На „Охридско лето“ концерт на Здружението на џез-музичари „Биг Бенд“ и слободни уметници од Скопје - Канал 5

На „Охридско лето“ концерт на Здружението на џез-музичари „Биг Бенд“ и слободни уметници од Скопје

Осмиот ден од годинешното издание на Фестивалот „Охридско лето“ резервиран за целовечерен концерт на Здружението на џез-музичари „Биг Бенд“ и слободни уметници од Скопје, закажан за вечер на сцената на Долни Сарај.

На „Охридско лето“ концерт на Здружението на џез-музичари „Биг Бенд“ и слободни уметници од Скопје
Здружението на џез-музичари и слободни уметници e невладина организација, основана со цел да ги обедини џез-музичарите од Македонија и да ја афирмира и популаризира македонската џез-музика.

Во здружението членуваат дел од најреномираните џез-музичари од Македонија, студенти и професори на џез-академиите во Скопје и во Штип, како и слободни уметници, љубители и помагатели на овој вид уметност. Здружението работи на подобрување на музичката продукција, се залага за едукација на млади таленти и ентузијасти, за афирмирање на џез-музиката преку организирање џез-фестивали и настани што ќе помогнат во негувањето на џез-културата во Македонија.

Здружението го сочинуваат Кирил Кузманов (саксофон), Иван Иванов (саксофон), Трајче Велков (труба), Сашко Николовски (тромбон), Владан Дробицки (тромбон), Гордан Спасовски (пијано), Зоран Костадиновски (гитара), Кирил Туфекчиевски (контрабас), Гоце Стевковски (тапани)... Тие се само дел од музичарите кои со „Биг Бенд“ реализираа неколку успешни концерти во изминатиот период.

Премиерно ансамблот настапи пред јавноста со проектот „Битлси“, управуван под диригентската палка на реномираниот австриски диригент, професор на Универзитетот во Грац, Зиги Фајгл, додека „Биг Бенд“ тековно работи под диригентска управа на Џијан Емин.

„Биг Бенд“ беше придружба на Виенскиот бал во Скопје, а оствари и забележителен настап на Денови на македонската музика и на манифестацијата „Денес сѐ е џез“, организирана од Здружението на џез-музичари и слободни уметници.

Почетокот на концертот е закажан за од 21 часот./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Сѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево

Сѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.

ЦУК: Сѐ уште се активни  пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево

Во текот на изминатото деноноќие се регистрирани вкупно 34 пожари, од кои седум се ставени под контрола. Во општина Струга пожар има кај селата Буринец, Локов, Селце и Елевци, каде што гори нискостеблеста шума. Во општина Македонски Брод гори кај селото Белица, односно кај местото викано Кајорец кон селото Брезница, а во Чучер-Сандево гори во близина на селото Брест на Скопска Црна Гора. Директорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, вчера уште еднаш предупреди жителите да внимаваат заради тоа што се уште има опасност од пожари .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

48 годишниот пејач кој беше застрелан на влезот на Арачиново е во стабилна состојба

48 годишниот пејач кој беше хоспитализиран по повреда од огнено оружје е во стабилна сосотојба велат од Грдска болница за Канал 5. Во план е да се прави втора интервенција кај него велат од таму.

48 годишниот пејач кој беше застрелан на влезот на Арачиново е во стабилна состојба

Од министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 01 часот и 50 минути наутро, во СВР Скопје било пријавено од здравствената установа „Свети Наум Охридски“ дека кај нив е донесено лице со иницијали А.М од Скопје.Според полицијата настанот се случил на влезот на Арачиново , откако од возило едно лице кое го познавало , а било во придружба со друго лице со огнено оружје пукало кон него . Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница

Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, во раните утрински часови се пријавил кај македонските власти по што бил уапсен информираат од министерството за внатрешни работи. Бајрами беше во бегство од 2024 година.

МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница

Од министерството за внатрешни работи информираат дека утрово во 5 часот и 35 минути ,на граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил 33 годишниот Бајрами које баран со меѓународна потерница. Тој бил лишен од слобода и спроведен во казнено поправната установа -Скопје. Бајрами е обвининет во кривичниот процес во врска со наводното незаконско работење на Државна лотарија, заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој исто така беше во бегство и исто така самиот се предаде на полицијата. МВР против Бајрами и Груби распишаа меѓународна потерница во декември 2024 година откако Кривичниот суд им определи мерка притвор од 30 дена, но тие не беа достапни за органите на прогонот. Груби се предаде во февруари годинава на граничниот премин Блаце, на македонско-косовската граница и беше во притвор, што подоцна беше заменет со куќен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер