КултураНа „Охридско лето“ вечерва симфонискиот оркестар од Црна Гора и нашата пијанистка Нина Костова Музичката програма на годинешното 64. издание на „Охридско лето“ продолжува со целовечерен концерт на уметниците од Црногорскиот симфониски оркестар, со пијанистката Нина Костова како солист.Црногорскиот симфониски оркестар за прв пат настапува на 14 декември 2007 година во Цетиње, и набргу станува центар на музичкиот живот во Црна Гора. На преку 500 концерти одржани во земјата и во странство (Италија, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Русија, Турција, Албанија, Франција) како солисти со овој оркестар меѓу останатите настапиле: Монсерат Кабалје, Миша Мајски, Иво Погорелиќ, Иља Гринголц, Роман Симовиќ, Милош Карадаглиќ, Денис Шаповалов, Симон Трпчески, Стефан Миленковиќ, Константин Лифшиц и многу други истакнати солисти и диригенти. На репертоарот на овој оркестар се наоѓаат дела од сите стилови и музика од барокната ера, па сѐ до современи дела. Оркестарот остварува концерти со епохални дела од светската музичка ризница кои претставуваат историски мигови во црногорскиот музички живот. Покрај тоа, редово се застапени делата на црногорските композитори Иван Бркановиќ, Илија Лакешиќ, Борислав Таминжиќ, Жарко Мирковиќ, Нина Перовиќ, Александар Перуновиќ, Сенад Гачевиќ кои се значајни во музичката историја и сегашност на Црна Гора. Со оркестарот раководи и диригира Марк Корович, дипломец по хорско и оркестарско диригирање на „Сорбона“ во Париз. Оркестарско диригирање студира и на Конзерваториумот за музика во Париз, а магистерски студии по хорско диригирање завршува на Високата школа за музика во Женева. Од 2014 Марк Корович редовно работи со хорот на Француското радио, како и со хорот „Акцентус“ со кои настапува на турнеи, снимања, а надвор од Франција соработува со хорот на Хрватското радио, со вокалните ансамбли во Штутгарт и Минхен, ансамблот English voices, хорот на градот Мадрид и на Шпанската РТВ. Соработува со ансамблот „Кончерто Келн“, со Хрватскиот барокен оркестар, Хашкиот камерен оркестар, Симфонискиот оркестар на ХРТ, како и со националниот оркестар во Монпелје. На оперската сцена работи во оперите во Руен и Монпелје, во театарот „Шанзелизе“ и во Виенскиот театар. Остварува успешни соработки со врвни диригенти како што се: Сајмон Ратл, Даниел Хардинг, Алан Гилберт, Густаво Дудамел, Еса-Пека Салонен, Даниеле Гати, Клаус Мекела, Лахав Шани, Луи Лангре, Стефан Денев, Херберт Бломштед, Филип Жордан, Лоренс Екилбеј и др. Марк Корович учествува на бројни фестивали во Салцбург, Монпелје, фестивалот „Моцарт“ во Њујорк, „Балтичкиот фестивал“ во Стокхолм, како и на оперскиот фестивал во Екс ен Прованс. Во 2017 година е именуван за уметнички директор на Младинскиот хор на Париз, од 2018 година е хор-мајстор на Шведскиот радио хор, а од 2022 е уметнички раководител и диригент на Парискиот оркестар „Колон“. Раководител е на семинари и мајсторски курсеви ширум Европа (Хаг, Осло, Валенсија, Загреб) и редовно е член на жири на меѓународни хорски натпревари. Ангажиран е како професор по диригирање на Регионалниот конзерваториум за музика во Париз. Како солист на вечерашниот концерт заедно со гостите од Црна Гора ќе настапи и нашата пијанистка, Нина Костова. Костова музичкото образование го стекнува во Скопје, во класата на реномираните професори Људмила и Борис Романови. Во текот на своето образование добитник е на бројни награди и признанија и често настапува на европските сцени во Велика Британија, Франција, Италија, Бугарија, Турција и сл. Во периодот од 1991 до 2010 година, учесник е на сите семинари водени од проф. Борис Романов, организирани од ДМБУЦ – Скопје, МММ, како и Музичкото училиште „Добрин Петков“ во Пловдив и музичкото училиште „Војислав Вучковиќ“ од Белград. Дипломира и магистрира со посебна пофалба cum laude, a во 2014 година ги завршува докторските студии. Нина Костова, повеќе пати настапува како солист со Националната филхармонија, Младинскиот симфониски оркестар „Добрин Петков“ од Пловдив, Камерниот оркестар „Св. Ѓорѓе“, камерниот оркестар „Московија“, Симфонискиот оркестар на ФМУ. Соработува со значајни диригенти од земјава и странство меѓу кои Саша Николовски, Александар Лековски, Борјан Цанев, Леонид Николаев, Едуард Грач, Пламен Парванов, Јанко Костелиц и други. Исто така, одржува бројни настапи во камерни состави и дуа од кои се издвојуваат настапите во Босна и Херцеговина, Белгија, Италија, Франција и САД, како и настапот на „Охридско лето“ со Квартетот Хеншел од Германија. Моментално работи како вонреден професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Со своите ученици и студенти постигнува огромни успеси, за кои показател се двете признанија од Карнеги Хол за посебен придонес на натпреварот „Американски таленти“ како и признанието од фондацијата „Спиваков“ за посебен придонес на фестивалот „Москва сретнува пријатели“ во 2013 год. Вечерашниот концерт ќе се одржи на сцената во Предворјето на „Света Софија“ со почеток од 21 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: И по „научно-образовната“ екскурзија - ВМРО ги нарекува граѓаните на Македонија „талог“Мислевме дека по враќањето од Брисел, Христијан Мицкоски научил нешто повеќе од францускиот предлог.Мислевме дека на таа „научно-образовна“ екскурзија разбрал дека методите на Ванчо Михајлов не се за во 21от век. Мислевме дека разбрал дека пропагандата што ја спроведува Латас по модел на Гебелс не е за граѓани на европска земја - особено не за народ со антифашистичка историја. Но, не. Преку своите портпароли, Мицкоски повторно ја продолжува кампањата „талог“. Илинден годинава наместо ден на единство и прослава на државноста, ќе остане запаметен како почеток на кампањата „талог“ и продолжување на поделбата на народот. Претседателот на „промакедонската“ партија - која не може да биде македонска кога половина од функционерите имаат бугарски пасоши - одлучи наместо поделба на „предавници“ и „патриоти“ (моделот на Ванчо), сега да дели на: • подобни - оние што молчат, ги поднесуваат сите економски и здравствени неуспеси на владата и не креваат глас, • и неподобни - сите што се противат на организираната криминална група што ја предводи Мицкоски, а се вика ВМРО. Сите што сакаат успешна, богата, здрава и европска Македонија - за него се „талог на општеството“. Прво ги примени техниките на Ванчо Михајлов против политичките противници. Потоа ги примени и внатре во партијата, ги отстрани сите потпретседатели и од општинските комитети направи лични фан-клубови. Сега останаа само „подобните“ гласачи што треба да му ја осигуруваат власта и „неподобните“ што не сакаат изолирана, корумпирана и сиромашна држава. За Мицкоски - тие се „талог“. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЧешкиот премиер се извини за берењето цвеќе на планинаЧешкиот премиер Андреј Бабиш се извини што набрал цвеќе во заштитено подрачје на планината Лиса Хора, во источниот дел на земјата, наведувајќи дека ќе плати парична казна доколку се утврди дека ги прекршил прописите. Во видеото објавено на Фејсбук, Бабиш објасни дека го набрал цвеќето во спомен на починат колега од неговото политичко движење АНО, со кого претходно се искачувал на планината. „Можеби сум прекршил закон, за што се извинувам, и секако ќе платам казна доколку е потребно“, рече тој. Видеото од саботното искачување, објавено на Фејсбук-страницата на Бабиш, го прикажува чешкиот премиер како се искачува со мал букет цвеќе, кој подоцна го положил на споменик на планинскиот врв. На врвот висок 1.324 метри – највисоката точка на Моравско-шлеските Бескиди – на Бабиш му се придружија двајца министри кои се членови на движењето АНО, како и бројни поддржувачи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Автомобилизам„Denza N8“-Може да помине над 1.000 километри на електричен погон со едно полнењеКинескиот автомобил „Denza N8“ е опремен со батерија од 130,15 kWh или 105,792 kWh.Најновите регулаторни документи објавени од кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија (MIIT) открија детали за претстојниот модел на BYD, Denza N8, како и за продолжената верзија Denza N8L. Електричниот Denza N8 сега има максимален досег од 1.003 км. Denza N8 е опремен со батерија од 130,15 kWh или 105,792 kWh, а моделот N8 нуди опции за досег од 1.003 км, 970 км, 840 км и 800 км. Во меѓувреме, Denza N8L, користејќи LFP батерија од 130,15 kWh, нуди електричен досег од 960 км според кинескиот систем за мерење (CLTC). Denza N8 е долг 5.150 мм, додека Denza N8L достигнува должина од 5.200 мм. Верзијата со погон на задните тркала и еден мотор е достапна со две нивоа на моќност: 320 kW (429 КС) и 370 kW (497 КС). Достапен е и погон на сите тркала со три мотори. Оваа конфигурација се состои од еден преден мотор (270 kW/362 КС) и два задни мотори (секој со 310 kW/416 КС), што резултира со вкупна моќност од 890 kW (1.193 КС), пишува Car News China.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook