На парализиран човек во Британија му е вграден чип на Неуралинк во мозок: Само ќе помислам и тоа се случува - Канал 5

На парализиран човек во Британија му е вграден чип на Неуралинк во мозок: Само ќе помислам и тоа се случува

Еден од првите луѓе во Велика Британија што го доби чипот во мозокот на компанијата на Илон Маск, Неуралинк, го опиша искуството како „волшебно“ и верува дека технологијата би можела да ги трансформира животите на луѓето со тешка парализа.

На парализиран човек во Британија му е вграден чип на Неуралинк во мозок: Само ќе помислам и тоа се случува

Себастијан Гомез-Пена, волонтер во првото британско испитување на уредот на Неуралинк, по несреќа остана парализиран од вратот надолу.

Водечкиот неврохирург во испитувањето рече дека нивото на контрола што го нуди чипот е „зачудувачки“ и дека би претставувало „пресвртница“ во медицината, јави Скај њуз.

- Вашиот живот целосно се менува кога одеднаш не можете да помрднете екстремитет, рече Гомез-Пена, кој доживеал несреќа по завршувањето на првиот семестар на медицинскиот факултет. „Овој вид технологија ви дава надеж на некој начин“, додаде тој.

Тој е еден од седумте учесници во британско испитување насочено кон проценка на безбедноста и сигурноста на уредот.

За време на петчасовна операција во болницата на Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCLH), на Себ му бил имплантиран чип во черепот кој се поврзува со 1.024 електроди имплантирани во неговиот мозок. Иако во постапката учествувале британски хирурзи и инженери на „Неуралинк“, самиот уред бил имплантиран од роботот R1 на „Неуралинк“, кој бил развиен за поставување микроскопски електроди во чувствително мозочно ткиво.

Електродите, чии нишки се околу 10 пати потенки од човечка коса, се вметнати околу 4 милиметри во површината на мозокот на Себ, во областа што ги контролира движењата на рацете. Нервните сигнали се пренесуваат до чипот, а податоците безжично се испраќаат до компјутер. Таму, софтвер базиран на вештачка интелигенција „учи“ да ги толкува сигналите, преведувајќи ги намерите на Себ да ги движи рацете – чија функција беше прекината по несреќата – во движење на курсорот на неговиот лаптоп или телефон.

- Секој во мојата ситуација се обидува да мрдне кој било дел од своето тело за да види дали има некакво закрепнување. Сега, кога само ќе помислам да ја помрднам раката, одлично е да видам дека нешто всушност се случува. Само ќе помислите на тоа и тоа ќе се случи, рече Себ.

За време на интервјуто, Себ ја демонстрираше технологијата со контролирање на курсорот на екранот на неговиот лаптоп. Тој брзо ги прелистуваше страниците од истражувачката работа што ја изучуваше за испитите на факултет, означуваше текст и отвораше и затвораше прозорци, исто толку брзо, ако не и побрзо, од некој што користи глушец или тачпад.

Неговите лекари, искусни неврохирурзи, беа подеднакво импресионирани. „Неверојатно е. Можете да го видите нивото на контрола што го има“, рече Харит Акрам, неврохирург на UCLH и главен истражувач во британското испитување.

Иако проектот е сè уште во рана фаза, Акрам верува дека резултатите се ветувачки. На Неуралинк му беа потребни речиси 10 години за да ја развие технологијата на чипови, хируршкиот робот и алатките за вештачка интелигенција потребни за да ги убеди регулаторите дека е безбеден за тестирање на луѓе. Првиот уред беше имплантиран кај американски волонтер пред две години, а сега 21 лице во САД, Канада, Велика Британија и ОАЕ го имаат. Сите учесници страдаат од тешка парализа предизвикана од повреда на ’рбетниот мозок, мозочен удар или невродегенеративни заболувања како што е АЛС.

- Оваа технологија ќе биде пресвртница за пациентите со тешки невролошки оштетувања. Овие пациенти имаат многу малку опции што навистина би ја подобриле нивната независност, особено во овој свет зависен од технологија, рече Акрам.

Резултатите од испитувањето сè уште не се објавени во рецензирани списанија или поднесени до регулаторите. „Неуралинк“ одби да даде интервју, но обезбеди пристап до испитувањето. Мисијата на компанијата, како што се вели, е „да ја врати автономијата на оние со неисполнети медицински потреби и да отклучи нови димензии на човечкиот потенцијал“.

Некои корисници веќе ја совладале технологијата до тој степен што можат да пишуваат на виртуелна тастатура со „размислување“ за притискање копчиња, додека други го користеле уредот за контрола на роботска рака за да се хранат. Покрај ова испитување, кое ги таргетира областите од мозокот одговорни за движење, планирано е уште едно кое ќе ги таргетира регионите одговорни за говорот, со надеж дека би можел да се врати кај луѓе кои го изгубиле по мозочен удар или друга повреда на мозокот. Компанијата, исто така, планира да ја истражи можноста за враќање на видот со испраќање податоци од камери, преку чип, до центрите за вид во мозокот.

Но, основачот на „Неуралинк“, Илон Маск, има уште поголеми амбиции. На еден настан минатата година, тој ја изнесе идејата дека корисниците би можеле да го поврзат својот уред со робот „Оптимус“, кој го произведува неговата друга компанија, „Тесла“.

- Треба да можете да имате целосна контрола врз телото и сензорите на роботот Оптимус. Значи, во суштина би можеле да се „вселите“ во роботот. Не само за раката, туку целата работа, рече Маск. „Тоа би било прилично кул. Иднината ќе биде чудна. Но, на некој начин, е одлична“, додаде тој.

Потенцијалот на технологијата за луѓе со тешка парализа, со синдромот на „заклученост“ или дури и слепило е неоспорен. Но, таа исто така покренува важни прашања за безбедноста и приватноста на идните корисници.

Пред уредите да бидат одобрени за широка употреба, Неуралинк ќе треба да спроведе поголеми испитувања за да ја докаже својата долгорочна безбедност и сигурност. За разлика од другите инженерски потфати на Маск, овој се потпира на храбри и решителни волонтери како Себ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светски шампион и европски медалисти на 55. „Златен гонг“ во Скопје

Од 13 до 15 ноември, во салата „Расадник“ во Кисела Вода, се одржува јубилејното 55. издание на „Златен гонг“, еден од најстарите меѓународни боксерски турнири во Европа. 

Светски шампион и европски медалисти на 55. „Златен гонг“ во Скопје

На него настапуваат 89 боксери и боксерки од 20 земји, а организатор е Македонската боксерска федерација.

Меѓу најзвучните имиња е Украинецот Јуриј Захарјејев, сениорски светски шампион од Белград 2021. На 19 години тој стана првиот боксер што во иста година освои светско злато и кај младинците и кај сениорите. Во Скопје настапува и Данило Жасан, бронзен медалист од сениорското Светско првенство во Ливерпул во 2025 година. Украинскиот состав го засилуваат и Џамал Кулијев, европски шампион У23 од 2024 и светски бронзен медалист У19 од 2022, како и Матвиј Ражба, европски шампион У17 од 2019 година.

Во женска конкуренција, Ирина Луцак доаѓа со европско злато У23 од 2024 и сениорска европска бронза од Софија 2026. Нејзина противничка во четвртфиналето до 80 кг е македонската боксерка Марија Костовска. Во украинската селекција се и Наталија Меринова, европска шампионка У23 од 2024, и Анастасија Сарањук, бронзена на Европското првенство У17 во 2021 година.

Од Литванија настапува Александар Трофимчук, европски вицешампион У23 од 2024, кој во финалето во Софија боксуваше токму против Захарјејев. Во литванскиот состав се и Едгарас Скурделис, европски младински вицешампион од 2011, и Алгирдас Баниулис, бронзен медалист од Светските воени игри во 2019 година.

Молдавија ја предводи Даниил Гуранда, европски шампион У17 од 2023, европски вицешампион У19 од 2024 и бронзен на Европското У19 во 2025. Неговите сонародници Михај Поромбак и Владислав Васковски освоија европска бронза У23 во 2025 година. Поромбак има и бронза од Европското У22 во 2023.

Во Скопје боксуваат и Румен Руменов од Бугарија, европски бронзен медалист У23 од 2024, Хамза Рашљанин од Србија, европски бронзен медалист У19 од 2024, и Башким Бајоку, кој за Косово освои бронза на Европското У22 во 2023 година.

Програма во салата „Расадник“:

петок, 13 ноември, во 14:00 – четвртфинални борби

сабота, 14 ноември, во 14:00 – полуфинални борби

недела, 15 ноември, во 17:00 – финални борби

Влезот е слободен. Македонската боксерска федерација ги поканува љубителите на боксот да ги проследат борбите во „Расадник“ и да им дадат поддршка на домашните натпреварувачи.

Македонска боксерска федерација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер а сватот на Али Ахмети акционер, стана јасно зошто Фатмир Бесими ја поднел точката на влада за деловни односи Алта Банка

​Се размотува клопчето околу Алта Банка и причините зошто Фатмир Бесими ја поднел точката на влада за деловни односи со „алта банка“.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер а сватот на Али Ахмети акционер, стана јасно зошто Фатмир Бесими ја поднел точката на влада за деловни односи Алта Банка

Нема голем скандал во Македонија а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај ДУИ и Али Ахмети.

Додека СДС глуми спотер во јавноста излегоа информации дека сватот на Али Ахмети е со кредит од 5 милиони евра од Алта Банка Белград.

Во 2023 година, на предлог на тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими, на владина седница била разгледувана точка за деловни односи со „Алта банка“.

Две години подоцна, според објавените информации во јавноста, компанија во која учествува „АС Сењак“, фирма поврзана со сватот на Али Ахмети, добива кредит од 5 милиони евра токму од „Алта банка“ во Белград.

Сега прашањето е дали Фатмир Бесими и тогашната влада на СДС и ДУИ знаеле какви деловни релации се развиваат околу оваа банка?

Како е одобрен кредитот? Кои биле гаранциите? И дали постоеле недозволени поврзаности меѓу политичките и бизнис-интересите?

Особено симптоматично е што СДС денес молчи и се обидува да се дистанцира од одлуките на сопствените функционери.

Не може вчера да ја отворате вратата за деловна соработка, а денес да се правите дека не знаете ништо.

Бараме Јавното обвинителство да ги испита владините одлуки, кредитот од 5 милиони евра и сите евентуално поврзани трансакции.

Кој ја отвори вратата за „Алта банка“, кој имал корист и зошто СДС денес молчи за своите функционери? Граѓаните заслужуваат одговори.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Според ММФ Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Македонија е рангирана на 41. место меѓу 48 европски економии според проектираниот БДП по жител за 2026 година. 

СДСМ: Според ММФ Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

На врвот на листата се Лихтенштајн, Луксембург и Ирска.

Според проекциите на ММФ, БДП по жител во Македонија ќе изнесува 11.762 долари. Од земјите во регионот, пред нас се Србија со 17.126 долари, Црна Гора со 16.211 долари и Албанија со 13.968 долари. Босна и Херцеговина е на 43. место.

Разликата со најбогатите европски економии останува огромна - Германија има повеќе од пет пати повисок БДП по жител.

Ова е реалната состојба на економијата. Не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа. Не лагите за најбрз раст на платите и пензиите.

Реалноста е 4 милијарди евра ново задолжување за две години. Реалноста е очекуваното поскапување на парното и струјата. Реалноста е дека нема зголемување на минималната плата - само бајки.

Мицкоски самиот кажа дека пари во буџетот нема ни за избори, затоа што државата би банкротирала.

Сега на граѓаните им е јасно во каква состојба е економијата во земјата и сè она што СДСМ го зборува последната година.

Мицкоски се бори само за своите криминални тендери и за својот профит како шеф на организираната криминална група што ќе ја осиромаши земјата во целост.

Единственото што сеуште се плаши е да ги сокрие податоците од Aлта банка, банката на неговиот шеф Вучиќ. Зошто? Затоа што Мацура е нивниот личен банкар.

Пари во буџетот нема, но знаеме каде има - кај Мицкоски и неговата банда.

Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер