На овие три знаци најтешко им е да најдат сродна душа - Канал 5

На овие три знаци најтешко им е да најдат сродна душа

Во отсуство на адекватен партнер, овие знаци се осудени на самотија.

На овие три знаци најтешко им е да најдат сродна душа

Некои од хороскопските знаци имаат тешкотии во наоѓање на љубовен партнер, само поради тоа што имаат специфичен карактер кој ги заробува.

Бик

Тие ќе направат се за саканата личност и безусловно се даваат. Единствениот проблем е во тоа што веднаш се отвораат. Биковите често остануваат со кратки ракави, токму поради тоа што често се измамени. Многу пати им се случува да бидат несреќно заљубени но тоа го сфаќаат многу подоцна. Биковите ќе направат се, за да го подобрат односот со партнерот, но доколку видат дека нема позитивни резултати, тие ќе си заминат без проблем.

Девица

Слабо покажуваат емоции. Кога ќе станат свесни за мааните на партнерот, се повеќе ќе му забележуваат за тоа и ќе се трудат тоа да го истакнуваат. Исто така знаат постојано ја анализираат врската како и својот избраник, правејќи сценарио во главата кое не се случило. Кога ќе им стане досадно во врската или бракот, тие се склони кон авантури за една ноќ, која вешто знаат да ја сокријат. Не постои причина поради која први би го напуштиле партнерот.

Вага

По природа тие се многу неодлучни и многу лесно може да завршат во врска која не им одговара во целост. Постојано се преиспитуваат себе си дали можеле подобро и каде би биле денес доколку одлучиле поинаку. Проблемите сакаат да ги стават “под тепих”, додека не пукнат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шест кандидати во трка за Брвеница: Програми, визии и пораки до граѓаните

Шест кандидати од четири политички коалиции и двајца независни ќе ги одмерат силите во недела во трката за нов градоначалник на општина Брвеница.

Шест кандидати во трка за Брвеница: Програми, визии и пораки до граѓаните

Вонредните избори доаѓаат по ненадејната смрт на градоначалникот Јовица Илиевски во јуни годинава.

Владејачките коалициски партнери ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ настапуваат со посебни кандидати, а ЗНАМ дава поддршка на кандидатот на најголемата владејачката партија. На митинзите во Брвеница кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски најави посветена и транспарентна работа за развој на општината, а поддршка доби и од премиерот и партиски лидер Мицкоски, кој кажа дека очекува убедлива победа во недела.

Со одделни кандидати ќе настапат и опозициските партии СДСМ и ДУИ. Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Јовица Радевски на синоќешниот митинг во Брвеница вети нов инфраструктурен развој и економски раст за општината. Партискиот лидер Филипче, пак, со поддршка и порака до Мицкоски и власта дека време е за промени, а СДСМ, како што рече е неуништлив.

Во кампањата и кандидатите Јакуп Хусеини од ВРЕДИ и Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција пред жителите на Брвеница ветија проекти за развој на општината, поддршка за младите и за локалната економија.

Со сопствени програми, приоритети и визија за Брвеница настапија и двајцата независни кандидати Душан Богдановски и Арифе Идризи. Поради поголемиот број кандидати проценките се дека можен е и втор круг гласање кој треба да се одржи за две недели, на 1 ноември.

Според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, право на глас имаат вкупно 16.256 запишани избирачи, кои ќе гласааат на 24 избирачки места..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Без консензус во Брисел: Ограничувањето на ветото за проширувањето оди на чекање

Предлогот за ограничување на ветото во текот на преговорите ќе почека подобри времиња. Европскиот Совет не успеа да постигне консензус околу новата нацрт - стратегија за проширување.

Без консензус во Брисел: Ограничувањето на ветото за проширувањето оди на чекање

По синоќешната двочасовна дебата произлезе заклучок, кој со ништо не упатува на промена на пристапот кон земјите кандидатки.

„Европскиот совет го зема предвид Соопштението на Комисијата за „Подготовка за поширока Унија“ и го повикува Советот да ги анализира сите насоки и, врз основа на оваа анализа, да продолжи со работата.“ , се вели во заклучоците на Европскиот Совет.

Најавена полноќна прес-конференција беше откажана. Најјасен беше белгискиот премиер кој појасни дека практично и немало што да се каже.

-Постојат разлики на маса за проширувањето. Позицијата на мојата земја е прилично едноставна, пристап заснован на заслуги. Единствено достигнавме ниво на „прелистување“. Многу, многу сме далеку од финална одлука. , изјави Барт де Вевер, премиер на Белгија

Најсвеж пример дека дел од земјите – членки во моментов не се подготвени да ги тргнат настрана билтералните прашања, како што предвидува и самиот документ, е Хрватска, која сега практично ја спушта рампата на амбициите на Подгорица наскоро да ги заокружи преговорите, потег кој може да го загрози целиот процес на проширување, со оглед дека Црна Гора веќе беше видена како 28-ма земја членка. Премиерот Пленковиќ се пофали дека успеал значително да ги смени заклучоците за Црна Гора, а во кои сега се вели:

„Советот ја нотира намерата на ирското претседателство со Советот да работи на привремено затворање на преостанатите преговарачки поглавја, а на место довчерашната формулација (до крајот на годината), сега е вметнат терминот„под услов Црна Гора да ги спроведе соодветните реформи“.

-Ги изменивме на наша иницијатива заклучоците, кои испратија една реална порака, порака до колегите од Црна Гора. Повеќе пати во изминатите години ги претставивме очекувањата, која треба да се решат и ги решаваме онака како што треба да се решат и сигурен сум дека соседите не разбраа. , изјави Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска.

Пленковиќ вчера и испорача список од осум услови на Црна Гора, кои во најголем дел се однесуваат на спорови наследени од војните во 90-тите, како имотни прашања, обесштетување на жртвите и истраги за воени злосторства. Пленковиќ вчера вчера изјави дека Хрватска досега била толерантна кон Црна Гора, за разлика од на пример Грција и Бугарија кон Македонија, за кои рече дека ѝ одзеле 21 година на патот кон ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши од Рим: Силни институции за доследна примена на правилата

Африм Гаши се обрати на тема „Обновување на меѓународниот поредок заснован на правила: улогата на парламентите во справувањето и одговарањето на современите кризи“.

Гаши од Рим: Силни институции за доследна примена на правилата

На конференцијата на претседатели на парламенти и на генерални секретари на земјите членки на Советот на Европа, која на 15 и 16 октомври 2026 година се одржува во Рим, претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши се обрати на тема „Обновување на меѓународниот поредок заснован на правила: улогата на парламентите во справувањето и одговарањето на современите кризи“.

Во својот говор пред колегите, претседателот Гаши нагласи дека во услови на зголемена неизвесност и сложени геополитички, безбедносни и економски предизвици, меѓународното право претставува клучен предуслов за зачувување на мирот и стабилноста, заштита на суверенитетот и правата на државите и воспоставување јасни правила во меѓународните односи. Притоа, ја истакна потребата од силни институции што ќе обезбедат доследна примена на овие правила, посочувајќи ја улогата на парламентите во демократскиот надзор, легитимирањето на меѓународните обврски и поттикнувањето на дијалогот и соработката.

Осврнувајќи се на улогата на Советот на Европа, тој го истакна придонесот на Организацијата во унапредувањето на човековите права, демократијата и владеењето на правото. Нагласи и дека парламентарната дипломатија е важен инструмент за зајакнување на меѓусебната доверба, продлабочување на меѓупарламентарниот дијалог и развивање долгорочни партнерства засновани на соработка и почитување.

Во контекст на современите предизвици, претстедателот Гаши ја потенцираше важноста и на регионалната соработка и координираните активности за зајакнување на колективната отпорност и справување со заедничките безбедносни, економски и социјални предизвици. На крајот заклучи дека преку отворен дијалог, размена на искуства и меѓусебна поддршка, парламентите можат да придонесат кон траен мир, стабилност и одржлив развој, во интерес на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер