На „Охридско лето“ вечер концерт на Нишкиот симфониски оркестар - Канал 5

На „Охридско лето“ вечер концерт на Нишкиот симфониски оркестар

По синоќешното свечено отворање на „Охридско лето“ со големиот концерт на оперската дива Ангела Георгиу, Фестивалот веќе од денеска продолжува со својата редовна програма.

На „Охридско лето“ вечер концерт на Нишкиот симфониски оркестар

По синоќешното свечено отворање на „Охридско лето“ со големиот концерт на оперската дива Ангела Георгиу, Фестивалот веќе од денеска продолжува со својата редовна програма, со целовечерен концерт на Симфонискиот оркестар од Ниш во црквата „Света Софија“.

Нишкиот симфониски оркестар е единствена институција во Србија од таков профил, да не е од Белград, а да делува во Србија и пошироко повеќе од седумдесет години.

Основна дејност на оркестарот е изведување уметничка музика, истовремено негувајќи го културното наследство со учество на бројни уметници од Србија и од странство.

Оркестарот има остварено гостувања на бројни манифестации „Денови на Мокрањац“ во Неготин, фестивалот „Дубровнички летни игри“ (Хрватска), Фестивалот „Олимпус“ (Грција), фестивалот „Свет на музиката“ во Фивицано (Италија) како и гостување во Грац (Австрија).

Нишкиот симфониски оркестар е добитник на значајни награди и признанија, меѓу кои Златна плакета на културно-просветната заедница на Србија, Наградата на ослободувањето на градот Ниш, Златна значка на Југословенските хорски свечености во 1970 година, како и највисокото признание на градот Ниш - наградата „11 Јануари“.

Во февруари оваа година, Нишкиот симфониски оркестар е одликуван со Указ на Претседателот на Република Србија со „Сретењенскиот орден“ од трет степен.

Вечерашниот концерт ќе се одржи под диригентска управа на маестро Зоран Станисављевиќ. Тој дипломирал диригирање во 2001 година на Факултетот за уметности во Приштина во класата на проф. Јован Шајновиќ, а магистрира на ФМУ во Белград во класата на проф. Шајновиќ и проф. Даринка Матиќ-Маровиќ. Бил асистент диригент на Академскиот хор на Универзитетот во Ниш од 1999-2004 година, а во 2004 година го основа Женскиот хор на Студенскиот културен центар во Ниш. Со тие ансамбли настапува во Република Српска, Словенија, Северна Македонија, Бугарија, Грција, Белорусија, Шпанија и Италија. Бил ангажиран како асистент диригент на Нишкиот симфониски оркестар во 2002/2003 година, а настапувал со Симфонискиот оркестар на Војската на Р. Србија „Станислав Бинички“, со оркестарот на Факултетот за уметности во Ниш, Камерниот оркестар „Аморозо“ – Лесковац, Камерниот оркестар „Импресија“ - Ниш и камерниот оркестар на Битола и оркестарот „Полифонија“ во С. Македонија. Со хоровите со кои работи освојува бројни награди и признанија, а во хорската недела во 2010 е избран за вокален педагог на Европскиот хор. Од 2012 е диригент и уметнички раководител на Академскиот хор на СКЦ при Универзитетот во Ниш со кој исто така освојува бројни награди меѓу кои гран при и награда за најдобар диригент на фестивалот „Черноморски звуци“ во Балчик, Бугарија. Од 2012 година е ангажиран како гостин диригент на Нишкиот симфониски оркестар. Работи како редовен професор на Факулетот за уметности во Ниш.

Почетокот на концертот е од 21 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер