На „Охридско лето“ вечер со кинескиот виолинист Нинг Фенг - Канал 5

На „Охридско лето“ вечер со кинескиот виолинист Нинг Фенг

Седумнаесетиот ден од годинешното „Охридско лето“ резервиран за солистичкиот концерт на познатиот виолинист Нинг Фенг од Кина, во пијано придружба на Томас Хопе.

На „Охридско лето“ вечер со кинескиот виолинист Нинг Фенг
Селекторот на музичката програма на „Охридско лето“ Гордана Јосифова-Неделковска најави дека после незаборавните концерти на светски познатите пијанисти Елизавета Леонскаја, Аркадиј Володос и Максим Мрвица, следува претставувањето на овогодинешните „виолинистички ѕвезди“ кои ќе бидат дел од ова фестивалско издание.

- По прв пат на фестивалот, а и во Македонија, ќе настапи „Кинескиот Паганини“, кој со својата беспрекорна виртуозност, но и со изразена лирика и емотивност во својата изведба ќе приреди несекојдневен концерт. Овој врвен уметник свири на виолина „Страдивари“ од 1721 година. Нинг Фенг кој е добитник на Првата награда на Интернационалниот натпревар „Паганини“ во 2006 година, ќе настапи заедно со пијанистот од Германија Томас Хопе, изјави Јосифова-Неделковска.

Фенг студирал на Конзерваториумот во Сичуан и Кралската академија во Лондон. Редовно настапува во својата родна земја, но и низ целиот свет, соработувајќи со голем број оркестри, меѓу кои - Фестивалскиот оркестар на Будимпешта, Рускиот државен симфониски оркестар, Стразбуршката филхармонија, под диригентската палка на реномирани музичари како Иван Фишер, Владимир Јуровски и други.

Покрај солистичката активност, Нинг Фенг учествува и во камерни состави. Имено, тој е член на „Драгон квартет“, основан во 2012 година во Кина, како и дел од пијано-триото, заедно со Игор Левит и Себастијан Клингер.

Добитник е на повеќе награди на интернационални натпревари низ целиот свет (Прва награда на Интернационалниот натпревар по виолина „Мајкл Хил“ во Нов Зеланд во 2005 година, Прва награда на Интернационалниот натпревар „Паганини“ во 2006 година и други).

Томас Хопе е пијанист - соработник со висока репутација стекната преку изведбите на концертните програми со реномираните уметници од калибарот на Ицхак Перлман, Џошуа Бел, Антје Вајтхаас, Стефан Миленковиќ, Албан Герхард, Франс Хелмерсон во салите како „Карнеги Хол“ во Њујорк, „Концертгебау“ во Амстердам, „Вигмор Хол“ во Лондон, „Цуда“ и „Оји Хол“ во Токио, Берлинската филхармонија и други.

Покрај концертната дејност, Томас Хопе беше пијано-соработник во виолинистичките класи на Ицхак Перлман и Дороти Дилеј, постојано ги придружува пејачите во водечките оперски куќи и познатата школа „Џулијард“ и е официјален пијано-соработник на значајните меѓународни натпревари.

Значајни се и неговите мајсторски курсеви за пијано-соработка и камерна музика кои ги одржува во Германија, Бугарија, Јапонија, Чиле, САД и други земји.

Концертот ќе се одржи во катедралната црква Света Софија, со почеток од 21 часот. На програмата се избрани дела на Моцарт, Шуберт, Парт, Кронголд, Глазунов, Паганини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат

Снимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели.

Новата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат

На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил.

За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“.

Фановите се прашуваат дали сè е во ред

„Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“.

Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици.

„Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?

Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?

„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?

„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет.

Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“.

Што го предизвика тоа?

„Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување.

Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура.

Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки.

„Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот.

Кој беше засегнат?

Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот.

Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта.

Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции.

Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Француската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците.

22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“.

Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти.

Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот.

Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите.

Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата.

Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер