На повидок решение за полагање на државната матура

На повидок конечно решение за концептот и полагањето на државната матура по денешната дебата во Собранието.  

Од клубот на младински политики се предложени две опции. Матурантите да полагаат два екстерни испити, а за интерните да се изведе средна оценка од четирите години или пак да се полагаат предметите по скратена постапка.

Бленди Ходаи, претседателот на Сојузот на средношколци вели дека за нив прифатлива е првата опција, но сепак конечна одлука ќе донесат по состанокот со останатите членови на Сојузот.

За овие решенија не се потребни законски измени, иако претходно пратениците на ВМРО-ДПМНЕ доставија Предлог-измени на Законот за средно образование. Пратеничката од владеачкото мнозинство Моника Зајкова се надева дека предложените опции ќе бидат прифатиливи за сите засегнати страни.

-Низ дебатата се отворија оптимални предлог решенија кои се надевам ќе бидат прифатливи и за учениците но и за МОН и владата.Скратувањето на програмите произлегува од наставата од ковид кризата.Не можност да се следат предавањата и оскудните технички проблеми,вели Моника Зајкова- пратеник.

Матурантите во понеделникот го прекинаа бојкотот на онлајн наставата тврдејќи дека имаат поддршка од над 70 пратеници , ден потоа остварија средба со премиерот Зоран Заев од кого добија ветување дека Владата ќе работи на изнаоѓање на заедничко компромисно решение кое ќе биде во полза на матурантите.

Пролетна модна ревија на домашни миленици

На 15 јуни во „Јавна соба“ ќе се одржи првата модна ревија на домашни миленици во организација на Асоцијацијата на стилисти за домашни миленици на Македонија.

Организаторите најавуваат околу 15-тина сопственици на салони за домашни миленици кои ќе се претстават со својот миленик - модел и ќе објаснат на кој начин го третирале крзното кај миленикот, а пред да почне дефилето, ќе се разговара и за стандардот на занимањето - стилист за домашни миленици, кој е обврзувачки за сите грумери.

Настанот ќе биде збогатен и со штандови на кои ќе може да се претстават пет шопови, увозници на козметика за миленици, одгледувачници.... Поканети се да учествуваат и креатори на накит и облека за миленици.

Настанот нема натпреварувачки карактер. Целта е да се промовира грумингот во земјава и да се подигне свеста за правилното третирање на крзното на домашните миленици.

Украина соопшти дека во изминатата ноќ соборила 23 дронови лансирани од Русија

Украинската противвоздушна одбрана соопшти дека синоќа соборила 23 од вкупно 24 дронови камикази лансирани од Русија на територијата на Украина.

Соопштението било објавено на социјалната мрежа Телеграм од украинските воздухопловни сили.

Оттаму посочија дека беспилотните летала биле лансирани од територијата на Курската област во Русија и Крим. Се додава дека воздушниот напад бил одбиен, а беспилотните летала биле соборени над регионите Харков, Херсон и Дњепропетровск, забележува Укринформ.

Јокиќ: Минесота е одличен и талентиран тим, ќе се бориме до крај

Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ изјави дека Минесота е голем и талентиран тим, но истакна дека Нагетс ќе се борат за пласман во следната фаза од плејофот во НБА лигата, пренесуваат американските медиуми.

Минесота вечерва го победи Денвер со 106:99 и поведе со 1:0 во полуфиналето од плејофот на Западната конференција на НБА.

-Тие се одличен тим, талентирани. Покажаа зошто беа први на табелата во поголемиот дел од оваа сезона, изјави Јокиќ на прес-конференцијата по натпреварот.

Српскиот ас на прес-конференцијата се пошегува кога го прашаa што треба да се поправи и што да прави бидејќи играчите на Минесота постојано му се менувале во одбрана.

-Би сакал да имам клон, знаеш, да излезам да одморам и тој да игра. Потоа се враќам свеж. Ми ставија високи играчи, добри скокачи, дефанзивци... Беа агресивни. Јас сум среќен со ударите што ги упатив, некои не, но тоа е кошарката, ќе се обидеме да ги победиме во следниот натпревар, додаде Србинот.

притисни ентер