На претседателските избори во Црна Гора до 13 часот гласале 35,8 отсто од гласачите

На претседателските избори во Црна Гора до 13 часот гласале 35,8 отсто од граѓаните, што е за неколку проценти повеќе од претходните претседателски избори во 2018 година.

На претседателските избори во Црна Гора до 13 часот гласале 35,8 отсто од граѓаните, што е за неколку проценти повеќе од претходните претседателски избори во 2018 година, покажуваат податоците на Мониторинг центарот (ЦЕМИ), невладина организација која ги надгледува изборите.

Според податоците на таа организација, на претходните претседателски избори правото на глас до 13 часот го искористиле 32,8 отсто од избирачите.

ЦЕМИ соопшти дека најголем одѕив има во централниот регион, 38 отсто, на северот бил околу 37 отсто, додека 30,7 отсто од граѓаните со право на глас гласале во јужниот регион.

Црна Гора денеска го избира својот претседател меѓу седуммина кандидати, а правото на глас граѓаните може да го остварат до 20 часот.

Набљудувачите констатирале помали неправилности при гласањето и пријавиле употреба на мобилни телефони на избирачките места, фотографии од гласачки ливчиња, кои гласачите ги објавуваат на социјалните мрежи, што е нарушување на тајноста на гласањето.

Граѓаните им пријавуваат на набљудувачите на Центарот за демократска транзиција (ЦДТ) „дека и денеска добиваат несакани телефонски повици од штабовите на кандидатите, од каде со денови упорно ги повикуваат да гласаат“.

„Апелираме до кандидатите барем денеска да дозволат граѓаните да гласаат без вознемирување, кампањата е завршена и тоа може да се окарактеризира само како непотребен притисок врз гласачите“, се наведува во соопштението на невладината организација која ги надгледува изборите.

Избирачките места беа отворени во 7 часот, а право на глас имаат 542.154 граѓани.

На изборите учествуваат кандидатите на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ, Демократскиот фронт (ДФ) Андрија Мандиќ, демократот Алекса Бечиќ, од Движењето Европа сега (ПЕС) Јаков Милатовиќ, лидерот на Обединета Црна Гора (УЦГ) Горан Даниловиќ, пратеничката на Социјалдемократската партија (СДП) Драгиња Вуксановиќ Станковиќ и инфлуенсерот Јован Радуловиќ.

Ова се четврти претседателски избори од обновувањето на независноста на Црна Гора и осми од воведувањето на повеќепартискиот систем.

За претседател на Црна Гора ќе биде избран кандидатот кој ќе добие повеќе од половина од важечките гласови на избирачите кои гласале.

Доколку ниту еден кандидат не го добие потребниот број гласови, вториот круг од изборите ќе се одржи за 14 дена, односно на 2 април.

Во вториот круг учествуваат двајцата кандидати кои освоиле најголем број гласови.

Претседателот на државата ќе се избира со мандат од пет години.

Првите прелиминарни резултати се најавени за 21 часот.

Според анкетите на јавното мислење, извесен е вториот круг од изборите, во кој се очекува да влезе Мило Ѓукановиќ, а за противкандидат се борат Мандиќ, Бечиќ и Милатовиќ.

Покрај набљудувачи од локалните невладини организации, изборите денеска ги следат и набљудувачи од мисијата на ОБСЕ, Советот на Европа и набљудувачката мисија на Европскиот парламент, која ја предводи известувачот за Црна Гора Тонино Пицула.

Шекил ги загрижи фановите, објави фотографија од болнички кревет

Еден од најдобрите центри во историјата на кошарката, легендарниот Шекил О'Нил ја загрижи јавноста со последната фотографија од болница која ја објави на Твитер.

Шек објави фотографија на која лежи на болнички кревет со порака дека слуша подкаст што го водат Ерни Џонсон и Кендис Паркер.

Американските медиуми не знаат што се случило со познатиот кошаркар и засега само шпекулираат. О'Нил на Твитер објави дека треба да внимавате на пилешко на скара, па некои медиуми пишуваат дека бил отруен, а други тврдат дека го оперирал колкот. Засега сето тоа е непотврдено.

Тејлор Свифт со еден потег на сцената ги шокира фановите: Дали ѝ е добро? (ВИДЕО)

Тејлор Свифт ги воодушеви обожавателите на нејзините први два настапи на нејзината многу очекувана турнеја The Eras, но ги изненади фановите со еден потег.

Пејачката за време на настапот скокна од сцената и „нурна“ под неа, а снимката од тој момент стана вирален хит.

„Ова е најлудото нешто што сум го видел“, „Зошто пливаше, дали е добро?“, „Дефинитивно најдобриот момент на концертот“, „Сè уште не ми се верува дека Тејлор го направи тоа“, се само некои од реакциите на Твитер.

Малку подолго видео беше објавено и на TikTok и за кратко време собра повеќе од 15,6 милиони прегледи. „Таа навистина реши да ја надомести целата таа драма со билетите“, „Не ми се верува дека можеше да го задржи здивот толку долго“, „Во што скокна?“ се само дел од коментарите на корисниците.

@awkwatree The most impressive moment from @taylorswift ‘s #theerastour ♬ original sound - Awkwatree

Инаку, Тејлор на концертот во петокот изведе 44 песни, нови и стари, а на стадионот State Farm во Аризона се собраа околу 80.000 фанови. Американскиот град беше преименуван поради овој концерт. Турнејата на Тејлор Свифт го собори рекордот по бројот на продадени билети за концерт од уметник за еден ден. Продадени се дури 2,4 милиони.

Пејачката последен пат беше на турнеја пред пет години и за тоа време објави четири албуми, меѓу кои и „ Folklore“ ,добитник на Греми. Покрај тоа, само еден ден пред почетокот на турнејата, Свифт објави четири нови песни.

И покрај големиот интерес и пофалби од фановите, турнејата на Тејлор Свифт не помина без скандали. На почетокот на декември минатата година, обожавателите на пејачката поднесоа тужба против Тикетмастер, американска компанија за продажба и дистрибуција на билети.

Тие го обвинија Ticketmaster за „измама, местење цени и кршење на антимонополските права“. Тужбата, исто така, го обвини Ticketmaster за „намерна измама“ што им овозможи на препродавачите и ботовите да земат поголем дел од билетите за турнејата The Erasе.

Тејлор Свифт претходно им се извини на обожавателите, велејќи дека е болно да се гледаат фановите како се мачат да обезбедат билети за нејзината турнеја во САД преку платформата Ticketmaster, на која билетите се продаваат за дури 33.000 евра.

Амазон објави планови за укинување на 9.000 работни места

Според извршниот директор на Амазон Енди Џеси., компанијата планира да отпушти дел од вработените во наредните недели. 

Според Блумберг, кратењата пред сè ќе се одразат на центарот за обработка на податоци на Amazon Web Services, кој обезбедува услуги од областа на компјутерски облаци, човечки ресурси, рекламирање и групи од сервисот за пренос во живо Twitch.

Амазон претходно планираше да укине повеќе од 18.000 работни места. Компанијата речиси двојно го зголеми бројот на вработени во изминатите две години, бидејќи побарувачката за онлајн услуги се зголеми поради пандемијата на коронавирус. Сепак, растот на приходите на компанијата забави со укинувањето на рестрикциите.

притисни ентер