На „Охридско лето" вечер концерт на полско-руското Дуо пијано 4 раце со Јулија Коќубан и Илја Максимов - Канал 5

На „Охридско лето" вечер концерт на полско-руското Дуо пијано 4 раце со Јулија Коќубан и Илја Максимов

По синоќешниот концерт на маестро Кемал Гекиќ, музичката програма на „Охридско лето" продолжува со вечерашниот настап на дуото 4 раце на пијано со уметниците Јулија Коќубан од Полска и Илја Максимов од Русија.

На „Охридско лето" вечер концерт на полско-руското Дуо пијано 4 раце со Јулија Коќубан и Илја Максимов

Јулија Коќубан е една од водечките пијанистки на нејзината генерација. Нејзиниот деби-албум „Шуман, Шопен, Бацевич" е оценет од музичката критика како еден од најинтересните полски деби албуми во последните години, а последното ЦД со клавирските концерти на Тансман и Бацевич е номинирано за највисоката наградата во полската музичка индустрија- „Фредерик".

Оваа млада пијанистка веќе настапила во најпрестижните концертни сали како Минхен, Виена, Берлин и Хамбург, а со концерти настапила и на бројни реномирани фестивали во Америка и Азија.

Настапува со рецитали, како камерен музичар и со бројни оркестри меѓу кои Виенскиот симфониски оркестар, Оркестарот на Виенското радио, Симфонискиот оркестар во Хамбург под диригентските палки на: Хауард Грифитс, Ханс Граф, Нееме Јарви, Кристјан Јарви, Лахав Шани, Антони Вит, Марек Пијаровски и многу други. Нејзините изведби се снимени за повеќе европски радио и ТВ станици, а некои се издадени за Сони Класикал, Грамола и Полската компанија DUX.

Јулија Коќубан дипломирала на Универзитетот „Фредерик Шопен" во Варшава и на Академијата „Моцартеум" во Салцбург во класите на професорите Пјотр Палечни и Павел Гилилов, а во 2019 година го брани нејзниот докторат по музика. Покрај уметничката кариера, Коќубан предава на Академијата „Бацевич" во градот Лоѓ, а истовремено е основач и раководител на Летната академија со името на композиторката Гражина Бацевич.

Рускиот пијанист Илја Максимов е победник на интернационалниот натпревар „Ж. Б. Виоти" во Италија, а неговиот широк репертоар ги покрива делата од раната класика па се' до модерните композитори, а делата на руските композитори секогаш имале посебно место во неговата концертна кариера.

Настапувал во некои од најпознатите концертни сали и на фестивали во Европа, Азија и Америка како Палатите на музика во Барселона и Валенсија, Академијата на уметности во Мадрид, салата „Корто" во Париз, Карнеги Хол во Њујорк, Камерната сала на Берлинската филхармонија, „Концертгебау" во Амстердам, салите во Осака, Токио и Сингапур, како и салите во Хавана и Рим. Во 2017 година Максимов го издава неговиот деби-албум со дела од Танеев, Рахмањинов и Прокофјев.

Редовно настапува како солист со различни оркестри како Кралскиот шкотски национален оркестар, Оркестарот на театарот „Карло Феличе" во Фиренца, Симфонискиот оркестар на Вухан, Државниот оркестар во Урал, Националниот оркестар во Хавана, младинскиот оркестар на Сингапур под диригентските палки на: Јустус Франц, Џејмс П. Лиу, Миша Кац, Дмитри Јаблонски, Дарел Анг и Џејмс Рос.

Илја Максимов е добитник на највисоки награди на повеќе интернационални натпревари меѓу кои и на натпреварот „Марија Каналс" во Шпанија, како и натпревари во САД, Шпанија и Шкотска. Во 2011 година на натпреварот „Мusical Olympus" во Санкт Петербург ја добива нагрдата од публиката.

Максимов е дипломец од Конзерваториумот „Лицеум" во Барселона, студирал на Кралскиот колеџ за музика во Лондон и Академијата „Моцартеум" во Салцбург со реномирани професори како што се: Станислав Почекин, Дмитри Алексеев и Павел Гилилов.

Покрај со солистичката кариера, Илја Максимов предава пијано на Академијата „Моцартеум" во Салцбург.

На програмата на вечерашниот концерт во црквата „Света Софија" се Сонатата за четирирачно пијано на Моцарт, „Мала свита" на Дебиси и Шестте пиеси Оп.11 на Рахмањинов. Почетокот на концертот е во редовниот фестивалски термин од 21 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Хаос поради нозете на Џеј Ло

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез покажа дека дури и на 57-годишна возраст може да се пофали со завидна фигура, а нејзиното последно телевизиско појавување повторно привлече внимание поради нејзиниот изглед.

Фото: Хаос поради нозете на Џеј Ло

Извајаните нозе на „жешката“ латиноамериканка Џеј Ло предизвикаа хаос, напорните тренинзи вродија со плод.

Латино дивата Џенифер Лопез гостуваше во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, каде што се појави во краток фустан што ги истакна нејзините затегнати и мускулести нозе.

За оваа пригода, таа одбра впечатлив мини-фустан во маслинеста боја, чиј крој дополнително ја нагласи фигурата по која таа е препознатлива со години.

Токму мини-должината ги стави нејзините извајани нозе во центарот на вниманието, особено додека таа седеше на каучот во студиото.

Стајлингот го заокружи со чевли со шпиц во кафеава нијанса, златни алки, часовник, прстени и обетки.

Косата ја зачешла наназад и ја врза во високо опавче, додека очите ги истакна со шминка, а усните ги остави во неутрални тонови.

Сепак, фотографиите од студиото брзо привлекоа внимание, а нејзиниот избор на облека уште еднаш покажа дека пејачката радо избира парчиња што ја истакнуваат нејзината фигура и дека не се плаши од кратки и провокативни кроеви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!

Од шеширот едвај се гледа, но градите сепак „штрчат“, дали знае некој која е оваа убавица?

Фото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!

Раперката Карди Б не пропушти прилика повторно да ги покаже своите прекрасни бујни облини – но и својот префинет вкус за мода и модни трендови.

Синоќа во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“ (Governors Awards), настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди.

Американската раперка Карди Би не ја пропушти можноста да заблеска на овој настан, воодушевувајќи ги сите присутни со своето модно издание.

За хуманитарниот настан, таа му ја довери довербата на модниот дизајнер Тамара Ралф и облече нејзин фустан од висока мода. Како што може да се види, белиот фустан, кој е кроен со нагласен струк, ја истакна нејзината витка фигура, но истовремено ги нагласи и нејзините бујни гради.

Интересен беше и делот на стомакот – златниот елемент во стил на корсет, кој на целата креација ѝ даде нота на модерен гламур.

Сепак, главниот акцент во стајлингот беше преголемата шапка, која совршено се вклопи во оваа комбинација и го претвори целокупниот изглед на раперот во уметничко доживување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБА инвестира милијарди во европската кошарка !

Најсилното светско кошаркарско првенство, НБА планира да инвестира милијарди долари во создавањето на нова европска кошаркарска лига, во која сака да ги вклучи најголемите фудбалски клубови од Стариот континент.

НБА инвестира милијарди во европската кошарка !

НБА не се откажува од идејата за започнување ново кошаркарско натпреварување на Стариот континент, а амбициите на американската организација стануваат сè поголеми.

Според информациите на британскиот „Скај њуз“ (Sky News), планот е да се формира огромен инвестициски фонд кој би располагал со милијарди долари. Средствата првенствено би биле наменети за изградба на модерни спортски сали, развој на инфраструктурата и привлекување на големи европски клубови.

Целта на НБА е да создаде натпреварување кое ќе ги обедини најпознатите спортски брендови во Европа и ќе стане сериозен конкурент на Евролигата.

Посебно внимание привлекува списокот на клубови што американската организација сака да ги вклучи во проектот. Меѓу нив се Реал Мадрид, Барселона, Милан и Пари Сен Жермен. Идејата е овие фудбалски гиганти да добијат свои кошаркарски франшизи и да ја искористат својата постоечка популарност за развој на нов спортски производ.

НБА особено смета на британскиот пазар, па Лондон и Манчестер веќе се споменуваат како потенцијални градови домаќини за нови тимови. Ова би му дало дополнителна комерцијална вредност на европскиот проект и би ја отворило вратата кон пазар каде што кошарката сè уште ја нема популарноста што ја ужива фудбалот.

Сепак, реализацијата на еден ваков голем потфат нема да биде едноставна. Дел од потенцијалните инвеститори се загрижени поради огромните трошоци за започнување на натпреварувањето, но и поради неизвесноста во однос на неговата долгорочна профитабилност.

Инаку, НБА претходно се обиде да најде заеднички јазик со Евролигата, но договор меѓу двете страни не беше постигнат. По неуспешните преговори, американската организација продолжи да ја развива идејата за посебно европско натпреварување, со поддршка од ФИБА.

Доколку планот се реализира, европската клупска кошарка би можела да влезе во сосема нова ера, со огромни финансиски вложувања и доаѓање на некои од најголемите спортски имиња.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер