На патеката кон Пониква се одржа првиот ридско-брзински натпревар во автомобилизам - Канал 5

На патеката кон Пониква се одржа првиот ридско-брзински натпревар во автомобилизам

Организатор на трката беше Автомобилистичката федерација на Македонија.

На патеката кон Пониква се одржа првиот ридско-брзински натпревар во автомобилизам

На патеката кон туристичкиот центар Пониква на Осоговските Планини денеска се одржа меѓународната авто-рели трка што се бодува за шампионатот на Централноевропската зона на Светската автомобилистичка федерација (FIA-CEZ), како и за домашниот шампионат за ридско брзински натпревари.

Организатор на трката беше Автомобилистичката федерација на Македонија со техничка поддршка од авто клубот „Перформанс“ од Скопје и од Здружението на возачите – Кочани.

На натпреварот учествуваа триесетина домашни, како и возачи од Србија, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина, Косово и Полска, кои возеа на патеката долга 5,3 километри, од локацијата над градската депонија до рамнината на регионалниот пат кон Пониква, пред Шумската куќа.

Во бодувањето за FIA-CEZ во групата 1 победи дебитантот на трката на Пониква, Армин Мујкановиќ од Босна и Херцеговина, кој возеше со лиценца на „Сплитски аутоклуб“ од Хрватска. Во групата 2 првопласиран беше Грегорж Дуда од „Дуда моторспорт“ од Полска, кој веќе десетина години е редовен учесник на ридско брзинскиот натпревар на Пониква, а на второто место се пласираше Милан Костадиновиќ од АМК „Војновиќ РТ“ од Србија. Во групата 3 патеката најбрзо ја извози гостинот од Словенија, Анже Довјак од АМД „Горица“, а во групата 4 првото место го освои Ванчо Мизовски од АК „Пероформанс“. Меѓу возачите во групата 5 првопласиран беше Филип Кунчер од АК „Подгорица рејсинг тим“ од Црна Гора, втор домашниот возач Александар Ангеловски од АК „Перформанс“, а третото место го освои Влатко Костовски од АКК „Проспорт“. Во категоријата 2 најбрз беше Гентјан Шакири од Албанија кој возеше автомобил формула 3.

Кај бодувањето за домашниот шампионат се возеа две трки, при што во првото возење во класата Е1 1200 првото место му припадна на Игор Наумовски од АКК „Фичо“, додека второто место го освои неговиот клупски колега и дебитант на трката, Стефан Силјаноски. Во класата Е1 1400 најбрз беше Ѓорѓи Наков од АК „Перформанс“, второ место за Ангелчо Димов од АКК „Фичо“, кој првпат возеше на Пониква и трето место Коста Костадиновски од АК „Стефановски РТ“. Најдобар во класата Е1 1600 беше искусниот Орхан Амет од АК „Перформанс“, зад него со десетина стотинки заостанување се најде Златко Трајановски од АКК „Проспорт“, а трет беше Душко Јанакиевски од АК „Перформанс“. Во класата Е1 2000 имаше силна конкуренција и мала разлика во резултатите, а првото место му припадна на кочанецот Дејан Манасиев од АКК „Проспорт“, втор беше Александар Ангеловски од АК „Перформанс“, а трет Даниел Блажевски од АКК „Проспорт“. Во категоријата Е1 2000+ првото место го освои Влатко Костовски од АКК „Проспорт“.

На втората трка во класата Е1 1200 беа постигнати истите резултати како и во првата, односно првото и второто место ги освоија возачите на АКК „Фичо“, Игор Наумовски и Стефан Силјаноски. Во класата Е1 1400 повторно најбрз беше Ѓорѓи Наков, а зад него се најде Коста Костадиновски. Првото место во категоријата Е1 1600 го освои Душко Јанакиевскки, второпласиран беше Златко Трајановски, а Орхан Амет имаше проблеми со возилото и се најде на третото место. Во класата Е1 2000 дојде до промена во пласманот, прв беше Александар Ангелевски, кој имаше и најбрзо време на минувње на патеката, второпласиран беше Даниел Блажевски, а третото место му припадна на Дејан Манасиев. Во категоријата Е1 2000+ првото место повторно го освои Влатко Костовски.

Во клупска конкуренција и во двете возења за домашниот шампионат имашпе идентични резултати, при што првото место го освои АК „Перформанс“, второто АКК Проспорт“, а третото место му припадна на АКК „Фичо“.

Поради проблеми со возилата петмина возачи не обезбедија пласман во домашниот шампионат, а во бодувањето за FIA-CEZ еден возач од Косово излета од патеката, го оштети возилото и не ја заврши трката.

Во септември на Пониква ќе се одржи и вториот ридско брзински натпревар во автомобилизам за домашниот шампионат и за FIA-CEZ бодувањето. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Спасен коњот во Кавадарци- хуманоста се покажува со дела

Случајот со измачениот коњ, кој се струполи на улица во Кавадарци, ја вознемири јавноста и уште еднаш ја потврди потребата од поголема одговорност, хуманост и доследна заштита на животните. 

Јанчев: Спасен коњот во Кавадарци- хуманоста се покажува со дела

Зад оваа слика стои страдањето на едно беспомошно суштество, изложено на нехуман третман. Но, случајот покажа и дека навремената реакција, емпатијата и соработката можат да направат вистинска разлика.

На местото на настанот, една хумана сограѓанка без двоумење му помогнала на паднатиот коњ, ослободувајќи го од каишите и железните конструкции за кои бил врзан и обезбедувајќи му храна и вода. По пријавата, веднаш интервенираа и припадниците на МВР – ПС Кавадарци, со што беше овозможено преземање на неопходните активности за заштита на животното. Во решавањето на случајот значајна улога имаше и Агенцијата за храна и ветеринарство, во чии надлежности е постапувањето во случаи поврзани со заштитата и благосостојбата на животните.

Благодарение на преземените активности и соработката на надлежните институции, коњот е одземен од сопствениците и е заштитен од натамошно малтретирање. Тоа е најважниот исход од овој случај.

Општина Кавадарци упатува благодарност до Агенцијата за храна и ветеринарство, припадниците на МВР – ПС Кавадарци, активистите за заштита на животните и сите граѓани кои реагираа и придонесоа за заштитата на коњот. Истовремено, упатуваме јасен апел до сите граѓани: не премолчувајте и не останувајте рамнодушни кога сте сведоци на насилство, малтретирање или неодговорно постапување кон животните. Пријавете го секој ваков случај веднаш во полиција, за надлежните институции навремено да постапат.

Заштитата на животните не завршува со разрешувањето на еден случај. Борбата против несовесното постапување мора да продолжи преку подигнување на јавната свест, институционална одговорност и доследно спроведување на законите.

Нашата заедничка обврска е да градиме општество во кое суровоста нема да се премолчува, а грижата и почитта кон животните ќе бидат вистински вредности, потврдени со конкретни дела.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска: Инвестираме во знаење за посигурна и поодржлива енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на Четиринаесеттата студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР 2026.

Божиновска: Инвестираме во знаење за посигурна и поодржлива енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на Четиринаесеттата студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР 2026, нагласувајќи дека знаењето, науката и иновациите се клучни за изградба на сигурен и одржлив енергетски систем.

Во рамки на посетата, Божиновска оствари средба со деканот на факултетот, на која се разговараше за унапредување на соработката меѓу академската заедница и институциите.

Министерката истакна дека енергетската ефикасност, обновливите извори и модернизацијата на инфраструктурата се неопходни за економската конкурентност и одржливиот развој на државата. Притоа, нагласи дека технолошкиот напредок мора да биде проследен со инвестиции во образованието и стручните кадри.

„Младите не се само идните инженери, истражувачи и носители на одлуки. Тие се генерацијата што уште денес може да понуди нови перспективи и иновативни решенија за предизвиците со кои се соочуваме“, нагласи Божиновска.

Таа посочи дека студентските истражувања треба да најдат практична примена преку посилно поврзување на универзитетите, институциите и компаниите.

„Инвестицијата во образованието, науката и младите стручни кадри е подеднакво важна како и инвестицијата во енергетската инфраструктура. На младите им требаат можности да ги тестираат своите идеи, да соработуваат со индустријата и да видат дека нивното знаење може да направи вистинска разлика“, порача министерката.

Божиновска ги повика студентите и младите истражувачи да продолжат да развиваат иновативни решенија за поефикасно користење на енергијата, интеграција на обновливите извори и унапредување на конкурентноста на индустријата.

Учеството на СКЕЕОР 2026 ја потврди важноста на соработката меѓу академската заедница, институциите и стопанството во создавањето нови знаења, развојот на стручните кадри и градењето одржлива енергетска иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари на Вучиќ, не можат да се исперат колку и да пробуваат

Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари на Вучиќ, не можат да се исперат колку и да пробуваат.

Манасиевски: Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари на Вучиќ, не можат да се исперат колку и да пробуваат

Филипче во време на КОВИД кризата постилаше црвени килими за да пречека мала бројка на вакцини донирани од Вучиќ и со хвалоспеви да го поздравува. Сето тоа се случуваше затоа што Филипче сакаше да направи ќар од набавка на вакцини во Македонија. Во продолжение, да го погледнеме и видеото од истото.

Почитувани,

Заев на руски пранкери кажуваше лоши зборови за Вучиќ, па од кога тој повик излезе во јавноста му се извинуваше на самиот Вучиќ и велеше дека тоа што го говорел за него не било така. Понизно и со свиткана кичма. А потоа го пречекуваше на гранични премини, му се заблагодаруваше и го величаше на секој можен начин. Да го проследиме и тоа видео.

Почитувани,

За Ковачевски мислам дека не треба да говориме, тој беше главниот другар на Вучиќ со кого пееја и пиеја до раните утрински часови. Секако за Република Македонија придобивка немаше од истото. Да го погледнеме и третото видео.

Почитувани граѓани,

Српскиот свет во Македонија го промовираа Заев, Филипче и Ковачевски.

Го промовираа и бугарскиот и рускиот, само не македонскиот. Затоа и граѓаните не им даваат доверба. Прочитани се.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ​

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер