БалканНа планините во Србија снег до 30 сантиметриНа планините во Србија има зголемување на снежната покривка, а на Гоч каде има и до 30 сантиметри снег нема струја поради дефекти на далноводите од страната на Врњачка Бања и Краљево, јави дописникот на МИА од Белград.Електрична енергија нема ниту во Студеница каде висината на снежната покривка е околу 10 сантиметри, а на падините на Голија наврнаа и до 20 сантиметри снег. Снегот е влажен и ги кине електричните кабли. Снегот на Копаоник почна да паѓа синоќа од 23 часот и достигна висина од 16 сантиметри. Поради обилниот снег што падна во текот на ноќта на подрачјето на областа Златибор, воведена е забрана за движење на товарниот сообраќај од Ужице до Нова Варош. Во останатите краеви, коловозите се влажни, на места има влажен снег до пет сантиметри на територијата на Ивањица, Крушевац, Нови Пазар, Ужице, Пожега, Ваљево, Зајечар, Крагуевац и Мачва, па се препорачува внимателно возење, соопштија од ЈП Патишта на Србија. Како што е најавено, во Србија врнежите од дожд во пониските предели ќе преминат во снег од средината на денот и попладне. Повеќе врнежи ќе има на југозапад, југ, југоисток и исток од Србија. /MИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФормулаФормула 1 со досега невиден резултат- четири возачи во 0,0099 секундиВозачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата за спринт трката за Големата награда на Холандија во шампионатот на Формула 1. Расел стигна до пол-позицијата на патеката Зандворт со време од 1:11,567 минути. Она што ја направи квалификациската сесија особено интересна беше фактот дека четворица возачи беа „оддалечени“ за помалку од стотинка од секундата. Возачот на Мекларен, Ландо Норис, беше втор, 0,041 секунди зад Расел. Возачот на Ферари, Чарлс Леклер, го освои третото место, 0,055 секунди зад победникот во квалификациите. Оскар Пјастре од Мекларен беше четврти во квалификациите, 0,0099 секунди зад Расел. Кими Антонели (Мерцедес), Макс Верстапен (Ред Бул), Луис Хамилтон (Ферари), Пјер Гасли (Алипина), Габриел Бортолето (Ауди) и Арвид Линдблад (Рејсинг Булс) исто така завршија меѓу првите 10. The starting grid for #F1Sprint 👇#F1 #DutchGP pic.twitter.com/LXkefc75gv — Formula 1 (@F1) August 21, 2026 Спринт трката за Големата награда на Холандија ќе се одржи во сабота во 12:00 часот, додека главната трка е во недела во 15:00 часот. Антонели е водечки во генералниот пласман со 219 бода, Хамилтон е втор со 169, а Расел е трет со 160 бода. Мерцедес е прв во конкуренцијата на тимови со 379 бода, Ферари е втор со 307, а Мекларен е трет со 220.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНајмалку шест цивили загинаа во руски напад со дронови врз трговски центар во Украина (ВИДЕО)Најмалку шест лица загинаа, а околу 90 се повредени во напад со руски дрон врз трговски центар во централниот украински град Кривји Рог.Локалните власти потврдија дека меѓу ранетите во нападот врз родниот град на претседателот Володимир Зеленски има шест деца, објави Ројтерс. Регионалниот гувернер Олександр Ханжа објави на апликацијата Телеграм дека 21 лице е во сериозна состојба, вклучувајќи и едно дете. Тој објави фотографија од густ црн чад што се издига од погодената зграда. ChatGPT to start showing ads across Europe next week https://t.co/igTZHJrxOc — The Right News, Right Now. (@BradPorcellato) August 21, 2026 Целен напад врз спасувачките екипи Претседателот Зеленски го опиша нападот како „целосно циничен и мизерен“. Тој рече дека втор руски дрон ја погодил истата локација половина час по првиот напад, со намера да ги таргетира службите за итни случаи што пристигнале на местото на настанот. „Ваквите напади не се ништо повеќе од терористички акти“, рече Зеленски на Телеграм, повикувајќи ја меѓународната заедница да ја смета Русија за одговорна. Засилени воздушни напади Нападот доаѓа во време кога Русија ги засилува воздушните напади врз Украина, а војната се приближува кон својата петта година. Во четврток, 17 лица беа убиени во руски напад со балистички ракети врз главниот град Киев. Украина, исто така, ги засили своите напади врз Русија, таргетирајќи ги нафтените постројки и логистичката инфраструктура во обид да ја ослабне способноста на Москва да води војна.Тагови: дрон руски напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПринцот Хари го загуби судскито спор против „Деили Меил“- скапо ќе го чини (ВИДЕО)Принцот Хари и шест други познати личности добија наредба да му платат на издавачот на „Дејли меил“ почетни 9,54 милиони фунти.Принцот Хари и шест други познати личности добија наредба да му платат на издавачот на „Дејли меил“ почетни 9,54 милиони фунти откако го загубија случајот за повреда на приватноста во Високиот суд во Лондон, објави Би-Би-Си. Седумте тужители, меѓу кои и Елтон Џон и Лиз Харли, имаат рок до 28 август да ја платат сумата, а дополнителни 25 милиони фунти ќе бидат платени подоцна, што е голема победа за издавачот „Асошиејтед њузпејперс лимитед“ (АНЛ). Групата ја тужеше АНЛ поради обвинувања за незаконско собирање податоци, што издавачот жестоко ги негираше. Prince Harry and fellow claimants must pay millions to Daily Mail after judge rules their doomed hacking case was 'unreasonable to a high degree' https://t.co/xBVUzam2Au — Daily Mail (@DailyMail) August 21, 2026 Судијата Никлин ги отфрли нивните барања на 7 јули, велејќи дека јавните личности не успеале да ги докажат своите тврдења. Пресудата доаѓа само неколку дена откако војводата и војвотката од Сасекс, Меган Маркл, објавија дека планираат да се вратат во Велика Британија, со нивните деца, принцот Арчи (7) и принцезата Лилибет (5), кои треба да започнат училиште во септември. Седумте тужители на кои им е наредено да ги платат почетните 9,5 милиони фунти се принцот Хари, Елтон Џон, неговиот сопруг Дејвид Фурниш, Сер Сајмон Хјуз, Сејди Фрост, Лиз Харли и бароницата Дорин Лоренс. Prince Harry and other prominent figures are due to find out the cost of their failed court action against the publishers of the Daily Mail. The Duke, along with other claimants including Sir Elton John and Baroness Doreen Lawrence had argued that Associated Newspapers carried… pic.twitter.com/xsVDpL3gcK — Channel 4 News (@Channel4News) August 21, 2026 Десетици луѓе дадоа докази за време на судењето, вклучувајќи го и принцот Хари и другите тужители. Војводата од Сасекс долета од САД за лично да присуствува на судењето. Голем број сегашни и поранешни новинари и раководители во ANL, исто така, дадоа докази, негирајќи какво било кривично дело. Во заедничка изјава по пресудата од минатиот месец, принцот Хари и бароницата Дорин Лоренс рекоа дека дошле на суд „барајќи правда и одговорност“, но не добиле ниту едното ниту другото, рекоа тие. „Ова е целосно и очигледно прикривање, но за жал не е сосема неочекувано“, рекоа тие. ANL побара повеќе од 9,9 милиони фунти како привремена исплата, во исчекување на утврдувањето на конечните судски трошоци. Сепак, адвокатите на тужителите тврдеа дека привремената исплата треба да биде нешто над 7,9 милиони фунти. Судијата Никлин претходно пресуди дека тужителите мора да ја платат привремената сума до 28 август.Тагови: принцот Хари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter