3Срамен потег на Белата куќа: Трамп се јавил во ФИФА три пати за четири дена за да поништи црвен картон!
Алармантен број на убоди од инсекти: Над 30 луѓе побарале помош на клиника од убоди на оса, пчела, стршлен
2Алармантен број на убоди од инсекти: Над 30 луѓе побарале помош на клиника од убоди на оса, пчела, стршлен
ТехнологијаНа Нептун се забележани чудни температури, научниците збунети: Не знаеме што се случуваНе треба да гледаме премногу далеку во вселената за да откриеме нешто неочекувано. Нашиот сончев систем сè уште крие многу изненадувања.Ова се случи неодамна со Нептун, каде температурите станаа чудни, односно не се однесуваат во склад со очекувањата на научниците. Меѓународен тим од астрономи помина 17 години со повеќе телескопи, вклучувајќи го и многу големиот телескоп на ESO (VLT), следејќи ги атмосферските температури на планетата и дознавајќи за неочекуван пад на глобалните температури, проследен со драматично затоплување на нејзиниот Јужен Пол. „Не го очекувавме ова. Го набљудувавме Нептун за време на неговото рано јужно лето, очекувавме температурите да се зголемуваат бавно, а не да се намалуваат“, рече планетарниот научник Мајкл Роман од Универзитетот во Лестер. Нептун, како и Земјата, има свои сезони. Сепак, една сезона на Нептун трае околу 40 години. Имено, оваа планета е доста далеку од нашата ѕвезда и потребни се 165 години за да направи полн круг околу Сонцето. Во нејзината јужна хемисфера, летото започна во 2005 година, а астрономите следеле како се менуваат температурите по јужната летна краткодневица. Тие прегледале речиси 100 термални инфрацрвени снимки на Нептун со цел да добијат подобар увид во температурните трендови на најоддалечената планета во нашиот Сончев систем, пишува ESO. Податоците покажале дека, и покрај почетокот на јужното лето, повеќето од планетите продолжиле постепено да се ладат во текот на изминатите дваесет години. Глобалната просечна температура се намалила за 8 ° C помеѓу 2003 и 2018 година. Астрономите тогаш биле изненадени од драматичното затоплување на Јужниот пол, што се случило во последните две години, кога температурите нагло се зголемија за 11 ° C. Иако научниците знаат дека има топол поларен вител на Нептун, тие никогаш не виделе атмосферата да се загрее толку брзо. „Тоа се податоци за помалку од половина сезона, така што никој не очекуваше толку големи и брзи промени“, рече планетарниот научник Глен Ортон од Институтот Jet Propulsion Laboratory. Астрономите ја измериле температурата на Нептун користејќи термални камери и ги комбинирале сите постоечки слики од Нептун собрани во последните две децении. Бидејќи Нептун е оддалечен околу 4,5 милијарди километри од Сонцето и е многу студена планета, со просечна температура од околу -220 ° C, не е лесно да се користи телескоп на Земјата за да се добие точен увид во нејзините температури. „Тоа можевме да го постигнеме само со чувствителни инфрацрвени снимки од телескопи како VLT, а тие беа достапни само во последните 20 години“, рече планетарниот научник Леи Флечер од Универзитетот во Лестер. Бидејќи никој не очекувал такви чудни температурни варијации, астрономите сè уште не знаат што точно ги предизвикува. Можеби тоа е хемиска промена во стратосферата, можеби е случаен временски настан или сончев циклус. За разрешување на оваа мистерија ќе треба да почекаме уште малку, односно одговорот ќе го добиеме дури по дополнителни набљудувања на временските услови на оваа сина планета. Нептун е повеќе од 30 пати подалеку од Сонцето отколку Земјата и е единствената планета во нашиот Сончев систем што не е видлива со голо око. Таа е четири пати поголема од Земјата - ако нашата планета беше голема како јаболко, Нептун ќе беше како баскет, според НАСА. Станува збор за „леден џин“ кој наликува на гасните џинови, но се состои од густа мешавина од вода, амонијак и метан. Иако метанот сочинува само еден или два проценти од атмосферата, тој апсорбира подолги бранови должини на сончева светлина во црвениот дел од спектарот, давајќи ѝ на оваа планета прекрасна сина боја. Нептун има 14 сателити (месечини) именувани по морските богови и нимфи од грчката митологија. Има и пет прстени, но тие не се толку јасно видливи како оние на Сатурн. Таму дуваат неверојатни ветрови, најсилни во Сончевиот систем, кои можат да достигнат брзина од 1770 km/h. Студијата наречена Subseasonal Variation in Neptune's Mid-infrared Emission е објавена во The Planetary Science Journal.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЏорџ и Амал Клуни пристигнаа на Брач, летото ќе го поминат во својата вилаХоливудскиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга, адвокатката Амал Клуни, утрово пристигнаа на островот БрачСпоред локалните медиуми, холивудската ѕвезда, актерот Џорџ Клуни и неговата сопруга, адвокатката Амал планираат летово, поточно целиот јули да го минат на Јадран во својата куќа на островот Брач во Хрватска. Холивудскиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга, адвокатката Амал Клуни, утрово пристигнаа на островот Брач, каде што ќе престојуваат во својата вила во текот на наредните недели. Според извештаите на локалните медиуми, двојката планира да остане на островот во текот на целиот јули, а можеби и до средината на август. Додека Џорџ ќе го помине времето работејќи на своите мемоари, Амал наводно има намера да се посвети на градинарство и релаксација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПотпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
ФудбалРоналдо: Ова е моето последно Светско првенствоКапитенот на Португалија, Кристијано Роналдо, потврди дека ова Светско првенство е негово последно. Роналдо има 41 година; тој повеќе нема да настапува на Светското првенство, додека за Европското првенство (ЕУРО) останува да видиме. – Ова ќе биде моето последно Светско првенство. Што и да се случи, ќе си заминам со чиста совест бидејќи на репрезентацијата ѝ го дадов сето она што го имав – изјави Роналдо. Вечерва од 21 часот во европскиот судир на гигантите Португалија на Роналдо игра против актуелниот европски шампион Шпанија. – Да не верувавме дека можеме да го освоиме Светското првенство, немаше ни да бидеме овде. Ова беше убаво искуство и напредуваме од натпревар во натпревар. Невозможно е да се игра врвно на секој меч, што може да се види и од тимовите кои веќе се елиминирани. Тимот е смирен, добро трениравме и подготвени сме за многу тежок противник.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЕвропската комисија за системот EES: Најавени се промени поради застојот на границитеПортпаролот на Европската комисија, Маркус Ламер, денес на редовната прес-конференција изјави дека Комисијата воведува дополнителна флексибилност и поддршка за членките на ЕУ во спроведувањето на системот EES .Портпаролот на Европската комисија, Маркус Ламер, денес на редовната прес-конференција изјави дека Комисијата воведува дополнителна флексибилност и поддршка за членките на ЕУ во спроведувањето на системот EES со цел да се ублажат, како што изјави, привремените застои на границите. Ламер, исто така, изјави дека ЕУ веќе работи со земјите-членки за решавање на оперативните проблеми, вклучително и недостатокот на персонал и потребата од повеќе техничка опрема на граничните премини. Според него, придобивките од воведувањето на системот EES се веќе видливи. „Имаме нов систем што ни помага да ги идентификуваме биометриските податоци и да ги вкрстиме. Ова не беше можно со претходниот систем, кога се користеа печати. А сега, за само неколку месеци, веќе имаме 1.000 лица идентификувани како безбедносни ризици, кои како резултат на тоа не влегле во ЕУ. Сепак, секако внимателно следиме како новиот систем функционира во пракса и вложуваме максимални напори за да го ограничиме влијанието врз патниците кои доаѓаат од земји надвор од ЕУ“, рече тој. Ламер ги отфрли наводите на новинарите дека новиот систем систематски го продолжува времето на чекање за патниците и создава проблеми и за граѓаните на ЕУ, нагласувајќи дека многу проблеми на границите постојат независно од примената на EES, додека во исто време рече дека тоа носи значајни придобивки за безбедноста на граѓаните на ЕУ. Во случаи на пренатрупаност, националните власти имаат овластување привремено да ја суспендираат дополнителната биометриска регистрација на лице место, како што се фотографирање и земање отпечатоци од прсти, но со задолжителна имплементација на стандардни гранични контроли, забележува Ламер.Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter