На Милица Павловиќ пријателите ѝ приредија неочекувано изненадување (фото/видео) - Канал 5

На Милица Павловиќ пријателите ѝ приредија неочекувано изненадување (фото/видео)

Кога виде за што се работи, ја сфати и огромната грешка.

На Милица Павловиќ пријателите ѝ приредија неочекувано изненадување (фото/видео)

Пејачката Милица Павловиќ (31) неодамна имаше голем солистички концерт во Ниш во салата „Чаир“. Инаку, таа е позната по хитот „Краљица југа“, но и по тоа што родум е од селото Грабовница кај Лесковац, а денес се смета за една од најпопуларните пејачки во Србија.

Милица, презадоволна од тоа како поминал нејзиниот прв солистички концерт, ги собра пријателите во својот стан за да го гледаат премиерното прикажување на нејзиниот концерт на телевизија. Пријателите ја изненадиле така што подготвиле видеопроектор, храна и озвучување, но таа немала поим уште што друго ѝ се спремиле.

Имено, нејзината тетка по таткова страна неочекувано влегла и ја изненадила со торта која била направена специјално за Милица и за таа посебна прилика. На Милица ова ѝ било многу интересно, па впечатоците ги споделила во вид на „приказна“ на Инстаграм.

На видеото, пејачката ја отвора тортата која одозгора има круна, а внатре, се чини дека има музичка кутија од која се слуша нејзината песна „Краљица југа“. Павловиќ не го крие задоволството, се смее од срце и ја прегрнува тетка си. Меѓутоа, она што првично го забележи Милица и ѝ го „прости“ на оваа сакана жена е фотографијата со која е украсена тортата. На фотографијата е ликот на Милица од пред неколку години.

- Пријателите и тетка ми ми приредија вечер за паметење... Торта, проектор, разглас, и тоа е сè што ни е потребно... Кога се имаме едни со други, заедно можеме сè! Ти благодарам Господе, за сè досега... И за овие прекрасни луѓе што ги донесе во мојот живот! Чувајте ги добрите луѓе околу вас и вложувајте во нив! Јас сум среќна девојка! - напишала Милица.

Таа набрзо го коментираше изборот на фотографијата за тортата.

-Ниту една личност не доаѓа случајно во вашиот живот... Секогаш од себе пуштете ги луѓето кои не знаат да се радуваат на животот и кои не знаат што значи да се биде пријател. Во текот на својот живот стекнав многу пријатели и најчесто знаев да ги распознавам добрите и лошите луѓе, и да вложувам во овие првите. Признавам, знаев и да се зафркнам. Секој пријател ми е и семејство... Негувајте ги вашите луѓе, затоа што животот е еден и никој не може сам. Погледнете ја тетка ми која одговори на задачата, и идеите на моите пријатели, а оваа грешка е толку слатка и од срце, што ви посакувам веднаш да им се јавите на вашите тетки и да им кажете колку ви значат - напишала Милица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини никогаш по провокативна

Жежок спектакл со  една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.

Фото:  Сидни Свини никогаш по провокативна

Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание.

Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција.

Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд.

Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време.

„Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ  – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови.

На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето.

Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги.

Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира.

Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. 

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност.

Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка.

Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време.

По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата.

Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата.

Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер