На пет години затвор е осуден таткото,кој до смрт ја изгладнувал 7- годишната ќерка

Таткото кој ја изгладнувал својата седумгодишна ќерка во Минесота е осуден на пет години затвор.

Џулиус Финдеј (42) намерно ја изгладнувал својата ќерка Жил речиси една година, која починала од неухранетост на Божиќ 2022 година, објави Дејли Меил.

Тој се изјаснил за виновен во март за кривично дело занемарување на дете кое резултираше со смрт.

Девојчето било неухрането, имало вошки и три години не отишло на лекар. Единствено што примила биле вакцините против корона вирусот, кои ги добиле поради финансиски стимулации од државата.

Џулиус ѝ забранил на девојчето да оди во градинка.

За време на изрекувањето на пресудата, судијата рече дека кога го пронашле девојчето, од неа останале само кожа и коски.

Како причина за смртта беа наведени неухранетоста и стрептококната инфекција.

За време на изрекувањето на пресудата, судијата зел предвид дека Џулиус се покајал за она што го направил и ја признал својата вина.

Хаос на футсал дербито во Мостар, навивачите ги тепаа домашните фудбалери

Градското дерби во Мостар беше прекинатопоради влез на навивачи на Зрињски кои втрчаа на теренот и ги тепаа фудбалерите на  Вележ.

Немили сцени се забележани вечерва во Мостар каде на неодредено време беше прекинато градското дерби меѓу Вележ и Зрињско во мал фудбал.

Играта беше прекината во 22. минута по напад на навивачите на Зрињски врз играчите на Вележ.

Во спречување на големиот инцидент и смирување на страстите морале да интервенираат и специјалните полициски сили.

Инаку Зрињски е клуб од хрватскиот дел на Мостар, а Вележ од бошњачкиот дел.

Андоновски на средба со Абдула Насер Лоота

Андоновски на средба со Абдула Насер Лоота, заменик министер за кабинетски работи за конкурентност и размена на знаење во ОАЕ.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во рамки на Светскиот самит за Влади 2025 во ОАЕ се сретна со Абдула Насер Лоота, заменик министер за кабинетски работи за конкурентност и размена на знаење во ОАЕ.

На средбата, како што соопшти Министерството за дигитална трансформација, се разговарало за развојот и конкурентноста во управувањето со податоци во која што Лоота ја имал клучната улога во зајакнување на позицијата на ОАЕ на глобалната сцена, со особен акцент на одржливиот развој и иновациите во областа на управувањето со податоци.

Андоновски ја истакнал заложбата на македонската Влада за напредок на земјата во областа на дигиталната трансформација на општеството, економската трансформација, како и за поволните услови за водење бизнис.

- Македонија мора повторно да ја ставиме на мапата на држави кои се пионери во напредокот, иновациите, со достапни услуги за граѓаните и бизнис секторот. Како мала држава имаме огромен потенцијал за соработка и размена на знаења со успешни држави како Обединетите Арапски Емирати, истакнал министерот Андоновски.

Нова опрема во детската градинка „Гоце Делчев“ во општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски ја посети детската градинка „Гоце Делчев“ во Илинден, каде во изминатиот период направени се повеќе инвестиции.

Градоначалникот Александар Георгиевски истакна дека во детската градинка во текот на минатата годината направени се инвестиции, со цел да се подобрат условите за дечињата и вработените со цел обезбедување соодветни услови за престој во оваа установа. За таа цел, обезбедена е опрема за потреба на јаслените групи (слики од шкафовите, занималните, малата кујна), извршено преградување на салата за свечености со ПВЦ врати и промена на врати од занимални. Исто така обезбедени се дидактички материјали и играчки за децата од двата објекта, набавена е нова опрема со која ќе се обезбеди уште подобра исхрана за децата од градинката и целодневниот престој.

Дополнително градоначалникот истакна дека е изготвен Основен проект за доградба на централниот објект со нова кујна со бруто површина од 147м2 која ќе има капацитет за подготовка на 800 оброка, а делот во кој сега е сместена постоечката кујна ќе биде реконструиран и адаптиран во занимални за деца.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со инвестирање во опрема во детската градинка и училишта на нејзина територија, затоа што гризата за децата и образованието се една од најважните алки во општеството.

Општина Илинден

притисни ентер