МакедонијаНа осумчлено семејство во пожар му изгореа куќата и еден тон тутун На осумчлено семејство од селото Воѓани, општина Кривогаштани, во пожар им изгоре целата куќа и речиси сиот род на тутунот од околу еден тон. Семејството Благадушески во Новата година ќе влезe без покрив над главата и без целиот макотрпен труд со тутунот. Поради неисправна инсталација на 16 декември за еден час семејството во пламенот загуби сѐ. Среќа велат, што не биле во куќата. Живеат од ден за ден кај роднините. - Ние седевме во помошната просторија што е до куќата. Околу 18:20 часот викна соседот дека кај нас нешто гори. Кога излеговме и видовме дека гори куќата, сопругот ги исклучи осигурувачите. Повикав пожарна. Им се јавив на синовите кои во моментот не беа дома. А многу, многу гореше, се сеќава Јулијана Благадушеска. Во куќата која била стара 60-тина години, ама цврста градба, сепак со стара инсталација, заедно живее осумчленото семејство, свекорот на Јулијана, таа, сопругот, деверот, двата синови, четиригодишниот внук и снаата која треба во февруари да се породи. - Среќа што не појдовме на спиење, инаку, можеше сите да изгориме. На таванот беше и тутунот. Околу еден тон. И тој изгоре. Претходно имавме симнато мал дел да го калапиме. Во куќата изгоре целата покуќнина, раскажува Благадушеска. Сега просторот каде беше куќата е празен, расчистен од гарежот запаленото и изгореното. - Приоритет е да направиме две-три простории за да се прибериме. Сега семејството спие на други места, кај роднини, пријатели. За празниците, некако ќе поминеме. Луѓето помагаат, вели Благадушеска. И Дејан Благадушески, девер на Јулијана, нагласува дека има хуманост и добрина и дека најважно е сите да се на број. - Бев на работа кога ми се јавија за пожарот. Најбитно ми беше да се сите на број. Изгоре куќата, со таа тешка ситуација ќе се носиме сите заедно. Еве, луѓето помагаат, ине само од селото, туку и од соседните места. Многу сме им благодарни. Има хуманост, има човечност, вели Благадушески. Општина Кривогаштани отворила жиро сметка, ги повикале сите да даруваат за семејството да застане на нозе оваа зима. Помошта веќе стигна од Сојузот на земјоделските здруженија. Изгорениот тутун е во вредност од околу 10 000 евра. - Дојдовме да го посетиме семејството Благадушески, да им дадеме поддршка, и морална, и парична. Како Сојуз издвојуваме пари, од околу 120 000 до 180 000 денари. Ги повикувам сите тутунари, а и откупувачите да помогнат семејството да застане на нозе по оваа трагична ситуација. Изгорени се околу еден тон тутун што е во вредност од околу 10 000 евра. А куќата што изгоре е уште поголема штета. Голема е штетата, вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделски здруженија. Семејството Благадушески од кривогаштанско Воѓани тагува по уништениот дом. Радоста ќе ја чека кога ќе се роди деветтиот член на семејството, во февруари. Секоја помош ќе биде добредојдена.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНа патнички авион во Франкфурт му отпадна предниот трап (ВИДЕО)На авионот Боинг 787 на германската авиокомпанија Луфтханза му се скрши предниот трап за слетување попладнево додека беше на застанување на аеродромот во Франкфурт.Портпаролката на Фрапорт, компанијата што управува со најголемиот транспортен центар во Германија, изјави дека инцидентот се случил околу 12:45 часот и дека околностите сè уште се утврдуваат. WATCH: A Lufthansa Boeing 787-9 Dreamliner (D-ABPQ) sustained substantial damage after its nose landing gear collapsed while parked at the gate at Frankfurt Airport. The incident led to the cancellation of today's LH450 to LAX service as airport and airline teams assess the… pic.twitter.com/BPdK5fWVVk — Turbine Traveller (@Turbinetraveler) June 4, 2026 Во тек е истрага за да се утврдат сите детали, вклучително и дали некој е повреден. Според неофицијални информации, во авионот немало патници во времето на несреќата, а багажот се товарел. 787 е двомоторен широк трупен авион што Луфтханза го користи главно на долги релации и е релативно нов додаток на флотата на превозникот.Тагови: авион Франкфурт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВоведни зборови за случајот со злоупотреби на ИПАРД-фондовитеВо Основниот кривичен суд со воведни зборови на Обвинителството и адвокатите започна главната расправа за случајот со злоупотреба на ИПАРД-фондовите.Со воведни зборови на Обвинителството започна главната расправа за случајот со злоупотреба на ИПАРД-фондовите, во кој поранешниот директор на Платежната агенција Илија Стоилев се товари за примање награда за противзаконито влијание, а поранешниот министер за локална самоуправа и правда, Џевдет Насуфи, во случајов управител на фирма е обвинет за давање поткуп и организирано влијание. Според обвинението, биле ветени и исплатени десетици илјади евра со цел да се обезбеди одобрување на ИПАРД-средства за фирма која не ги исполнувала условите. Обвинителката Наташа Поп-Трајкова во воведните зборови истакна дека станува збор за коруптивен систем кој „има име и презиме“, и кој, освен што ја нарушил довербата во домашните институции, ја довел во прашање и довербата на меѓународните партнери во управувањето со европските фондови. Одбраната на Стоилев и Насуфи целосно ги отфрли наводите на обвинителството,.. адвокатката на екс директорот изјави дека обвинението се темели на претпоставки, а не на директни докази, и потенцираше дека Стоилев не учествувал во бодувањето на проектите и не можел да влијае врз конечната одлука. Одбраната на Насуфи тврди дека тој ниту дал, ниту ветил парични средства, и дека средсвата кои биле одобрени биле намалени за околу 65 проценти, што според бранителот, ја исклучувало можноста за договор за поткуп. За останатите обвинети, меѓу кои службени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и Управата за јавни приходи, обвинението тврди дека преку бодување и административна обработка овозможиле одобрување на проектот спротивно на правилата. На претходното рочиште, вработената во платежната егнција Јасмина Костадинова ја призна вината и беше осудена на 10 месеци затвор. Следното рочиште е закажано за 9 јуни. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеДолга и болна листа на чекање – за операција на колк чекаат 659 луѓе Ем боли, ем се чека...За операција на колк во Македонија на листа за да ги викнат за операција во болница чекаат околу 660 луѓе, а некои од нив, за да ја направат интервенцијата трпат веќе година ипол. Дека се чека и по 18 месеци нотира анализата на Фондот кој ги собрал податоците од болниците во која се нотира дека најдолга е листата на „Осми септември“ каде во болничките тефтери за операција има запишано 300 луѓе. Првиот човек на Фондот Сашо Клековски вели дека има и позитивна страна - иако поради реновирање на операционите сали токму во „Осми септември“, но и на Клиника долг период тие беа затворени хирурзите успеале да сработат 10% повеќе интервенции на колк и колено лани споредено со 2023. -Вкупно 69% проценти од интервенциите се прават во само три од вкупно 13 институции а тоа се ТОАРИЛУЦ, или Клинички центар, ГОБ „Осми септември“ и Св. Еразмо, а 76 % всушност се прават во Скопје и во Охрид и имаме една географска концентрација на операциите (интервенциите) а со тоа и на листите на чекање. -Сашо Клековски – директор на ФЗО. Клековски смета дека листите на чекање во дел се должат и на тоа што пациентите бараат и чекаат конкретен хирург да ги оперира и апелира да се зголеми довербата во кадарот. Листата на чекање е најдолга во две институции, каде што имаше и реални проблеми со капацитетот на оперативнте сали. Меѓутоа, делумно таму притисокот и листите се продолжуваат заради изборот на лекари. Изборот на лекар е важен, но би апелирал до граѓаните дека во земјава немаме само тројца, четворица или петмина хирурзи. Ние надвор од Скопје имаме хирурзи што оперираат р`бетен столб. -Сашо Клековски – директор на ФЗО. Од Фондот тврдат дека Мекедонија по операции на колено е на средина споредено со регионот, а на дното по интервенции на колено. Оттаму оценуваат дека има напредок во областа која ја поткрепуваат со статистика, но и простор за подобрување на она што не чини. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРазбиена шема за нелегално посвојување - мајка го продала бебето за 500 евра, кривична за шест лица15:00Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20
Разбиена шема за нелегално посвојување - мајка го продала бебето за 500 евра, кривична за шест лица15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22