На Меѓународната вселенска станица се откриени непознати микроорганизми - Канал 5

На Меѓународната вселенска станица се откриени непознати микроорганизми

Научници од Соединетите држави и Индија, во соработка со НАСА, откриле четири соеви на бактерии на Меѓународната вселенска станица (ISS) - од кои три до сега се целосно непознати за науката.

На Меѓународната вселенска станица се откриени непознати микроорганизми

Три од четирите споменати соеви беа изолирани во 2015 и 2016 година. Едниот е пронајден на горниот панел на ISS, другиот во куполата (опсерваторијата), а третиот на површината на масата. Четвртиот сој е пронајден во стариот филтер кој бил вратен на Земјата во 2011 година.

Сите четири соеви припаѓаат на семејство на бактерии кои се наоѓаат во почвата и слатките води; и кои помагаат во растот на растенијата и елиминирањето на растителните патогени. Ако се прашувате што прават ваквите бактерии на ISS, одговорот е дека астронаутите со години одгледуваат помали количини храна на вселенската станица, па не е ни чудо што таму се пронајдени растителни микроби, пишува Science Alert.

Бактериите кои се наоѓаат во филтерот припаѓаат на веќе познатиот вид Methylorubrum rhodesianum. Сепак, по секвенционирањето на преостанатите три соеви, утврдено е дека сите припаѓаат на исти, претходно неидентификувани видови. Овие соеви биле именувани како: IF7SW-B2T, IIF1SW-B5 и IIF4SW-B5.

Генетичарот Свати Бијлани од Универзитетот во Јужна Калифорнија и неговите колеги предложија овој нов вид бактерија да го носи името Methylobacterium ajmalii по Ајмал Кан, познат индиски научник.

„Одгледувањето растенија на екстремни места со минимални ресурси бара изолација на нови микроби кои им помагаат на растенијата да растат под стресни услови“, објасниле генетичарите Кастури Венкатесваран и Нитин Кумар Синг од Лабораторијата за реактивен погон на НАСА (JPL).

Со оглед на тоа што веќе знаеме дека овие микроби можат да преживеат тешки услови на ISS, научниците спровеле генетска анализа на овие четири соеви за да ги идентификуваат гените што можат да се користат за стимулирање на растот на растенијата.

Откриле дека еден од соевите, IF7SW-B2T, има гени вклучени во растот на растенијата; меѓу нив и оној што ја стимулира клеточната делба во корените и ластарите.

Истражувањето наречено Methylobacterium ajmalii sp. nov., Isolated From the International Space Station е објавено во списанието „Frontiers in Microbiology“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски: Го заокружуваме системот за одговорно управување со ловиштата

Серафимовски ја нагласи улогата на Ловечката федерација како економско-социјален партнер на Министерството во креирањето политики за унапредување на ловството.

Серафимовски: Го заокружуваме системот за одговорно управување со ловиштата

Од вкупно 268 востановени ловишта во Македонија, во постапка за доделување на користење остануваат уште 21, со што се заокружува системот и се утврдува одговорноста за управувањето и одржувањето на секое ловиште, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на свечената академија во Велес по повод 80 години од основањето на Ловечката федерација на Македонија.

Тој нагласи дека корисниците преземаат конкретни обврски за заштита на дивечот, унапредување на живеалиштата, воспоставување на функционални ловочуварски служби и примена на високи ловностопански и еколошки стандарди.

„Јавно и недвосмислено порачувам дека нема да има компромис со ловокрадството, нелегалната трговија со дивеч и криумчарењето трофеи. Не прифаќаме поединци да остваруваат незаконски профит, а цената да ја плаќаат природата и совесните ловци. Институциите и ловечката заедница ќе дејствуваат заеднички за секоја незаконитост да биде откриена, документирана и санкционирана“, истакна министерот Серафимовски.

Осврнувајќи се на осумдеценискиот јубилеј, министерот Серафимовски ја нагласи улогата на Ловечката федерација како економско-социјален партнер на Министерството во креирањето политики за унапредување на ловството, која, обединувајќи заедница од повеќе од 20.000 ловци, овозможува искуствата од ловиштата да стигнат до институциите, а институционалните решенија да одговараат на реалните состојби во природата.

„Ќе воспоставиме нови партнерства за обновување на живеалиштата, современо следење на дивечот, стручна обука на ловците и ловочуварите, спречување на болестите и развој на одржлив ловен туризам. Искуствата и финансиските инструменти од европските и регионалните програми ќе ги ставаме во функција на подобро уредени ловишта и посилни локални заедници“, порача министерот Серафимовски.

Свечената академија по повод 80 години од основањето на Ловечката федерација на Македонија се одржа во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес, во присуство на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, претседателот на Федерацијата, Влатко Алексовски, како и претставници на ловечките друштва и здруженија, ловци и ловочувари од целата држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Филипче прозборе за криминал тежок 37 милиони евра за пратеничка од СДС, го охрабруваме да објави и други вакви случаи

Филипче прозборе за криминал тежок 37 милиони евра за пратеничка од СДС, го охрабруваме да објави и други вакви случаи затоа што веруваме дека ги има уште во неговите редови.

Петрушевски: Филипче прозборе за криминал тежок 37 милиони евра за пратеничка од СДС, го охрабруваме да објави и други вакви случаи

Венко Филипче деновиве почна да зборува за криминал во редовите на СДС, конкретно пратеничката група. Зошто почна да зборува или од што е охрабрен може само да се сомневаме.

Филипче во јавноста излезе со сомнеж за криминал поврзан со пратеничката Славјанка Петровска, поранешен министер за одбрана, а сега дел од платформата 12.05 која иницира промени во СДС.

Според Филипче, Петровска потпишала за 37 милиони евра поскап договор за набавка на хеликоптери, откако комисијата донела друга одлука. Внимавајте, ни помалку, ни повеќе Филипче сега открива дека постои сомнеж за криминал тежок 37 милиони евра.

Филипче треба да одговори од кога знае за ова, зошто молчел ако сомнежот и информацијата датираат од претходно.

Јавното обвинителството пак, без исклучок мора да постапи, односно да отвори предмет за овој сомнеж, а Филипче до истото да достави информации и да биде повикан од обвинител да ги презентира информациите врз кои го основа сомнежот за овој криминал.

Го повикуваме Филипче доколку има информации и сомнежи за други вакви случаи да ги пријави, затоа што веруваме дека има уште такви случаи во неговите редови.

YouTube video

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МФ: „Стандард и Пурс“ го потврди рејтингот „BB-/B“ со стабилни изгледи

Јавните инвестиции и домашната побарувачка го поддржуваат растот.

МФ: „Стандард и Пурс“ го потврди рејтингот „BB-/B“ со стабилни изгледи

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Стандард и пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјата ББ- со стабилен изглед. Во најновиот извештај, Aгенцијата оценува дека перспективите за економски раст, умереното ниво на јавниот долг и одржливите трошоци за сервисирање на долгот ги ублажуваат ризиците поврзани со високите фискални дефицити.

Агенцијата очекува економскиот раст да достигне околу 3,6% во 2026 и 2027 година, поттикнат од високото ниво на јавни инвестиции и отпорната домашна потрошувачка и покрај негативните економски прелевања од војната на Блискиот Исток, пред сè преку повисоките цени на енергијата.

Како клучни двигатели на растот, „Стандард и Пурс“ ја издвојува забрзаната реализација на големите инфраструктурни проекти, особено Коридорите VIII и Xд, кои придонеле за раст на инвестициите од над 9% во првата половина на 2026 година. Слично високо ниво на инвестициска активност се очекува и во втората половина на 2026 година.

Растот според Агенцијата дополнително ќе биде поддржан од отпорната приватна потрошувачка, поттикната од подобрувањата на пазарот на трудот, растот на платите и пензиите и зголемувањето на расположливите приходи на домаќинствата.

„Стандард и Пурс“ очекува инвестицискиот циклус да продолжи и во наредните години, при што просечниот економски раст во периодот 2027–2029 година се проектира на околу 3,3%.

Во делот на јавните финансии, „Стандард и Пурс“ очекува постепена фискална консолидација во периодот 2027–2029 година, при што буџетскиот дефицит во просек би изнесувал околу 3,4% од БДП.

Високото ниво на јавни инвестиции, финансирањето на инфраструктурните проекти и обврските поврзани со државните претпријатија според Агенцијата ќе влијае на нивото на долгот кој би бил на ниво од 57% до 2029 година.

Истовремено, трошоците за сервисирање на долгот се оценуваат како одржливи.

Во извештајот се нотира и непречениот пристап на Владата до меѓународните пазари на капитал, при што се посочува издавањето на две еврообврзници од по 500 милиони евра во јануари 2026 година.

„Стандард и Пурс“ посочува дека трајното подобрување на фискалните перформанси, одржливото намалување на нето јавниот долг и посилниот економски раст според Стандард и пурс ќе имаат позитивно влијание на кредитниот рејтинг на земја

Агенцијата ја нотира и посветеноста на Владата кон процесот на европска интеграција, кој го оценува како важен двигател на структурните реформи на среден рок.

Кредитниот рејтинг на Македонија „Стандард и Пурс“ го оценува двапати годишно. Рејтингот претставува важен индикатор за инвеститорите и меѓународните финансиски пазари при оценката на кредитниот ризик на една земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер