На „Охридско лето“ вечер посветена на композиторот Томислав Зографски - Канал 5

На „Охридско лето“ вечер посветена на композиторот Томислав Зографски

Со изведба на дела на македонскиот композитор Томислав Зографски во исполнение на домашни уметници, вечер во рамки на „Охридско лето“ ќе биде одбележана 80-годишнината од раѓањето на Зографски, еден од основположниците на македонската композиторска школа.

На „Охридско лето“ вечер посветена на композиторот Томислав Зографски

Селекторот на музичката програма на фестивалот Гордана Јосифова-Неделковска за вечерашниот концерт истакна дека е во рамки на заложбите за вметнување на македонското музичко творештво во фестивалските програми.

- Организираме авторски концерти, настојуваме делата на нашите композитори да звучат во изведбата како на македонските уметници, така и на солистите и ансамблите од странство. Овој пат авторската вечер му е посветена на еден од најзначајните македонски музички творци Томислав Зографски, со што фестивалот се вклучува во одбележувањето на 80 години од неговото раѓање, изјави Јосифова-Неделковска.

Панда Зографска-Беличанец, претседател на Фондацијата „Томислав Зографски“ изрази благодарност до институцијата што дава внимание и простор за величање на творечкиот опус на Томислав Зографски и одбележување на тој значен јубилеј.

- Зографски е врзан за „Охридско лето“ уште од најраниот творечки период, уште од 1965 година кога на петгодишниот јубилеј на фестивалот, заедно со маестро Ловро Маточиќ ја изведоа неговата „Фантазија Корале“, истакна Зографска-Беличанец.

Инаку, Зографски е и композитор на химната на фестивалот „Охридско лето“, што се изведува на отворањето и затворањето на секое од фестивалските изданија.

Во знак на благодарност, Зографска-Беличанец на директорката на „Охридско лето“ Елизабета Јанкуловска и предаде Повелба за почесно членство на фестивалот во Фондацијата „Томислав Зографски“, за заложбите во постигнување највисоки дострели во музичката уметност.

Концертот е закажан за 21 часот во катедралната црква „Света Софија“, а делата на Зографски ќе ги исполнуваат флејтистот Страшо Темков, мецосопранот Ирена Кавкалевска, обоистката Марина Арсова, младите надежни солисти на виолина Бојан Илкоски и Ѓорѓи Петровски, како и пијанистката Анастасија Грговска. Дел од концертот ќе биде и квартетот што го носи името на Зографски.

Маестро Страшо Темков изрази задоволство што македонските уметници имаат можноста да бидат дел од светски фестивал каков што е „Охридско лето“.

- Секој наш настап на „Охридско лето“ е посебен. Овојпат посебноста доаѓа оттаму што ќе се изведуваат дела на професорот Зографски, од неговиот широк опус, истакна Темков, заблагодарувајќи се во името на сите учесници на вечерашниот концерт што имаат чест да бидат дел од годинешната фестивалска програма.

Инаку, вечерашниот концерт посветен на композиторот Зогафски како и утрешниот концерт на уметниците од Музичката младина на Македонија ќе бидат пренесувани во живо од „Света Софија“ преку Интернет, преку линковите на веб-страницата на „Охридско лето“, www.ohridskoleto.com.mk како и на веб-порталот www.idividi.com.mk.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Арсовски: Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање

Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање.

Арсовски: Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање

Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање, а секој евентуален обид да се оспори резултатот, може да ја втурне Србија во нов период на нестабилност и политичка криза, оценува политичките аналитичар Петар Арсовски за Канал 5.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот

Гласачките кутии во Србија остануваат отворени уште два часа, но веќе сега е извесно дека излезноста ќе биде рекордна.. 

Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот

До 17 часот гласаа 61% од запишани 6,45 милиони глаѓани, со што се надмина вкупната излезност на претходните избори во 2023 година... Главната битка се води меѓу владејачката СНС предводена од Александар Вучиќ и Студентската листа, додека останатите партии и коалиции се борат да го поминат изборниот праг од 3 проценти за да влезат во парламентот...

Во Белград е Михаило Донев.. Михаило, расте и излезноста, но и напнатоста, со оглед дека високата излезност сугерира дека гласачите бараат промени... Каква е атмосферата во центарот на градот?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторно гори „Орловото гнездо“ на Хитлер (ВИДЕО)

Пожар повторно избувна ноќеска во планинското засолниште „Орловото гнездо“ во јужна Германија, кое некогаш го користел нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, соопшти денес баварската полиција. 

Повторно гори „Орловото гнездо“ на Хитлер (ВИДЕО)

„Повторно изгоре до висина на просторијата“, изјави полицискиот службеник.

Пожарникарите беа испратени на историското место, познато во Германија како Келштајнхаус, на самиот врв на планинското одморалиште Оберзалцберг и го изгаснаа пламенот. Не е невообичаено тлеечките жарчиња повторно да разгорат пожар откако ќе се изгасне главниот пожар, додаде службеникот, објави ЗД.

Уапсен маж

Голем пожар избувна во „Орловото гнездо“ во петокот вечерта. Полицијата го уапси осомничениот под сомнение за палење. Првичната психијатриска проценка на 33-годишниот Германец покажа дека тој е ментално болно лице, според обвинителството.

Зградата беше во голема мера уништена во пожарот, а штетата се проценува на милиони евра. „Орловото гнездо“, кое се наоѓа на надморска височина од над 1.800 метри надморска височина, е изградено под нацистичкиот режим во 1930-тите години како дел од комплексот што го користел Хитлер на Оберзалцберг.

Нацистичка историја

Се користи како ресторан од 1952 година. Сепак, објектот бил затворен во петокот и никој не бил повреден во пожарот. Хитлер го посетил „Орловото гнездо“ неколку пати за да прими дипломати и други странски гости, според локалниот туристички одбор во градот Берхтесгаден.

Сепак, од политичка гледна точка, ова засолниште „останало од мало значење“ и главно го користеле високи нацистички функционери за одмор, слободно време и приватни прослави, додава здружението. Денес, во него се одржува изложба што ја прикажува неговата нацистичка историја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер