КултураНа „Охридско лето“ промовирана монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“Со нивниот посветен труд, денес пред македонската јавност го претставуваат својот ракопис, преточен во оваа луксузна, содржински богата и значајна монографија, посветена на животот и делото на една од најголемите македонски оперски уметници.Монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“ од авторите м-р Снежана Анастасова Чадиковска и проф.д-р Александар Трајковски посветена на 100-годишнината од раѓањето на оперската примадона Ана Липша-Тофовиќ беше промовирана вчеравечер во рамки на фестивалот „Охридско лето“ кој одбележа 66 години од своето постоење, а започна токму на 4 август далечната 1961 година со солистички рецитал на оваа голема уметница, носител на алтовскиот и мецосопранскиот фах. Обраќајќи се на промоцијата, директорот на фестивалот „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски, истакна дека со оваа монографија, животот и делото на Ана Липша-Тофовиќ добиваат трајно сведоштво, а нејзиниот придонес кон македонската музичка култура и кон создавањето на „Охридско лето“ останува запишан за идните генерации. Тој упати и благодарност до авторите на монографијата за кои рече дека се докажани и реализирани музички публицисти, кои низ годините, секој на свој начин, соработувале со „Охридско лето“. -Со нивниот посветен труд, денес пред македонската јавност го претставуваат својот ракопис, преточен во оваа луксузна, содржински богата и значајна монографија, посветена на животот и делото на една од најголемите македонски оперски уметници.Несомнено, името на Ана Липша-Тофовиќ е нераскинливо поврзано со „Охридско лето“. Нејзината восхитеност од Охрид, а особено од храмот „Света Софија“ – неговиот амбиент, духовната енергија и извонредната акустика – ја поттикнала идејата токму овде, да одржи целовечерен солистички рецитал. И токму од тој визионерски потфат започнува да се испишува приказната која денес, по 66 изданија, го сочинува богатиот и шаренолик мозаик на „Охридско лето“. Но, нејзиниот придонес не е само во тоа што го одржала првиот концерт. Благодарение на нејзината визија, македонската култура концертно го добива и акустичниот простор на „Света Софија“ – простор кој и денес е една од најпрепознатливите сцени на фестивалот, рече Цуцковски. Промоторот на монографијата, Марко Коловски, еден од најеминентните македонски музиколози, рече дека со исчитувањето на последната страница од монографијата, читателот добива чувство дека се работи за капитално дело посветено на великан на македонската музичка култура. -По читањето на поголемиот дел од оваа книга, она што го знаев, она што сум го слушнал од нејзините современици и колеги доби една уверлива потврда. Низ описот на животот и сето она што тој го носи. И како што големата Ана себеси се гледаше во служба на нејзиното височество музиката, значи без никакви знаци на себеистакнување, авторите успеале на неверојатно ненаметлив начин да дозволат низ фактите, низ описот на нејзиниот однос кон делата што ги изведувала-да овозможат нејзиниот лик да ја добие токму нејзината вистинска физиономија. На авторите Чадиковска и Трајковски треба да им се оддаде посебно признание за нивниот, овојпат истражувачки подвиг, бидејќи јас речиси и да не знам книга во која речиси секоја изведба, оперска или концертна е покриена со соодветна критика или исказ. И токму тоа им овозможило на авторите сопствените оценки, дури и кога доаѓаат од сведок на тие изведби, кажа музикологот Коловски. Пригоден говор за значењето на Ана Липша-Тофовиќ имаше и проф. д-р Ганка Цветанова според која делото на оперската примадона треба да остане како силен поттик и обврска за денешните и идните генерации уметници – со истата посветеност да го негуваат, збогатуваат и афирмираат македонското музичко творештво. -Нејзината визија, уметничка извонредност и посветеност ги поставија темелите врз кои „Охридско лето“ прерасна во една од најпрестижните културни манифестации и препознатлив симбол на македонската музичка и културна сцена во светот. Годинава одбележуваме сто години од раѓањето на Ана Липша Тофовиќ. Но, јубилеите не се само повод да се навратиме кон минатото. Тие се можност повторно да ја согледаме трајната вредност на вистинските уметнички и културни достигнувања, кои не се само сведоштво за едно минато време, туку продолжуваат да живеат и да го обликуваат времето што доаѓа. Токму такво е делото на Ана Липша Тофовиќ – присутно во нејзината уметност, во институциите што ги создаваше, во вредностите што ги афирмираше и, пред сè, во трајниот дух на „Охридско лето“, нагласи Цветанова. За авторката на монографијата, м-р Снежана Анастасова Чадиковска, голема е честа да се биде дел од авторите на ова дело, како што вели, гранитен споменик кој многу јасно и аргументирано говори за непоколебливата верба во силата и креативното. -Пред шеесет и пет години, кога на единаесетгодишна возраст првпат влегов во ,,Света Софија“ доведена од родителите да го слушам концертот на Ана,се почувствував како да влегувам во друг свет,свет исполнет со возвишена светлина. Беше тоа всушност своевидно волшебство.Не само прекрасната музика , која по децении молк ја озвучи катедралната црква .Беше волшебство сета радост на луѓето од околните куќи , кои го исполнија и дворот , носејки столчиња од своите домови.Беше волшебство црврнилото на небото по залез.Беше волшебство да постоиш, да бидеш тука и сега, во нераскинлив спој со убавината.Тоа волшебство до денес ме грее ,секогаш кога влегувам во овој храм или мислам за него, вели Анастасова Чадиковска. Проф. д-р Александар Трајковски, вториот автор на книгата, појасни дека со испишувањето на ова дело се исполнува и аманетот на истакнатиот македонски диригент Фимчо Муратовски кој на последните средби пред неговото заминување од овоземниот свет, им оставил аманет да не ја забораваат Ана Липша -Тофовиќ. -Вечерва, стоејќи на местото каде што во 1961 година Ана Липша-Тофовиќ ја започна фестивалската одисеја на ,,Охридско лето", чувствувам голема возбуда и одговорност. Пред сè, заради нејзиниот музичко-сценски габарит со кој се вгради во темелите на современата македонската музичка култура. Затоа, сметам дека објавувањето на оваа книга е успех за современото македонско музичко книгоиздателство и особено, успех на македонската култура, воопшто.За мене лично, оваа монографија има и една интимна нота - навраќање на моето детство и фасцинацијата од нејзината личност, благодарение на пријателствувањето на мојата мајка и нејзината ќерка. И прекрасните средби и разговори во нејзиниот салон во Скопје, покрај грандиозниот портрет на Кондовски и концертниот клавир, рече Трајковски. Авторите на монографијата м-р Снежана Анастасова Чадиковска и д-р Александар Трајковски се истакнати музички педагози и публицисти, добитници на повеќе награди од областа на културата, публицистиката и педагогијата, со свој значаен влог во полето на македонското музичко книгоиздателство. Од нивната повеќегодишна соработка, досега се произлезени книгите „Зина Креља, сопран, првенка на Операта при МНТ“ (2018) и „Милка Ефтимова – Моето богатство“ (2020).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизХајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“Хајди Клум (53) го искористи сончевиот викенд за релаксација покрај базен. Во неделата, манекенката објави фотографија на Инстаграм на која седи на работ од базенот, со нозете во водата и кренати раце.Таа носеше само долен дел од црно бикини и качкет, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка, Лени. Лени во скутот држеше кученце по име Фриц – кое Хајди го вдоми во април. „Недела“, напиша таа кратко покрај фотографијата. Хајди не се крие Објавата брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници, кои го преплавија делот за коментари со комплименти. Некои ја нарекоа „кралица“ и „божица“, додека други едноставно напишаа „вау“. Хајди со години отворено зборува за својот став кон сопственото тело и голотијата. Во интервју за списанието „People“, таа објасни дека ваквиот пристап за неа е сосема природен. „Отсекогаш сум била многу отворена во однос на своето тело. Кога се сончам во градината, понекогаш не носам горен дел. Јас сум Европејка... моите деца никогаш не ме запознале поинаку, што веројатно е причината зошто тие се поопуштени во однос на сопствените тела“, изјави таа. Манекенката исто така истакна дека никогаш премногу не се грижела за тоа како изгледа пред другите. „Отсекогаш сум имала самодоверба. Немам проблем да шетам наоколу во долна облека. Не се кријам по ќошиња“, појасни Хајди. Таа не сака инјекции за слабеење Клум претходно зборуваше за тоа како се справува со телесните промени што доаѓаат со стареењето. Според неа, во тоа има поддршка од нејзиниот сопруг, Том Каулиц (37), кој ја охрабрува да не биде опседната со стандардите за слабост наметнати од модната индустрија. View this post on Instagram A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) Денес, таа смета дека неколкуте килограми вишок воопшто не ѝ пречат и дека таквата фигура одлично ѝ прилега. Истовремено, таа изјави дека нема интерес за лекови за слабеење, како што се „Ozempic“, „Wegovy“ или „Mounjaro“. Наместо тоа, таа се стреми да одржува рамнотежа преку исхраната и редовната физичка активност. Не поминува часови во теретана, бидејќи претпочита поедноставни форми на вежбање. Дома, во Лос Анџелес, таа често скока на трамболина или изведува вежби со сопствена тежина, вклучително и чучњеви.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГраѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
СветЖена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случајМаж, за кој постои сомневање дека е заразен со ебола, пристигна во Швајцарија од Нигерија и е примен во Универзитетската болница во Цирих, потврди денеска портпарол на болницата, пренесува Ројтерс.Владата на Нигерија претходно соопшти дека жена заразена со ебола – сопруга на швајцарски дипломат – утрово заминала за Швајцарија со специјален лет за медицинска евакуација. Во авионот бил и нејзиниот сопруг. Според веб-страниците за следење летови, авионот пристигнал во Швајцарија попладнево. Жена пренесена во Женева на лекување Портпаролот на болницата во Цирих не го откри идентитетот на мажот, но потврди дека една жена е пренесена во Женева на лекување. Властите во Женева одбија да го коментираат случајот, наведувајќи дека швајцарската влада наскоро ќе издаде соопштение со дополнителни детали. Извор: Индекс.хрТагови: ебола Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГраѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
АвтомобилизамДури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во кризаУделот на кинескиот пазар во вкупната добивка на групацијата е намален од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со локалниот производител „Xpeng“ сè уште не ги дава очекуваните резултати.Со години, Кина беше еден од најважните пазари за „Volkswagen“, но ситуацијата значително се промени. Уделот на Кина во вкупната добивка на групацијата падна од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со кинескиот производител „Xpeng“ сè уште не ги носи очекуваните резултати. „Volkswagen“ инвестираше 700 милиони долари во „Xpeng“, стекнувајќи удел од 4,99 отсто. Двете компании развија заедничка електрична и електронска архитектура за нови електрични возила, вклучувајќи ги моделите „ID. Unyx 08“ и „ID. Unyx 09“. Концептот беше автомобилите да се развиваат и произведуваат во Кина, приспособени за локалните купувачи. Сепак, продажбата на првиот модел е далеку под предвидувањата. Според податоците објавени од Ројтерс, во периодот од април до август, месечно се продавале во просек само 267 примероци од моделот „ID. Unyx 08“. Тоа е помалку од десет отсто од првичната цел од 3.622 возила месечно. Поради овие слаби резултати, „Volkswagen“ ја намали целта за продажба за 2026 година од 32.600 на 12.300 автомобили. Целта за 2027 година исто така е ревидирана, намалувајќи се од 70.400 на 64.000 возила. Технологијата и продажната мрежа како предизвик Моделот „ID. Unyx 08“ се одликува со модерен дизајн и богата дигитална опрема. Сепак, според извештаите, тој заостанува зад одредени кинески конкуренти во поглед на технологијата и брзината на полнење. Продажната мрежа претставува дополнителен предизвик: моделот првенствено се продава преку околу 166 продажни места на „Volkswagen Anhui“, наместо преку значително пошироката мрежа на партнерства со „FAW“ и „SAIC“. Сепак, „Volkswagen“ останува посветен на Кина. Компанијата очекува месечна продажба од најмногу 4.900 примероци од седанот „ID. Unyx 09“, со долгорочна цел до 2034 година да достигне 90.000 возила годишно. Овој модел ќе им конкурира на возила како што се „Tesla Model 3“ и „Xiaomi SU7“. Германскиот производител, исто така, ја разгледува можноста за извоз во Европа на возила произведени во Кина. Сепак, дополнителните царини за автомобилите произведени во Кина би можеле да го отежнат овој план. Поради тоа, како алтернатива се разгледува производство во германските погони, кои моментално работат со капацитет под максимумот. Извор: Б92Тагови: Volkswagen Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГраѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27