На „Охридско лето“ концерт, изложба и премиера - Канал 5

На „Охридско лето“ концерт, изложба и премиера

Концерт на женскиот хор „Света Злата Мегленска“ во „Света Софија“, тематска изложба „Колажна приказна“ со дела на Илина Арсова и премиерна изведба на претставата „Стари времиња“ во продукција на Народниот театар од Охрид, се вечер на програмата на „Охридско лето“.

На „Охридско лето“ концерт, изложба и премиера
Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ е основан во 1996 година при Македонската православна црква, со благослов на митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил. Составен е од 25 женски вокали, повеќето од нив студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје, но и други државни факултети. Со својата посветеност и професионален однос, овие млади уметници придонесуваат за промоција и афирмација на македонската културна традиција, како и на македонската хорска музика.

Покрај редовните концерти во Македонија, хорот досега има остварено и голем број меѓународни претставувања во Европа (Велика Британија, Белгија, Германија, Франција, Италија, Грција и др.), но и во Австралија и во Соединетите Американски Држави.

Летка Димовска-Полизова е основач, диригент и уметнички раководител на женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“. Во текот на својата кариера, успешно раководи со повеќе хорови во Македонија, како детскиот хор при МРТВ, потоа мешаниот младински хор „Кочо Рацин“, камерниот хор при Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ и други. Добитник е на повеќе национални и интернационални награди, меѓу кои и признанието „најуспешна жена – диригент во Македонија“.

Тематската поставка „Колажна приказна“ на Илина Арсова е нејзиното најново ликовно излагање, низ кое авторката преку серија колажи и слики уште еднаш го покажува својот емотивен спој на природата и уметноста. Колажите се создавани во последните две години од разни отпадни материјали што најчесто ги преплавуваат нашите подруми и тавани. Таа буквално го претвора целиот свој личен отпад во слика, користејќи го постоечките бои и текстури на текстил, пластика и хартија врз која дава свој потпис преку интервенција со боја и цртеж.

Десет години по дипломирањето на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, авторката прв пат самостојно изложува во Охрид, на престижната манифестација „Охридско лето“. Во меѓувреме Арсова групно и самостојно се претставува на бројни изложби ширум светот, а ова е нејзина 13-та самостојна изложба.

Во овој циклус таа се претставува и со слики од последната фаза кога живее и твори во Охрид, нејзиниот нов дом и нова љубов. Давајќи креативна димензија на веќе изумрените материјали, Арсова пренесува глобална порака за подигнување на еколошката свест кај народот, спас на планетата Земја и зачувување на природното и културно наследство на Охрид.

За театарската премиера на најпознатото дело на Харолд Пинтер „Стари времиња“, во изведба на Охридскиот театар повеќе детали ќе соопштат актерите и режиерката на претставата Нела Витошевиќ, на тематската прес-конференција што ќе се одржи во текот на денот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Уплашена власт – со ситни игранки не дозволи опозициски пратенички прашања во Собранието

Колку многу е уплашена власта на Мицкоски се виде денеска и во македонското Собрание.

СДСМ: Уплашена власт – со ситни игранки не дозволи опозициски пратенички прашања во Собранието

Со ситни игранки, барање пауза и од нивниот сателит ЗНАМ и со прекршување на деловникот не дозволија опозициски пратенички прашања.

Претседателот на Собранието Африм Гаши паузите ги пресмета во времето од два часа за седницата и со тоа пропаднаа пратеничките прашања.

Не беше поставено ниту едно прашање.

Мицкоски и неговата организирана криминална група се плашат од вистината.

Паниката е огромна.

Откако Мицкоски вчера беше фатен жив како лаже на надзорната расправа за Алта банка, откако на сите им е кристално јасно дека тој и Трајко Славески се главни виновници кои ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ во Македонија.

Никако да им стане јасно дека бегање од вистината нема и таа ќе исплива на површна.

А потоа следува и одговорност, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку осуммина загинати и 17 повредени во уривање на зграда во Њујорк (ВИДЕО)

Осум лица загинаа кога се урна трикатна зграда покрај градилиште во Бруклин, објави градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани. 

Најмалку осуммина загинати и 17 повредени во уривање на зграда во Њујорк (ВИДЕО)

Најмалку 17 лица се повредени, вклучувајќи тројца пожарникари, рече Мамдани, додавајќи дека спасувачките операции продолжуваат. Противпожарната служба на градот претходно изјави за Ројтерс дека четири лица се во критична состојба.

Несреќата се случила кога трикатна зграда во населбата Флатбуш во Бруклин се урнала во среда околу 16 часот по локално време и паднала врз соседното градилиште каде што се вршеле градежни ископувања. Телевизиската станица Њујорк WABC-TV објави дека најмалку четири преживеани, вклучувајќи една бремена жена, биле извлечени од урнатините околу два до два и пол часа по уривањето.

Службениците објавија дека во времето на уривањето на зградата, изградена во 1930-тите, не било веднаш познато колку луѓе биле во своите домови. Тие не открија колку работници биле на градилиштето во тоа време.

Градската противпожарна комисија, Лилијан Бонсињор, изјави дека меѓу погодените од уривањето има седум деца, но не прецизираше дали меѓу жртвите има деца или возрасни.

Непознат број на исчезнати

Мамдани рече дека градскиот Оддел за згради и полицијата ја истражуваат причината за уривањето. Пожарникарите, кои биле во близина, пристигнале на местото на настанот во рок од една минута по уривањето и помогнале да се извлечат првите жртви од урнатините, изјавија властите за новинарите на прес-конференција во среда вечерта.

Снимките од локалната телевизија покажаа спасувачи со кучиња трагачи како ги чешлаат урнатините и ги отстрануваат остатоците во кофи, барајќи знаци на живот за луѓето кои можеби биле заробени во шуплините под урнатините.

Џон Еспозито, шефот на градската противпожарна служба, рече дека ќе бидат потребни неколку дена за спасувачките екипи да ги „пребараат сите потенцијални жртви“ во областа. „Не знаеме колку луѓе се исчезнати вкупно“, рече Еспозито. Околу 250 членови на противпожарната и итна медицинска помош беа испратени на местото на настанот, објави противпожарната служба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За првпат отворена стоматолошка ординација за деца со посебни потреби

Со нов апарат видео ларингоскоп што претставува побезбедна интубација на децата кои се со аутизам и со деца со посебни потреби е обезбедена новата ординација за деца со посебни потребни на Клиниката за стоматологија. 

За првпат отворена стоматолошка ординација за деца со посебни потреби

Директортката на клиниката Николоска објаснува дека со новите услови им се помага на децата без проблеми и болки да имаат интеревенции на стоматолог.

Министерот Клековски посочи дека за здрави заби е потребна во сите установи да има општа анестезија, а барања за отворање на ординации за деца со посебни потреби има и во други градови.

Министерот за здравство посочи дека во клиниката има многу новини и нова опрема обезебедена од страна на министерството за здравство и фондот за здравство во вредност од 40 милиони денари и учество на општествено одговорни компании.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер