Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во Хрватска
2Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во Хрватска
КултураНа „Охридско лето" вечер со кларинетистот Стојан Димов и Дино Имери на пијаноМузичката програма на „Охридско лето" продолжува со вечерашниот концерт на домашните уметници, Стојан Димов на кларинет и Дино Имери на пијано.Стојан Димов основно и средно образование завршува во Велес и во Скопје, а во периодот од 1975-1981 година студира на Факултетот за музичка уметност во Скопје (проф. Иван Кочаров) и на Универзитетот во Загреб (проф. Јосип Нохта). Магистрира во 1993 година во Скопје, а од 1980-1995 година е соло кларинетист во Македонската филхармонија. Истовремено е член на Биг Бендот на МРТ, а од 2002 година е постојан член на групата на Горан Бреговиќ. Низ годините бележи бројни настапи со рецитали, а како солист настапува со повеќе македонски и странски оркестри. Соработува со значајни диригентски имиња, а член е и на разни камерни ансамбли. Денес, Стојан Димов е еден од најактивните македонски музичари со настапи низ целиот свет. Дино Имери (1990) е еден од најреномираните македонски пијанисти. Настапувал со огромен успех со Стразбуршка филхармонија, Софиска Филхармонија, Македонска Филхармонија, Симфониски и Камерен оркестар на ФМУ, Македонска Опера и Балет, Камерен оркестар на Музичка младина на Македонија. Со рецитали настапувал на престижни сцени низ цела Европа меѓу кои: „Ватрослав Лисински" – Загреб, Палата „Естерхази" и „Лист-Центрум" во Австрија, „Пијано Плаж фестивал" во Франција, Охридско лето, Скопско лето, Интерфест – Битола и др. Добитник е на голем број награди и признанија. Имери бележи и бројни домашни и меѓународни дискографски изданија, а од Декември 2018 г. се стекнува со звање доцент и предава на факултетот за Музичка уметност во Скопје повеќе предмети од областа на пијано, камерна музика, корепетиција и пијано во контекст. Концертот ќе се одржи на прекрасната сцена во катедралната црква „Света Софија" со почеток од 21 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПритвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Шоу бизФото: Каква мајка таква ќерка, Гвинет Палтроу и нејзината ќерка Епл позираа во бикиниХоливудската ѕвезда, убавата актерка Гвинет Палтроу на воодушевување на фановите на социјалните мрежи сподели летни фотографии со својата 22-годишна ќерка, Епл Мартин.53 годишната Гвинет сподели неколку летни фотографии на Инстаграм, а најголемо внимание привлекоа оние на кои е прикажана нејзината 22-годишна ќерка, Епл Мартин. Мајката и ќерката заедно уживаа во сонцето, а многумина забележаа колку Епл личи на својата позната мајка. „Летото засега одлично минува“, напиша Палтроу покрај фотографиите. На една од фотографиите, Гвинет позира без шминка, облечена во црн едноделен костим за капење и со очила за сонце. До неа е Епл во бикини со црвено-бели пруги. Епл, ќерката што Палтроу ја има со својот поранешен сопруг Крис Мартин, сега е подготвена да направи уште еден чекор кон актерска кариера. Таа доби улога во романтичната комедија „Париз Парамаунт“ (Paris Paramount), иако деталите за нејзиниот лик сè уште не се откриени. Гвинет Палтроу и фронтменот на „Колдплеј“, Крис Мартин, стапија во брак во 2003 година. По 11 години брак, тие ја објавија својата разделба, а официјално се разведоа во 2016 година. Сепак, останаа во добри односи и заеднички се грижат за својата ќерка Епл и синот Мозис (20).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Српска актерка ужива во танга на плажаУбавата српска актерка Ивана Дудиќ покажа како ужива во одморот, а со фотографија од плажата предизвика лавина коментари на социјалните мрежи. Таа позираше во едноделен костим за капење, а кога му сврте грб на фотоапаратот, нејзините следбеници имаа што да видат. Од напред сè изгледа умерено, но одзади, костимот за капење со танга-крој ги открива повеќето од нејзините атрибути. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизБрус Вилис сепак присуствувал на свадбата на својата ќерка, објавена е ретка фотографија од негоТалула Вилис (32), најмладата ќерка на поранешната холивудска брачна двојка, Брус Вилис и Деми Мур, се омажи за музичарот Џастин Ејси. Свадбата се одржа на 8 август на семејниот имот во Ајдахо, во присуство на најтесното семејство. Најголемо внимание привлече доаѓањето на таткото на невестата, славниот актер Брус Вилис – кој ретко се појавува во јавноста поради сериозната здравствена состојба. „Вог“ објави црно-бела фотографија на која се гледа како Брус Вилис ја прегрнува Талула, истовремено држејќи го и својот зет. Талула ја опиша сцената како нежен момент споделен со нејзиниот татко и сопруг на почетокот на празничниот викенд. Фотографијата предизвика бројни емотивни реакции на социјалните мрежи. Многумина коментираа колку биле трогнати од сцената, особено имајќи ја предвид борбата на актерот со болеста и неговата одлука да биде покрај својата ќерка на нејзиниот важен ден, и покрај сè. Брус Вилис се повлече од актерството во 2022 година откако му беше дијагностицирана афазија. На почетокот на 2023 година, неговото семејство објави дека актерот боледува од фронтотемпорална деменција. Станува збор за прогресивно невродегенеративно нарушување што може да влијае на говорот, разбирањето на јазикот и однесувањето. Оттогаш, Вилис ретко се појавува во јавноста, а за него се грижи неговото семејство. Покрај Талула, Брус Вилис ги има и ќерките Румер и Скаут од бракот со поранешната сопруга Деми Мур. Тој остана близок со Деми и по нивниот развод.Тагови: Брус Вилис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook