Петрушевски: Пратеникот Филипче да каже зошто досега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра?
1Петрушевски: Пратеникот Филипче да каже зошто досега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра?
3Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот - сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија
3Меѓународна поддршка на македонскиот пинг понг, Мохамед Атум од Јордан ќе тренира со најмладите пинг понгари
ЖивотНа неверојатен начин ја лажирал сопствената смрт за да не плаќа алиментација, ќе оди во затвор Маж од Кентаки пред судот признал дека ја лажирал својата смрт за да избегне да плати повеќе од 100.000 долари за алиментација.Тој незаконски пристапил до системот за регистрација на смртта на Хаваи, каде што се претставил како лекар и побарал изработка на документација за Џеси Кипф. Потоа го проследил сертификатот до државните агенции во Аризона и Вермонт. На овој начин, триесет и девет годишниот Џеси Кипф бил наведен како мртов во неколку државни архиви, пренесува Oddity Central. Kentucky man admits to faking own death to avoid paying child support Jesse Kipf pleaded guilty to computer fraud and identity theft after he created a fake death certificate for himself https://t.co/UXlJTGhP9U — •spooky•girl•cassiopeia•™ (@sadgirlcassi) April 9, 2024 „Обвинетиот користел дигитален потпис на лекарот, назначувајќи го неговото име, звање и број на лиценца. На овој начин го извршил автентичноста на случајот и се пријавил како починат во базите на податоци“, се наведува во спогодбата за признавање вина. Кипф признал дека хакирал и мрежи на приватни компании, користејќи украдени акредитиви, а подоцна се обидел да продаде пристап до Интернет. Кон крајот на март, тој се изјаснил за виновен за компјутерска измама и тешка кражба на идентитет. Тој ќе треба да плати 116.000 долари за издршка на својата поранешна сопруга и 79.000 долари на странките чии мрежи ги хакнал. Освен тоа, се очекува да биде осуден на седум години затвор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Пратеникот Филипче да каже зошто досега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра?Пратеникот Филипче да каже зошто до сега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра? Дали распукувањето на калимерата меѓу овие двајца пратеници од редовите на СДС, воедно и поранешни владини функционери, го натера пратеникот Филипче да прозбори за како што вели тој, скандал вреден 37 милиони евра на пратеничката Славјанка Петровска, додека ја извршувала функцијата министерка за одбрана. Доколку Филипче знаел за ова, а не пријавил, тој по којзнае кој пат прави кривично дело. Имено, непријавување кривично дело или сторител е казниво согласно Член 364 од КЗ и за тој што свесно ќе пропушти да пријави кривично дело. А со оглед на тоа дека Филипче јавно говореше за сторено кривично дело од Петровска, го повикуваме ЈО, да го повика Филипче на информативен разговор и да ги обелодени сите информации кои ги има, а се поврзани со овој случај. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НаукаФренсис Халзен е добитник на Нобеловата награда за физика Добитник на Нобеловата награда за физика е Френсис Халзен од Универзитетот во Висконсин. Наградата му е доделена „за неговиот клучен придонес кон Опсерваторијата за неутрина ’Ајс-кјуб‘ (IceCube) и откривањето на неутрина со висока енергија од астрофизичко потекло“, соопшти организацијата што ја доделува наградата, пренесува „Гардијан“. Опсерваторијата за неутрина „Ајс-кјуб“ се наоѓа во станицата „Амундсен-Скот“ на Јужниот пол на Антарктикот и располага со мрежа од сензори поставени под антарктичкиот мраз. Нобеловата награда за медицина вчера им беше доделена на Карл Дајсерот (54), Петер Хегеман (71) и Георг Нагел (73) за истражување на мозочната активност, кое опфаќа проучување на јонски канали контролирани со светлина и оптогенетика. Нобеловата награда за хемија ќе биде доделена утре, онаа за литература – задутре, а Нобеловата награда за мир – во петок. Наградата на Шведската банка за економски науки во спомен на Алфред Нобел ќе биде доделена на 12 октомври. Паричниот износ на овогодишната награда изнесува 12 милиони шведски круни, што е околу 1,2 милиони американски долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаО. Карпош: Инспекцијата на терен Општина Карпош продолжува со редовните инспекциски контроли на терен, согласно утврдениот план за работа на инспекциските служби. Во текот на изминатата недела, контролите се реализираа во попладневните и вечерните часови, во повеќе групи и на критични точки на територијата на општината. Покрај изречените опомени до физички лица, комуналните редари изрекоа и седум прекршочни налози за неправилно одлагање на отпадот. Инспекциските контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел одржување на комуналниот ред и почиста и поуредна општина. Општина Карпош апелира до граѓаните совесно и соодветно да го одлагаат отпадот и да придонесат за почиста и поуредна животна средина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook