3Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи
БалканНа повеќе од 200 плажи во Грција од оваа година е забрането поставување лежалки, а за прекршување следуваат огромни казни!Оваа година, 251 грчка плажа е прогласена за зона забранета за градба, вклучувајќи сè — од изнајмување лежалки до привремени дрвени конструкции.Грчкото Министерство за заштита на животната средина наведува дека оваа одлука е донесена со цел зајакнување на заштитата на плажите со посебно естетско, геоморфолошко и еколошко значење, како и зачувување на вредните живеалишта и растителни и животински видови што зависат од нив. Забраната значи дека на 251 плажа нема да може да се изнајмуваат чадори и лежалки, од кои многу се дел од морските подрачја на NATURA 2000. Истовремено, проширена е листата на плажи вклучени во програмата NATURA 2000, кои сега се подложни на построг режим на заштита. Во овие подрачја не е дозволено давање право на користење на крајбрежјето и плажите, а забранети се и интервенции или активности што би можеле да го изменат нивниот природен облик или негативно да влијаат на нивните еколошки функции. Оваа мерка е дел од поширока стратегија за ограничување на неконтролираниот развој на туризмот и промовирање на поодржливо управување со грчкото крајбрежје, во време кога притисокот врз крајбрежните екосистеми се зголемува поради развојот на туризмот и влијанието на климатските промени. Фото: Dimitris Vetsikas/PixabayТагови: лежалките во Грција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран ги нападна Бахреин и Кувајт Бахреин и Кувајт утринава соопштија дека биле цел на ирански напади со ракети и беспилотни летала.Сирените за воздушна опасност беа активирани во Бахреин само неколку часа откако американската војска соопшти дека ја завршила тринаесеттата ноќ на напади врз Иран, објави Ал Џезира. Кувајтската војска соопшти дека во текот на ноќта ја активирала противвоздушната одбрана за да се спротивстави на иранските напади со ракети и беспилотни летала. Кувајт е една од неколкуте земји од Заливот кои се цел на ирански напади откако пред две недели повторно избија судири меѓу САД и Иран.Тагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВодата за пиење во Крушево бактериолошки неисправнаЦентарот за јавно здравје Прилеп ги информираше граѓаните на Крушево дека водата од градскиот водовод е бактериолошки неисправна и не се препорачува за пиење.До надминување на состојбата, жителите треба да користат пакувана вода за пиење. Водата од градскиот водовод може да се употребува за лична хигиена, подготовка на храна, перење и миење садови само доколку претходно се преврива најмалку 10 минути. Од ЈП „Комуна“ Крушево информираат дека се врши редовно хлорирање на водата, како и секојдневна контрола на нивото на хлор во водоводниот систем.... Од таму велат дека препораките ќе останат во сила сè додека не се добијат три последователни исправни примероци од водата.Тагови: вода Крушево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализиГостиварци би можеле да добијат вода за техничка употреба до крајот на неделава.Кризниот штаб информираше дека во првата фаза нема да смее да се конзумира водата, а по прочистување на системот и потврда од лабораториските испитувања што се очекува да биде завршено идната недела, водата од чешмите во гостивар би можела да биде добра и за пиење... Од Гостивар, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави и дека секој кој се огрешил пред законот во случајот со водата во Гостивар, ќе одговара.Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter