На почетокот на годинава за 20 отсто намалени мигрантските бранови во Грција - Канал 5

На почетокот на годинава за 20 отсто намалени мигрантските бранови во Грција

Според министерот за миграција и азил на Грција во моментов во земјата се згрижени 26.000 бегалци и мигратни, бројка што пред два месеци била 28.000, а во минатото достигнала и 30.000.

На почетокот на годинава за 20 отсто намалени мигрантските бранови во Грција

На почетокот на годинава, мигрантските бранови во Грција биле намалени споредбено со лани, според министерот за миграција и азил на Грција Никос Панајотопулос, кој во интервјуто за грчката телевизија „Action 24“ истакна дека целта за 2025 година е да се зголемат враќањата на одбиените баратели на азил, јави дописничката на МИА од Атина.

Панајотопулос објасни дека во јануари за 20 отсто се намалил бројот на пристигнувања во земјата, што според него е охрабрувачко, меѓутоа посочи дека во последните денови е забележан зголемен притисок во северниот дел на Егејско Море, што, како што истакна, „докажува дека нелегалните мрежи на криумчарите сè уште функционираат“.

За враќањата во земјата на потекло на лицата, чии барања за азил биле одбиени, нагласи дека се или доброволни или принудни враќања, односно административна депортација што е под надзор на грчката полиција и Фронтекс и целта за 2025 година е да се зголеми и бројот и темпото.

- Постојат две категории: оние кои имаат право на азил, како што е еден бегалец од воена зона, кој дури и нелегално да влезе во Грција, поднесува барање за азил и му се одобрува и оние чие барање е одбиено, бидејќи немаат право на азил. Вторите мора да се вратат во своите земји и овие враќања се одвиваат со интензивно темпо. Минатата година беа регистрирани околу 7.000 враќања, а од почетокот на годинава веќе се извршени околу 500, при што процесот продолжува со несмалено темпо, објасни Панајотопулос.

Според министерот за миграција и азил на Грција во моментов во земјата се згрижени 26.000 бегалци и мигратни, бројка што пред два месеци била 28.000, а во минатото достигнала и 30.000.

- Грција се соочува и отсекогаш се соочувала со притисок, но тој е издржлив бидејќи изградивме систем што може да го издржи, истакна Панајотопулос. /MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион се урна на Бахамите: Нема преживеани (ВИДЕО)

Мал авион се урна на Бахамите, западно од главниот град Насау, при што загинаа сите 10 лица во авионот, соопштија денес локалните власти.

Авион се урна на Бахамите: Нема преживеани (ВИДЕО)

Цесна 402, управувана од локалната авиокомпанија Фламинго Ер, полета од меѓународниот аеродром Линден Пиндлинг во главниот град Насау во петокот кон аеродромот Сан Андрос.

Авионот наишол на тешкотии за време на летот и се урнал во грмушки кратко пред слетувањето, објави Би-Би-Си.

Премиерот на Бахамите, Филип Дејвис, првично изјави дека едно лице преживеало, но подоцна беше потврдено дека починало од повредите.

Идентитетите на жртвите, нивните имиња и возрасти, сè уште не се официјално објавени, објави Би-Би-Си.

Одделот за истрага на воздушни несреќи на Бахамите ја истражува точната причина за трагичната несреќа.

Бахамите, кои се наоѓаат во западниот Атлантски Океан северно од Карипското Море, вклучуваат повеќе од 700 острови и над 2.400 острови, а малите авиони се главно средство за транспорт меѓу островите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч каде ограничена брзина е 120км/ч

На 10.07.2026 во 15:00 часот на автопатот „Пријателство“ кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода турскиот државјанин Ј.Ц.(46). 

Лишен од слобода турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч каде ограничена брзина е 120км/ч

При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ј.Ц. управувал патничко возило „мерцедес“ со германски регистарски ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час. Тој бил исклучен од сообраќај и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. Против него е поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драматично предупредување до Техеран: „Ќе бидете целосно десеткувани и уништени“

Американскиот претседател Доналд Трамп денес му се закани на Иран со масовен воен одговор доколку, како што изјави, иранските власти се обидат да му извршат атентат.

Драматично предупредување до Техеран: „Ќе бидете целосно десеткувани и уништени“

„Илјада ракети се натоварени и се насочени кон Исламската Република Иран, а уште илјадници ќе следат веднаш доколку иранската влада ја исполни својата закана да го убие или да се обиде да го убие сегашниот претседател на Соединетите Американски Држави, во овој случај, мене“, наведе Трамп во објава на мрежата „Truth Social“.

Тој додаде дека веќе се издадени наредби и дека американската војска е подготвена „тотално да ги десеткува и уништи сите области на Иран“.

Трамп вчера изјави дека оставил упатства за одговорот на Вашингтон доколку Иран успее во она што го нарече планови за негово елиминирање и рече дека во тој случај, Техеран ќе биде пречекан со одговор „каков што никогаш порано не видел“.

Во интервју за Њујорк пост, Трамп рече дека наводно е цел на Иран долго време.

Трамп вчера, исто така, изјави дека оставил инструкции за одговорот на Вашингтон доколку Иран успее во она што тој го нарече планови за негово елиминирање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер