Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
2Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
МакедонијаНа Попова Шапка утрово најстудено, температурата денеска од 6 до 12 степени Најстудено утрово е на Попова Шапка, -2 степена, а минусни темпратури има во Битола и Берово -1 степен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.Нула степени се измерени во Крива Паланка, Тетово, Крушево, Лазарополе и Маврови Анови, 1 степен во Демир Капија и Виница, 2 во Скопје - Зајчев Рид, Прилеп, Велес, Штип, Кавадарци и Струмица, 3 степени во Скопје Петровец, Претор и Гевгелија и 4 степени во Охрид. УХМР известува дека во Струмица до 7 часот утрово се измерени 2 литра воден талог на квадратен метар во изминатите 24 часа. На Попова Шапка се измерени 30 сантиметри снежна покривка, 3 см во Маврови Анови и 2 см во Берово. По одделни котлини претпладне ќе има појава на магла. Преку денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во планинските региони со услови за појава на слаб краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени. -Во Скопје претпладне во делови од котлината со појава на магла, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 12 степени, соопшти УХМР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Карпош: Нови клупи и корпи за отпадоци на кејот на ВардарНа барање на Општина Карпош, Град Скопје деновиве постави клупи и корпи за отпадоци долж пешачката патека на кејот на реката Вардар, во делот на локалната самоуправа, на потегот од хотелот „Александар Палас“ до „Железниот мост“, во населбата Влае.Со оваа акција, се подигнува степенот на квалитетот и квантитетот на урбаната опрема и урбаната инфраструктура на територијата на локалната самоуправа, во една од најзначајните и најфрекфентните рекреативни зони во градот. Оваа иницијатива претставува пример за одличната меѓуинституционална соработка помеѓу Општина Карпош и Град Скопје, кои до сега соработувале во повеќе ситуации. Во оваа пригода апелираме до сите граѓани, на совесно и одговорно однесување и чување на урбаната опрема и урбаните реквизити, како наше заедничко урбано и јавно добро. Општина КарпошТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Македонија губи првачиња – младите се иселуваат а Владата увезува „економски работници“Оваа 2026 година е најлошата година за македонското образование од независноста до денеска. Поразителни се бројките: 3.000 помалку првачиња, 148 празни училишта, 433 паралелки помалку, се затвораат 26 подрачни училишта. Никогаш сликата на почетокот на учебната година не била потажна. Дебалк на криминалните политики на Мицкоски. Македонија губи првачиња, училиштата се празнат, паралелките исчезнуваат, ја губиме иднината. Поради лошата економска состојба, иселувањето, блолкирањето на европскиот пат, Македонија губи млади, губи работна сила. Изолацијата којашто Владата на Мицкоски ја спроведува ги брка младите. А што прваат Мицкоски и Јаневска? Им зборуваат за спалните соби, ги обвинуваат граѓаните и увезуваат „економски работници“. Или како што вели Мицкоски во едно негово интервју, „Празниот простор дома ќе мора да се пополнува со работници од трети земји“ Значи тоа е политиката на Мицкоски, македонските работници да ги заменат економски работници од трети земји. Тоа денеска на сите им е јасно. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛажно видео се шири на социјалните мрежи: Се злоупотребува ликот на спикерот на Канал 5На социјалните мрежи се појави манипулирано видео генерирано со вештачка интелигенција во кое се злоупотребува ликот и гласот на познатиот спикер на Канал 5 Телевизија, Борислав Тноковски.Во лажното видео, дигитално изменетата верзија на новинарот наведува дека претставува „револуционерен производ“ и методологија за брзо и лесно слабеење. Во видеото е злоупотребен и идентитет на малолетно девојче. Станува збор за класична интернет-измама чија цел е да ги доведе граѓаните во заблуда, искористувајќи го медиумскиот авторитет и препознатливоста на познатото ТВ-лице за финансиска корист и продажба на непроверени производи. Апелираме до граѓаните да бидат исклучително внимателни и да не наседнуваат на вакви дезинформации.Тагови: измама Канал 5 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook