На објекти од културно-историска важност во Охрид поставени современи табли со QR код - Канал 5

На објекти од културно-историска важност во Охрид поставени современи табли со QR код

Преку односните информативни табли туристите и посетителите на градот ќе можат да добијат информации значајни за објектот.

На објекти од културно-историска важност во Охрид поставени современи табли со QR код

Преку Проект за дигитализација и промоција на културното наследство „Интеррегионално управување со културно наследство, Е-Системи"-„ИРЦ -ХЕРМЕС" на сто објекти од културно значење и историска важност во Охрид се поставени современи информативни табли со QR код.

Преку односните информативни табли туристите и посетителите на градот ќе можат да добијат информации значајни за објектот.

Според Општина Охрид, ова е првпат во земјата на културни објекти да се поставуваат табли со QR код, што ја прави општината пионер во процесот на дигитализација на културното наследство.

Проектот „Интеррегионално управување со културно наследство, Е-Системи"-„ИРЦ -ХЕРМЕС", Општина Охрид го имплементира во партнерство со Универзитетот за технологија од Кипар, Истражувачкиот и иновативен центар за информации, комуникација и технологии од Атина, општините Самос и Крф од Грција, „ЕЛЕТ" од Грција и Ауледа од Албанија.

Проектот е финансиран од програмата „Интерег Балкан-Медитеран 2014-2020" на Европската Унија и вклучува иновативен електронски систем за дигитализација на наследството, кој има добиено европска награда за иновативност. Освен во Охрид, културното наследство е дигитализирано и во уште три балкански градови, кои се под заштита на УНЕСКО од Грција и Албанија.

Освен дигитализација на културното наследство, проектот има за цел да придонесе и кон развојот на културниот туризам и едукација на младите и туристите за значењето на културното наследство. Како резултат на проектот, општина Охрид, за прв-пат доби дигитална мапа на културното наследство, во која се опфатени околу 130 објекти кои имаат посебно културно значење за градот. Податоците од овој систем може да се користат во насока на туристичка промоција, но и за други потреби на општината.

Базата на објекти кои ќе се евидентираат и понатаму ќе расте и ќе се развива во рамки на програмата на системот на ХЕРМЕС.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието ги избра новите 8 министри

Во Собранието беа избрани 8-те новите министри во Владата предложени со владината реконструкција. 

Собранието ги избра новите 8 министри

За изборот на нови министри гласаа само пратениците од владеачкото мнозинство односно 69 пратеници. Опозицијата ја напушти седницата поради навредите кои кон нив ги упатил поранешниот министер за односи со заедниците и нов министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ.

Попладнево, ситуацијата ексалираше, откако опозијата го обвини Стоилковиќ дека упатил навреди и пцовки на адреса на пратениците на СДСМ Фатмир Битиќи и Митко Трајчулевски надвор од салата, за време на попладнвената пауза.

За нов министер за правда е избран Јетон Шасивари член на Вреди, министер за земјоделство Борче Серафимовски од ЗНАМ, нов министер за односи меѓу заедниците Агон Ферати од Вреди, министер за здравство Сашо Клековски од ВМРО-ДПМНЕ, министер за туризам и култура Седат Сулејмани од Вреди, министер за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски од ВМРО-ДПМНЕ, министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ од ДПСМ, а нов министер без ресор е Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ.

Новите министри беа избрани со 69 гласа „ЗА“, без ниту еден воздржан и против.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мухамеди: Кога притисокот кон властите е поголем -можноста тие државата да ја гледаат како извор на лично финансирање, е помала

„Треба да се работи на рационализација, на ваков начин не одиме никаде“

Мухамеди: Кога притисокот кон властите е поголем -можноста тие државата да ја гледаат како извор на лично финансирање, е помала

Имате ситуација во Парламент, Артан Груби го нарекува криминалец Сашо Мијалов, од друга страна излегува дека тој го ослободува од затвор. Тоа што политичарите го прават нечесно, нема врска со патриотизам, туку имаат за цел да ги лажат граѓаните за да добијат гласови. Треба само малку да ги гледаш работите пологично и да бидеш порационален за да сфатиш. Не знам што е лошо некој да каже дека ја почитува државата во која што живее за да добие негативнии коментари.

Треба ли да пишувам дека ја сакам Албанија, а не ја сакам Македонија, за да добивам позитивни коментари? Треба да се работи на рационализација, на ваков начин не одиме никаде. Замисли каков притисок ќе биде направен на властите ако целиот народ и Македонците и Албанците и сите други останати се обединат за некои прашања, како што се на пример загадувањето, за неправди, каков ли притисок ќе имаат властите ако народот се обедини за таков вид на прашања. И кога притисокот кон властите е поголем, тогаш и можноста тие државата да ја гледаат како извор на лично финансирање, е помала. Тогаш тие ќе чувствуаат притисок и повеќе ќе работат за граѓаните, помалку за себе, вели Умејр Мухамеди во Само Вистина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Марта е новата Мис Болоња: Некои слават, други незадоволни

Изборот на Марта Бунд за Мис Болоња 2026 предизвика жестока дебата на социјалните мрежи.

Марта е новата Мис Болоња: Некои слават, други незадоволни

Откако беше прогласена за победничка на регионалниот натпревар, следеа илјадници коментари, а мислењата на корисниците беа целосно поделени. Дел од дебатата беше за нејзиното африканско потекло.

Додека дел од јавноста ја гледа победата на Марта како знак на отвореност и инклузивност, други изразија незадоволство од исходот од натпреварот.

Во коментарите, некои корисници тврдеа дека изборите за убавина треба да го претставуваат „традиционалниот изглед“ и културното наследство на регионот. Други, пак, нагласија дека потеклото не треба да игра никаква улога во евалуацијата и дека единственото нешто што е важно е како кандидатките се претставиле и ги исполниле критериумите за натпреварување.

Што всушност освои таа?

Дебатата беше дополнително поттикната од објави што содржеа неточни или нецелосни информации, па затоа вреди да се разјасни што е во прашање.

Марта Бунда не беше крунисана за Мис Италија, туку ја освои титулата Мис Болоња 2026. Тоа беше регионално натпреварување кое ѝ обезбеди место во овогодинешното финале на Мис Италија.

Организаторите стојат зад својата одлука

Ваквите дискусии не се ништо ново во Италија. Во претходните години, учеството или победите на кандидатки од странско потекло, исто така, предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи и кај дел од јавноста.

Организаторите на натпреварот сè уште не дадоа коментар за контроверзноста, а резултатот од регионалниот натпревар останува на сила. Во меѓувреме, дебатата за современите идеали за убавина, идентитет и претставување на различни заедници продолжува на социјалните мрежи.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер