На партизанските гробишта во Бутел одбележани Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа - Канал 5

На партизанските гробишта во Бутел одбележани Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Со едноминутно молчење во чест на македонските партизани и положување цвеќе пред спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел денеска во Скопје беше одбележан 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

На партизанските гробишта во Бутел одбележани Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Венец со цвеќе положи владина делегација во состав Владо Мисајловски министер за одбрана, Изет Меџити, министер за животна средина и просторно планирање и Игор Филков, министер за правда, како и делегации од Канцеларијата на Претседателот, од Собранието, Армијата, Сојузот на борците на Народно-ослободителната антифашистичка војна, дипломатскиот кор и други организации.

Заменик претседателот на Владата за политички систем Љупчо Димовски во своето обраќање истакна дека 9 мај е круната на македонската идеја за сопствена држава и е денот во кој се остварија сите надежи да бидеме свои на своето, слободни и независни.

-На ова место каде историјата во својата тишина зборува најгласно со големо достоинство, длабока и искрена благодарност им се поклонуваме на македонските партизани кои го положија сопствениот живот за освојување на слободата која македонскиот народ и сите народности на овие простори со векови ја посакувале. Тие се темел на нашата држава и нашето достоинство и постоење како народ свесен за својата големина, затоа што Македонците со својата чест, правдољубивост и слободарство во најцрниот период од своето постоење застанаа на вистинската страна заедно со сојузниците и со сите напредни народи спротивставувајќи се на фашистичкиот окупатор, рече Димовски.

Деветти мај, како што рече, претставува заокружување на страдањата и жртвите од илинденската епопеја и сите борби кои ги водел македонскиот народ во својата историја.

-Овој ден претставува остварување на нашата идеја за самостојна Македонија, идејата која била главниот мотив за сите македонски учесници во воениот виор и идејата која ги пренела низ сите искушенија, предизвици и битки, рече Димовски и додаде дека тие борци не обврзуваат да го чуваме мирот и да се бориме за правда и еднаквост, како и да ги зачуваме вредностите и придобивките за кои ги положија своите животи.

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани посочи дека 9 мај е ден на длабока симболика – победата на фашизмот, но и ден на раѓањето на идејата за обединета и мирна Европа. Вети дека ќе продолжиме да работиме за Европа која е обединета, праведна и солидарна.

-Деветти мај е денот кога човештвото одлучи да не се помири со мракот и денот кога жртвата на милиони луѓе ја осветли патеката кон нов почеток, а и ние како држава бевме дел од таа борба. Нашата земја даде свои животи, свои приказни и свои херои. Затоа денеска стоиме токму овде, но не пред обични споменици, туку пред сведоштво на историјата што ја обликуваше суштината на она што денес го нарекуваме слобода. Тука се потсетуваме не само на минатото, туку и на вредностите кои и денеска не обединуваат, рече Муртезани.

Порача дека нашата европска иднина не е декларација, туку е одлука и избор за сојуз што не обединува околу мирот, слободата и правдата.

-Европа не е само географски, туку е и морален простор создаден токму поради жртвите како што се хероите на кои денеска им положуваме цвеќе. Светот денеска не е без предизвици има современи облици на нетолеранција, говор на омраза и популизам им се закануваат на вредностите што ги славиме на овој ден, но нашата позиција останува јасна – цврсто стоиме и ќе стоиме на браникот пред какви било обиди да се поткопа мирот, прогресот и слободата дома или било каде во светот, потенцира Муртезани.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски истакна дека македонските партизани го дадоа својот живот на нашата иднина.

-Тоа се херои кои следејќи ги идеалите на нашите илинденци за слободна Македонија, за достоинство, иднина без тиранија го положија својот живот за оваа највозвишена цел. Нивната жртва не е само запишана во историските книги, таа е дел од нашиот идентитет. Ова место за нас е ништо помалку од свето место зашто тука им даваме почит на оние кои помогнаа да се стави крај на ужасите од Втората светска војна, рече Мисајловски.

Тие со својата пожртвуваност, додаде, имаа и несомнен придонес за поставување на темелите и визија за Европа силна и обединета во мир и во единство.

-Пред осум децении целиот европски континент беше бојно поле, држави и народи беа разорени, разединети а милиони граѓани страдаа. Но, храброста на сојузниците, вклучувајќи ги и нашите партизани ја врати надежта и беше зрак кон светлина во време на мрак. Од пепелта на војната се роди идеја за обединете Европа не како империја, туку како унија на еднакви каде демократијата, правото и солидарноста ќе не водат напред. Тоа е идеалот што денеска го славиме, нагласи Мисајловски.

Како земја која повеќе од три децении чека да стане член на европското семејство, прецизира, ова е ден на потсетување и ветување.

-Потсетува дека слободата не се подразбира, дека правдата, вистината и човековите права не се подарок, тие се избор и борба и ни ветува дека сонот за Европа, целосна, слободна и обединета не е привилегија на историјата,туку одговорност на сегашноста. Ние не бараме скратени патишта, бараме фер пристап и можности, она што е впишано во суштината на Европската Унија да биде единствено мерило за нашата подготвеност да бидеме дел од ова семејство, рече Мисајловски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Дамата со камелии“ – раскошна балетска приказна за љубовта на 28 ноември

Изведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев.

„Дамата со камелии“ – раскошна балетска приказна за љубовта на 28 ноември

На 28 ноември со почеток во 19.30 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ – емотивна сценска приказна за љубовта, страста и жртвата, раскажана преку моќта на танцот и музиката на Џузепе Верди.

Инспирирана од познатата приказна за Маргарита и Арман, претставата ја пренесува на балетската сцена љубовната судбина на двајцата главни ликови. Музиката на Верди, препознатлива по својата мелодиска убавина и силен емоционален набој, ја надополнува драматургијата и ја продлабочува приказната за љубовта, личните жртви и општествените ограничувања.

Изведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев, еден од истакнатите руски кореографи, кој соработува со водечките балетски театри, меѓу кои „Бољшој“ во Москва и „Марински“ во Санкт Петербург. Сценографијата и костимографијата се дело на Павол Јураш од Словачка, а концерт-мајстор е Јане Бакевски.

Во главните улоги на Маргарита и Арман ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз од Шпанија, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Со раскошна сценографија, впечатливи костими, музиката на Верди и кореографијата на Василиј Медведев, „Дамата со камелии“ ја оживува безвременската љубовна приказна преку елеганцијата на балетскиот израз и силата на сценските емоции.

Национална опера и балет

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска  престојува во Атина, каде ќе учествува на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“.

Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина

Учеството на Муцунски е на покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, а состанокот ќе биде посветен на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и можностите за забрзување на нивниот пристапен процес кон Европската унија. Во Атина е Афродита Рамос.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Конституирање и прв состанок на Националниот комитет за заштита и безбедност на новинари

Искра Хаџи Василева рече дека со Здружението на новинари пред неколку години издејствувале евиднеција на предмети со новинари која претходно била отежната.

Конституирање и прв состанок на Националниот комитет за заштита и безбедност на новинари

Формирање на националниот комитет за заштита и безбедност на новинари е со цел системско унапредување на правата на новинарите и нивна безбедност, ова утринава го изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски , на првиот состанок на Националниот комитет. Споед него обврска на државата е де се обезбедат услови за работа на новинарите , без страв од закани. Јавната обвинителка за гонење организиран криминал и корупција Искра Хаџи Василева рече дека со Здружението на новинари пред неколку години издејствувале евиднеција на предмети со новинари која претходно била отежната

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер