На МТФ „Војдан Чернодрински" промовирана книгата „Горан во Драмски" - Канал 5

На МТФ „Војдан Чернодрински" промовирана книгата „Горан во Драмски"

Во рамките на 55 Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински" денеска беше промовирана книгата „Горан во Драмски" од Александра Бошковска.

На МТФ „Војдан Чернодрински" промовирана книгата „Горан во Драмски"

Според авторот Бошковска оваа книга говори за драмите на Горан изведувани во Драмски театар Скопје, и факт е дека најмногу неговите дела се изведувани во овој театар. Дури 14.

-Станува збор за книга која се занимава со сите изведби на драмите на Горан Стефановски во Драмски театар-Скопје. Познато е дека Горан е најизведуван во Драмски, се разбира, станува збор и за праизведби, Во книгата се 14 поглавја и секое се однесува на една од претставите: има кој играл во претставата, фотографии од секоја претстава, гостувања и награди кои се освоени. Има и две странични рубрики, едната го објаснува контекстот, што се случувало во светот во моментите додека Горан творел, а другата рубрика се однесува што творел Горан надвор од Драмски. Сметам дека Горан е најизведуван во Драмски зашто, веројатно се нашла една генерација актери и режисери кои во текстовите на Горан се нашле себе си и својот израз, рече Бошковска.

Оваа книга за познавачите ,за идните студенти, за творците е многу битна и е сериозен пресек на едно многу важно творештво во македонскиот театар.

Вечер на МТФ „Војдан Чернодрински се две претстави во официјалната конкуренција и ќе останат уште две кои ќе се изведат утре.

Турски театар од Скопје од 18 часот на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков" ќе ја изведе претставата „Славната Флоренс" во режија на Драгана Милошевска Попова, а од 21 часот во прилепскиот театар е претставата „Крик за љубов" во режија на Љупчо Ѓоргиевски, а во продукција на охридскиот театар. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаревски: Историски договори за повисоки плати во здравство, образование, администрација, безбедност

Владата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го унапредува социјалниот дијалог и да создава услови за повисоки примања преку институционални решенија и колективно договарање. 

Јаревски: Историски договори за повисоки плати во здравство, образование, администрација, безбедност

За првпат се постигна договор со синдикатите УПОЗ и САДО за повисоки плати на административните службеници, а кон договорот се приклучија и други синдикални организации. Со тоа за првпат по долг период се обезбедува системско подобрување на статусот на вработените во администрацијата.

Од превземањето на обврската владата да ја предводи ВМРО-ДПМНЕ досега, за 20% се зголемени платите на просветните работници и на сите вработени во образованието.

Согласно колективниот договор, вработените во основното и средно образование ќе добијат од 46 до 60% повисоки плати во еден мандат, а за 14% се зголемија платите и на универзитетските професори.

Со потпишувањето на анексот на колективниот договор значително се зголемија и платите на сите вработени во македонското здравство. Согласно договорот платите на здравствените работници се зголемија за 4815 денари нето, додека зголемувањето за медицинските сестри изнесува дури ,200 денари и до крајот на мандатот покачувањето на платите треба да достигне дури 50%.

По долги години во соработка и дијалог со претставници на синдикалните организации, колективен договор добија и вработените во Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, кој предвидува зголемување на надоместоците за вработените и подобрување на нивниот работен статус.

Исто така се зголемија и платите на вработените во безбедносните структури кои преку јасен план ќе продолжат и понатаму да се зголемуваат.

Со владата на ВМРО-ДПМНЕ никој не е заборавен. Сите работници го добиваат заслуженото внимание, грижа и паричен надоместок за својот труд.

Ќе продолжиме да работиме исклучиво во интерес на граѓаните преку дијалог, партнерство и политики што обезбедуваат раст на платите, сигурни работни места и стабилен економски развој.

Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведена охриѓанка ткако ја нападнала 72-годишната свекрва

Полицијата  вчера привела 34 годишна жена откако ја нападнала свекрвата во семјниот дом. 

Приведена охриѓанка ткако ја нападнала 72-годишната свекрва

- На 14.08.2026 година во 09:40 часот полициски службеници од СВР Охрид од слобода ја лишиле Т.Д.(34) од охридско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнала нејзината 72 годишна свекрва, соопштија од полицијата во дневниот билтен.

По целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар од Босна и Херцеговина премина во Хрватска, ангажирани воени авиони и канадери

Пожар на отворено, кој избувна во Босна и Херцеговина, утринава се прошири на хрватската страна на планината Динара, соопшти Хрватската противпожарна заедница.

Пожар од Босна и Херцеговина премина во Хрватска, ангажирани  воени авиони и канадери

Противпожарниот центар на Шибенско-книнската жупанија го откри пожарот преку систем за видеонадзор. Противпожарни единици веднаш биле упатени на местото на настанот.

Во гаснењето на пожарот моментално се вклучени 37 пожарникари со 19 возила, тие доаѓаат од Интервентната противпожарна единица на Шибеник, Јавната противпожарна единица (JVP) на Книн, како и од доброволните противпожарни друштва (DVD) на Книн, Кијево и Свети Јурај Кистање.

На терен е присутен и окружниот командант на противпожарните служби.

Во гаснењето на пожарот вклучена е и војската Хрватската противпожарна заедница соопшти дека, заклучно со 10:00 часот утрово, 26 припадници на противпожарниот вод на Хрватската војска се распоредени за да им се придружат на пожарникарите на терен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер