ЕРА ТРЕТА/МАКЕДОНСКИ НЕЗАВИСНИ ЛИСТИ-СУВЕРЕНИСТИ ЕΡΑ ΤΡΕΤΑ, ДВИЖЕЊЕ ЗА ДЕМОКРАТИЈА, ПРАВА, СЛОБОДА - ДПС, ОПРЕ РΟΜΑ, Политичка партија Македонски Концепт-М Концепт, ЕВРОПСКО ГРАЃАНСКО ДВИЖЕЊЕ ЕГД, Политичка партија ДЕСНА ДЕСНА, Европска Демократска Партија - Partia Demokratike Evropiane- ЕДП - PDE, ДЕМОКРАТСКО ДВИЖЕЊЕ ДД, Движење ПОПУЛИ ДП, Унија на Ромите УР, Движење ЗНАМ ЗА НАША МАКЕДОНИЈА- Движење ЗНАМ, БОШЊАЧКА НАРОДНА ПАРТИЈА - БНП и ABAJA ABAJA. Со постоечкиот Закон се предвидува политичка партија да можат да основаат најмалку 1.000 граѓани на земјава, кои имаат избирачко право и кои го дале својот потпис за основање само една политичка партија. [Активна блокада во Собранието од дел од пратениците од опозицијата ја одбележа изминатата 2022 година година. ВМРО-ДПМНЕ почна со блокадата во мај, која, како што тогаш најавија од партијата,] Член на политичка партија може да биде секој полнолетен и деловно способен граѓанин, кој ќе даде потпис за доброволно членство во политичката партија. Политичката партија е должна пред истекот на секои четири години од денот на регистрацијата да достави до основниот суд поединечно дадени потписи заверени пред нотар со број на потписи потребни за основање на политичката партија. Доколку не се случи тоа, Судот ја известува партијата и доколку во законски утврден рок не се пререгистрира, Основниот суд по службена должност ќе донесе решение за бришење на политичката партија од судскиот регистар и по правосилноста на решението за тоа ќе го извести Основниот суд Скопје II - Скопје заради бришење на политичката партија и од Единствениот судски регистар на политички партии. Политичката партија престанува да постои со бришење од Судскиот регистар кога политичката партија ќе поднесе барање за тоа, врз основа на правосилно решение за бришење на политичката партија од Судскиот регистар, донесено од страна на Судот, кога на политичката партија и е забрането дејствување со правосилно решение, кога органот утврден со статутот на политичката партија ќе донесе одлука за спојување со друга политичка партија, кога е намален бројот на членовите на политичката партија односно кога ќе има помалку од илјада членови, како и кога Уставниот суд ќе утврди дека програмата или статутот на политичката партија не се во согласност со Уставот. На парламентарните избори минатата година беа поднесени 17 кандидатски листи, од кои 16 на политички партии и коалиции и една од група избирачи. Севкупно, на изборите учествувала 61 партија. Од нив, 11 настапиле самостојно, а 50 во пет коалиции. На локалните избори, пак, во октомври 2021 година за 80 општини и Градот Скопје беа потврдени 303 листи за градоначалници и 567 за советници, од кои голем дел биле листи поднесени од група граѓани. Локалните избори 2021 година беа карактеристични по фактот дека за првпат во земјава се применија терминали за читање отпечатоци од прсти на гласачите за да се утврди нивниот идентитет и за да се избегнат евентуални неправилности при гласањето, а гласањето се спроведуваше со мерки за заштита од Ковид 19. Тагови: избори Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Шоу бизНовата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираатСнимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели. На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил. За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“. Фановите се прашуваат дали сè е во ред „Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“. Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици. „Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.Тагови: Мараја Кери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Технологија„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет. Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“. Што го предизвика тоа? „Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување. Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура. Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки. „Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот. Кој беше засегнат? Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот. Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта. Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции. Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот. Извор: Б92Тагови: Microsoft Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФранција на нозе: 200.000 луѓе на улицитеФранцуската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците. 22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“. Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти. Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот. Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите. Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата. Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти. The Protests in France are Massive https://t.co/CefTcDvpqL — Ryan Rozbiani (@RyanRozbiani) November 14, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00