На „Охридско лето“ Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија - Канал 5

На „Охридско лето“ Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија

Музичката програма на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на уметниците од Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, под диригиентство на маестро Џанлука Матиненги од Италија.

На „Охридско лето“ Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои повеќе од 30 години. Тој е основан како прв сегмент од Летниот музички камп на МММ во 1986 година во Охрид. Овој ансамбл е прв и единствен од ваков вид на просторите на Југоисточна Европа. Во досегашното егзистирање во неговите рамки учествувале повеќе од 300 млади музичари - претежно студенти од ФМУ-Скопје, но и гости, млади музичари од други земји. Со своето музицирање во сиот овој период се наметна на музичката јавност не само како неопходност туку и како изведувачки состав со високопрофесионални квалитети. Оркестарот има реализирано преку 90 концерти, добивајќи позитивни критики, но и национални награди и признанија. Покрај класичниот репертоар, оркестарот изведува дела од современи, како и од македонски автори. Има остварено повеќе телевизиски и радио-снимки, како и сопствена ЦД продукција. Повеќе од 30 години завршниот концерт од Летната сесија е постојан дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“, а во последните десет години и на фестивалите „Скопско лето“ и „Битолско лето“.

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија му го посветува овој концерт на долгогодишниот уметнички раководител и диригент на оркестарот, прерано починатиот Саша Николовски – Ѓумар.

Маестро Џанлука Мартиненги диригентската кариера ја започнува во театарот во Торино, а неколку години работи и во театарот „Масимо“ во Палермо каде од 1997 година е носител на повеќе раководни функции меѓу кои и уметнички директор и дел од генералниот менаџмент. Со оркестарот на овој театар диригира бројни симфониски концерти и поставува повеќе продукции на опери од 20-тиот век. Покрај работата во неговата матична куќа, Мартиненги настапува во театрите во Болоња, Рим, Верона, Катанија, Каљари, Модена, Ливорно, Пиза, а надвор од родната Италија настапува во Германската опера во Берлин, во Ирската национална опера, оперските куќи во Тирана, Марибор и Лубек, како и во „Палм бич опера“ во САД.

Комбинирајќи ја неговата оперска работа со симфониската музика, Мартиненги е чест гостин на италијанските симфониски оркестри, но и на оркестрите на Балеарските острови, Малага, Швајцарија, Словенија, Хонг Конг, Тенерифе, како и високопрофилните оркестри меѓу кои Минхенскиот Рундфунк оркестар и симфонискиот оркестар на Монтреал. По настапите со оперите „Фалстаф“ од Верди и „Тоска“ од Пучини во Тенерифе, Мартиненги е поставен за гостин шеф-диригент на Фестивалот во Тенерифе. Во 2012 година е поканет да ја диригира продукцијата на ретко изведуваната опера „Ирис“ од Пјетро Маскањи во Арената во Верона, а потоа следи и снимањето на ЦД посветено на Енрико Карузо со оркестарот на Арена ди Верона за дискографската куќа „ЕМИ“. Мартиненги е гостин на фестивалите во Дубровник, Таормина, Пекинг, а настапува и во спектакуларната опера во Сиднеј и во театарот во Буенос Аирес. Во 2015 година ја добива наградата на стручната критика за неговото водство на операта „Дијалози на кармелиќанките“ во Словенечката опера, а неодамна дебитира во Унгарската филхармонија на гала-концерт со Дијана Дамрау. Од 2016 година е назначен за шеф-диригент на Македонската опера и балет.
На програмата на вечеранипт концерт што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ се избрани дела на Бритен, Шедрин, Хендл, Моцарт, Шнитке. Почетокот на концертот е предвиден за од 20:30 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)

Поддржувачите на Албанската демократска партија денес започнаа марш од седиштето на партијата до кабинетот на премиерот, како дел од протестот против владата, објави албанскиот „Евроњуз“.

Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)

Демонстрантите, предводени од пратениците Фламир Нок, Агрон Џекмарк и други, се придружија на студентските протести составени од млади луѓе од различни градови во земјата.

Тие ги повикаа граѓаните, професорите и другите да им се придружат, нагласувајќи дека продолжуваат да ги отфрлаат повеќекратните понуди за дијалог од албанскиот премиер Еди Рама.

YouTube video

Рама, исто така, создаде онлајн платформа чија цел, како што изјави, е да служи како простор за комуникација првенствено со студентите, но и со другите граѓани.

Според него, платформата е „функционален мост“ отворен 24 часа на ден, преку кој можат да се испраќаат прашања, критики и предлози.

Тој рече дека нема забранети прашања и дека сака да разговара со студентите.

Академиците постојано го отфрлаат повикот на Рама за дијалог, кој беше придружен со предлог за одржување состаноци пред зградата на владата.

Платформата предвидува одржување на доверливоста на корисниците, додека пристапот се остварува преку идентификација на порталот е-Албанија.

„Се очекува пораките од пошироко значење да добијат јавни одговори, додека индивидуалните проблеми ќе бидат проследени до надлежните институции“, пишува „ Albanian post “.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција размислува за создавање стратешки резерви на жито

Француската влада разгледува можност за формирање стратешки резерви на жито поради растечката меѓународна нестабилност и потребата од поголема сигурност во снабдувањето со храна. 

Франција размислува за создавање стратешки резерви на жито

Министерката за земјоделство Ани Женвард побарала до крајот на месецот да ѝ бидат доставени конкретни предлози.

Франција имала стратешки резерви на храна по Втората светска војна, но системот бил укинат во 1950-тите години. Сега властите повторно ја разгледуваат оваа можност.

Според РТЛ, во земјата има околу 4.500 силоси за жито, чии капацитети би биле доволни за покривање на основната потрошувачка во период од еден месец во случај на воен судир. Сепак, нивните сопственици немаат ограничувања за извоз на житото, објектите не се оградени ниту обезбедени, а нивните адреси се јавно достапни.

„Денес стратешки резерви се создаваат низ цела Европа, во секоја европска држава освен Франција. Тоа е чисто лудило“, изјави за РТЛ Ерик Тироен, претседател на Здружението на производители на жито АГПБ. Тој оцени дека безбедноста на снабдувањето со храна е исклучително важна и дека резервите се неопходни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски: Отчетот и резултатите кои што Движење ЗНАМ во изминатиот период ги презентира се потврдени и во Извештајот од ЕК!

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со средбите со граѓаните низ државата, на кои се презентираат резултатите од изминатите две години работа и придонесот на избраните и именувани функционери од редовите на Движењето. 

Димитриевски: Отчетот и резултатите кои што Движење ЗНАМ во изминатиот период ги презентира се потврдени и во Извештајот од ЕК!

Во рамки на панел-дискусијата под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, која се одржа во Крива Паланка, се обратија претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, министерот за јавна администрација и генерален секретар на Движењето, Горан Минчев, потпретседателката на Собранието и потпретседателка на ЗНАМ, Весна Бендевска, како и директорот на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација и член на Извршниот одбор на Движењето, Злате Мехмедовиќ.

Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека резултатите од работата на функционерите на Движењето се видливи преку конкретните законски и институционални промени, кои сега се нотирани и потврдени и во Извештајот на Европската комисија за 2026 година.

„Во изминатите две години ЗНАМ презеде одговорност за суштински промени во два значајни ресори, во Министерството за правда и во Министерството за јавна администрација. За таа работа, за конкретните резултати и промените што ги спроведуваме во институциите, даваме отчет пред граѓаните низ целата држава. Денес, тие резултати се нотирани и во Извештајот на Европската комисија за 2026 година. Тоа е важна потврда дека она за што зборуваме и за што преземаме одговорност, не се само ветувања и политички пораки, туку конкретна работа препознаена и од нашите европски партнери“ истакна Димитриевски.

Тој посочи дека Извештајот на Европската комисија нотира конкретни поместувања во правосудството, особено во донесувањето на новите закони за Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, како и новиот Закон за парничната постапка. Во јавната администрација, Европската комисија нотира умерен напредок, зајакнување на институционалните капацитети за координација и следење на управувањето со човечките ресурси, донесувањето на новите системски закони за административните службеници и вработените во јавниот сектор, Законот за високите раководители, како и воспоставувањето на Академијата за јавна администрација.

Во однос на европската интеграција, Димитриевски порача дека членството во Европската Унија останува стратешка цел, но дека е потребно поголема вклученост на европските партнери во дијалогот меѓу Македонија и Бугарија.

„Членството во Европската Унија останува наша стратешка цел и ние сме подготвени да продолжиме по тој пат, но очекуваме и Европската Унија да преземе поактивна и посуштинска улога во процесот. Потребна е поголема вклученост на европските партнери во дијалогот меѓу Македонија и Бугарија, со јасна заложба за надминување на отворените прашања и спречување на нови билатерални блокади и условувања. Нашиот став е принципиелен и непроменет, уставните измени треба да имаат одложено дејство и да стапат во сила по полноправното членство на Македонија во Европската Унија. Бугари во устав без гаранции нема да се случат. Тоа се нашите црвени линии и од нив нема да отстапиме.“ истакна Димитриевски.

Движење ЗНАМ ќе продолжи да работи со истата определба со која ја презеде одговорноста пред граѓаните, да ги менува работите, да ги зајакнува институциите и да ги исполнува преземените обврски. Отчетноста не е само осврт на сработеното, туку и обврска за она што следува, бидејќи довербата на граѓаните се оправдува со дела, а не со зборови.

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер