Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
КултураНа ,,Охридско лето “ настапи мецосопранистката Каменица од Албанија Моќниот глас на мецосопранистката Викена Каменица од Албанија и звуците на пијаното произведени под вештите раце на познатата албанска пијанистка Мерита Реџа Тершана, вчеравечер ја исполнија внатрешноста на црквата „Света Софија" .Концертот на албанските уметници се одржа во рамките на музичката програма на фестивалот „Охридско лето". Оперската дива Викена Каменица ја воодушеви публиката со својот импресивен глас, но и со сценскиот настап на подиумот во катедралната црква со што уште еднаш го потврди епитетот што го носи, оперска дива со глас што ги воодушевува слушателите. -Почестена сум што бев гостин на јубилејот на овој прекрасен фестивал. Ми беше чест што гостував заедно со мојата пријателка бидејќи заедно работиме веќе 20 години, и се знаеме многу добро. Токму затоа ни е многу лесно кога сме дует и кога работиме заедно. Публиката на концертот беше одлична. Мило ми е што го прифатија и уживаа во нашиот репертоар кој беше разнобоен со многу различни композитори, изјави мецосопранот Каменица. Пијанистката Мерита Реџа -Тершана која критиката, публиката и медиумите ја сметаат за една од најактивните уметници на албанската територија, и минатата година ја почести публиката со својот настап одржувајќи концерт заедно со флејтистката Јонела Големи. -Не сум гостин првпат, имам гостувано на фестивалот и порано, но секојпат е возбудливо да се настапи овде. Охрид има прекрасен фестивал и одлична публика, така што ми беше чест да настапам повторно. Во ова време е многу тешко да се прави музика и да се реализираат концерти поради вирусот ковид-19, но вашата организација е одлична и е за голема пофалба, така како што наликува на јубилејните 60 години постоење, рече Реџа Тершана. Возбудливото музичко патување започна со „Матината" од Леонкавало, продолжи со Шубертовите композиции „Крај потокот" од циклусот „Зимско патување" и „Липа", а продолжи со ариите „Ханабера" и Сегедеија" од операта Кармен на Бизе. На репертоарот беа и дела од Албениц, Сен-Санс, Гранадос, Барбиери, Чапи, Дебиси, Вајл и Гершвин.Извонредната интерпретација на Каменица во пријано придружба на Реџа –Тершана беше заокружено со албанските композиции „Мој убав цвету" од Мула и „Маргело" од композиторот Јакова. Публиката која, како и сите претходни фестивалски вечери максимално ги испочитува протоколите за посета на настани од ваков тип, уживаше час и половина во прекрасниот концерт и ги награди двете уметници со бурни и долги овации. До крајот на годинешното 60-то јубилејно издание на фестивалот „Охридско лето" , на програмата ќе се одржат уште три музички настани. Вечерва концерт ќе одржат италијанските уметници Масимо Мерчели на флејта и Лоренцо Бавај на пијано. Утревечер ќе настапи машкиот вокален ансамбл „Ноктурно" од Србија, а годинешната музичка програма ќе ја затвори познатата македонска обоистка Гордана Јосифова-Неделковска со концертот насловен „Музички пријателства" и нејзините гости на вечерта, гитаристот Влатко Стефановски, флејтистот Страшо Темков, како и пијанистката Елена Атанасовска Ивановска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураПрво место за Дивна Пешиќ Грозданов на натпреварот за најдобри апстрактни експресионистиНајдобри апстрактни експресионисти во светот: Пешиќ Грозданов, Чуан, Мофат, Ривас, Џон, Скопелити, Филичкин, Орантас, Бренан И Александрова / 2026 Американски уметнички наградиУметници од 69 земји се натпреваруваа на АМЕРИКАНСКИТЕ НАГРАДИ ЗА УМЕТНОСТ 2026, каде што на 20 од најценетите галерии во САД им беа испратени слики преку интернет за да ги оценуваат во цртеж, сликарство, скулптура, дигитална уметност и фотографија. Над 300-те победнички дела, од 1-во до 6-то место (и нерешени) во сите 50 категории, ќе бидат прикажани во претстоен филм и 75 статии. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд ЕУ пристигнуваат вакцините за спас на сточарите од болеста овча сипаницаНа почетокот на следнава недела од Европска Унија пристигнуваат вакцините за спас на сточарите од болеста овча сипаница заради која досега се угинати околу 10 илјади овци.Веднаш ќе се поделат по ветеринарните амбуланти за на територијата на цела Македонија да започне вакцинацијата која нема да донесе забрана за извоз на нашето јагне за пазарите на Европската Унија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПредизборен молк во Србија пред клучните избори во недела Завршни предизборни митинзи во соседна Србија која во недела се подготвува за најнеизвесните избори во последните 14 години. Под реден број еден на гласачкото ливче е коалицијата предводена од владеачката Српска народна партија, насловена „Александар Вучиќ - Обединета Србија“. Својот завршен митинг Вучиќ го оддржа во спортската сала „Ранко Жеравица„ во Белград, а негови поддржувачи вчера излегоа на улиците и во други градови низ Србија. „Да се подготвиме во недела, пенкало во раката, да го заокружиме она што е потребно и да ги победиме. Да ги победиме и да им пружиме рака вечерта после тоа, но никогаш да не заборавиме она низ кое поминавме. Да не заборавиме како ни ја рушеа државата, и секогаш да ја чуваме и браниме и да ги учиме нашите поколенија за тоа. Напред Белград, да живее Белград. Да живее Србија. Одиме да ги победиме!“ Околу 150 000 граѓани вчера вечер се собраа на централниот градски плоштад во Белград – Славија, во поддршка на протестното младинско движење кои на гласачкото ливче настапуваат под број 3 - „Студентска листа - Студентите победуваат“.Голем дел од 250-те кандидати на Студентската листа кои се кандидираат за парламентот се дел од српската академска и научна фела, или пак се сметаат за политички аутсајдери. „Пратеничката функција е одговорна јавна функција. Оној што ја добива мора да знае кому му одговара. Знаеме кому ќе одговараме. Нашите мандати ќе бидат во вашите раце, во рацете на народот! Затоа, едно е без сомнение – 25 октомври Србија победува, бидејќи знаете зошто. Затоа што кој победува – студентите победуваат!“ 18 изборни листи се натпреваруваат за 250 места во српскиот парламент. Гласањето ќе се одвива на вкупно 8.392 избирачки места, од кои 93 се во странство во 37 земји, меѓу кои и Македонија, 60 избирачки места се на територијата на она што Србија го нарекува автономна покраина Косово и Метохија, додека пак во Босна и Херцеговина ќе бидат отворени 27 избирачки места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter