Засилена полициска акција на територијата на целата држава: Извршени 47 претреси, лишени од слобода 16 лица
Земјоделците бараат гарантирана цена од 15 денари за килограм пченица пред стартот на есенската сеидба
1Засилена полициска акција на територијата на целата држава: Извршени 47 претреси, лишени од слобода 16 лица
2Земјоделците бараат гарантирана цена од 15 денари за килограм пченица пред стартот на есенската сеидба
На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
1На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
БалканНа Олимп спасено семејство планинари од БугаријаСпасено четиричлено семејство планинари од Бугарија, на планината Олимп, поради невремето останале заробени на планината .Четиричлено семејство планинари од Бугарија, кои беа заробени на Олимп поради невреме, денеска е успешно спасено, јавија грчките медиуми. Поради снег, силен ветер и дожд, двајца искусни планинари и нивните деца на возраст од седум и 11 години синоќа се изгубиле и ноќта ја минале на локацијата Зонарија, на надморска височина од над 2.600 метри, пренесе Екатимерини. Противпожарната служба околу 23 часот добила повик од планинари за помош, по што нивните членови и спасувачките екипи излегле на местото на настанот. Во акцијата за спасување учествувале 14 пожарникари, како и припадници на спасувачката служба кои рано утрово успеале да стигнат до планинарите и да ги пренесат на безбедно.Тагови: планинари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00
МакедонијаЗасилена полициска акција на територијата на целата држава: Извршени 47 претреси, лишени од слобода 16 лицаЗапленети дрога, оружје и муниција.На 16/17.10.2026 година, Одделот за криминалистичка полиција, во координација со сите сектори за внатрешни работи и Единицата за службени кучиња, спроведе засилени мерки и активности на територијата на целата држава, насочени кон откривање и сузбивање на криминалот, особено недозволената трговија со дрога и нелегалното поседување оружје. Во рамки на акцијата беа извршени 47 претреси во домови и други помошни простории на повеќе локации низ државата. При претресите беа пронајдени и одземени поголема количина марихуана, повеќе пакувања со кокаин, како и помали пакувања со кокаин подготвени за понатамошна продажба. Исто така, беа пронајдени и одземени огнено оружје – пиштоли и пушки, разновидна муниција, парични средства и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Во текот на акцијата од слобода се лишени 16 лица, а поднесени се 11 кривични пријави за кривичните дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни активности за откривање и санкционирање на сите форми на криминал, со цел обезбедување побезбедна средина и поголема сигурност за сите граѓани.Тагови: полициска акција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗемјоделците бараат гарантирана цена од 15 денари за килограм пченица пред стартот на есенската сеидбаСо орањето почнуват давачаките на земјдоелците за новата есенска сеидба. Но пред да почнат да инвфестираат тие бараат државата да постави јасна поддршка за да се врати интересто кај полјоделците да го засејат лебното жито на поголеми површини со што би се намалила увозната зависност од србија на пченица и брашно за производство на леб. Земјдоелците бараат државата да излезе со пресметката за производната цена што секако е нејзина закоснка обврска но клучното барање е да излезе државата со гарантирана цена од 15 денари за килограм за да се сее пченица на што поголеми површини и да не остануваат нивите празни. Оваа гарантирана цена од 15 според земјдоелциет како и поделбата на картичките за зелена нафта кои годинава се во вистински момент пред стартот на есенската сеидба би можела да го ибалансираат трошокот кој е зголемен при производството како и ниските откупни цени од 10 денари за килограм кои се провлекуваат секоја година со цел земјоделциет да се ориентираат само на производство без да се грижат за пласманот и откупните цени. Тие исто така бараат да се доплатат по 5 денари од интервентниот фонд за годинава заради ниските откупни цени со се соочија земјдоелците. Според претставниците на земјоделците потребен е итен дијалог со надлежните бидејќи лани 9 илјади земјоделци беа исклучени од можноста и годинава нема да земат субвенции зошто неколку месеци по сеидбата се донесе правило колку за зголемена норма на семенски материјал како услов за поддршка за што не беа навреме информирани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија178 зони со ризик од поплави, усогласеност со ЕУ-директивата само 16%178 зони со потенцијален ризик од поплави се идентификувани низ Македонија.178 зони со потенцијален ризик од поплави се идентификувани низ Македонија, а усогласеноста на државата со европската Директива за поплави изнесува само 16%, покажуваат податоците од проектот за унапредување на имплементацијата на европската Директива за поплави. Проектот предвидува изработка на мапи на опасности и ризици од десет речни подсливови, кои треба да помогнат во утврдувањето на најзагрозените подрачја и планирањето на мерките за заштита. Паралелно се подготвуваат и измени на Законот и подзаконските акти за води, со цел националното законодавство да се усогласи со европските правила. Проектот предвидува и изработка на план за воведување систем за рано предупредување од поплави, со кој треба да се подобрат координацијата меѓу институциите и навременото информирање на населението. - Ние веќе ги сработивме амандманите во Законот за води, процедурата е во Министерство за животна. Исто работат на други амандмани за други области и очекувам дека во најскоро време ќе биде законот ставен во процедура, процедура на усвојување.-Татјана Тодоровска проектен директор на Ептиса -Овие зони со потенцијален ризик се дефинирани, значи, на основа на топографски, географски, хидрогеолошки, геолошки подлоги, информации за претходни поплави и меѓу останатото, значи, сè она што претходно се има случено е евидентирано како зона со потенцијален ризик од поплави во државава. Значи се работи за 178 прелиминарно идентификувани зони. За секоја од овие зони, значи, потребно е, согласно Европската директива, да се изработи проценка на ризикот од поплави.-Драган Ивановски –раководител на технички дел на Ептиса Црвениот крст има Интервентна единица од 40 членови, составена од медицински персонал, парамедици, лица задолжени за логистика и психосоцијална поддршка. Тимот е обучен да одговори на потребите на населението во првите 72 часа по катастрофа. Интервентната единица е формирана по трагедијата во Кочани, а била ангажирана и при последните поплави во Кичево. -Интервентниот тим функционира во првите 72 часа откако е случена одредена катастрофа или криза и овој тим поминува различен тип на обуки во текот на годината со цел да биде трениран и подготвен да одговори на потребите на заедницата во услови на катастрофа.-Ивона Ѓорѓиева – член на Интерветна единица Црвен крст Проектот за усогласување со европската Директива за поплави се спроведува од февруари минатата година, а неговото завршување е планирано до крајот на август наредната година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00