ВМРО-ДПМНЕ: Според ДЗР 1.3 милијарди евра се потрошиле за коридорите 8 и 10Д а градбата била заглавена на 0,12% во време на СДС и ДУИ
Врховен ја укина пресудата на Апелациониот суд за повисоки казни на дел од осудените во случајот „Ласкарци“
1ВМРО-ДПМНЕ: Според ДЗР 1.3 милијарди евра се потрошиле за коридорите 8 и 10Д а градбата била заглавена на 0,12% во време на СДС и ДУИ
2Врховен ја укина пресудата на Апелациониот суд за повисоки казни на дел од осудените во случајот „Ласкарци“
3ЛДП: Перпарим во притвор за 8,3 милиони, Владата со фалба на прес за 5,5 милиони евра дивиденда, во каков паралелен свет живее оваа власт?
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
Други спортовиНа Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви водиНа петката „Матка“ крај Скопје, на 26 и 27 септември (петок и сабота) ќе се одржат натпревари од 4. и 5. коло од Светскиот куп во кајак спуст на диви води.Организатор на ова меѓународно натпреварување Кајакарската федерација со техничкиот организатор Кајак Кану Клуб „Арка-Борец“. Како што информира за МИА, кајакарот и организатор на натпреварите, Љубомир Спасиќ од ККК „Арка - Борец“ - Велес, од македонските натпреварувачи, посебно внимание ќе биде насочено кон Благој Гугинов, Александар Златаров и кон него -Љубомир Спасиќ, кои се меѓу најдобро пласираните кај мажите, додека кај жените, Марија Пановска е водечка македонска претставничка која ќе се бори за висок пласман. -Овој турнир претставува врв на светската сезона, на кој најдобрите кајакари од повеќе држави ќе се борат за титулата генерален победник на Светскиот куп. Присуството на учесници од светска класа му дава дополнителна тежина на овој настан и големо значење за афирмацијата на македонскиот спорт на меѓународната сцена. Maтка станува центар на светскиот спорт, потенцира Спасиќ. Натпреварите и во петок и во сабота почнуваат во 9:30 часот. Организаторите ги повикуваат сите љубители на кајакот и на спортот да дојдат во петок и сабота на Матка и да ги бодрат македонските кајакарите. Тагови: кајак на диви води Матка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНеколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Според ДЗР 1.3 милијарди евра се потрошиле за коридорите 8 и 10Д а градбата била заглавена на 0,12% во време на СДС и ДУИЈО да отвори постапка каде завршиле парите.Државниот завод за ревизија утврдил сериозни отстапувања од планираната динамика во изградбата на Коридорите 8 и 10Д, во должина од 108 километри со проценета вредност од 1,3 милијарди евра. Според ревизорскиот извештај, заклучно со декември 2023 година, само 0,12% од вкупните трошоци се однесувале на градежни работи. Истовремено, ревизорите констатирале сериозни слабости во управувањето со капиталните инвестиции, како и милионски провизии за неповлечени средства кај инфраструктурните проекти. Сдс и Дуи да не моччат и да одговарат. Каде и за што биле трошени средствата? Зошто реализацијата доцнела? Кој бил одговорен за следење на динамиката и контролата на трошењето? Како се управувало со проект вреден над 1,3 милијарди евра, ако до крајот на 2023 година само 0,12% од трошоците биле за градба? И зошто државата плаќала милионски провизии за средства кои не биле повлечени, додека проектите доцнеле? Јавноста заслужува јасни и конкретни одговори. За разлика од катастрофалното владеење на СДС и ДУИ денес разликата е очигледна. Денес јасно може да се направи споредба со реализацијата на инфраструктурните проекти. Денес активно се гради на Тетово–Гостивар, Гостивар–Букојчани и Прилеп–Битола. На делницата Гостивар–Букојчани, напредокот во 2026 година е речиси 60 проценти, додека градежни активности се одвиваат на околу 14 од вкупно 17,5 километри на делницата Тетово–Гостивар. Сето ова ја покажува посветеноста на Владата на ВМРО ДПМНЕ во реализацијата на капиталните проекти. Денес јасно се гледа разликата во начинот на управување на СДС и ДУИ, и денес се гледа дека кога има институционална посветеност, контрола и следење на реализацијата, инфраструктурните проекти можат да напредуваат. Но денешното засилено темпо на изградба не ја брише одговорноста за начинот на кој проектите биле управувани претходно од СДС и ДУИ. Затоа бараме Јавното обвинителство да постапи по наодите од ревизорскиот извештај на ДЗР. Потребно е да се испитаат договорите, исплатите, провизиите, начинот на управување со средствата и динамиката на реализација, како и да се утврди кој носел одлуки и кој бил одговорен за контролата и управувањето со проектот. Граѓаните имаат право да знаат како се трошеле 1,3 милијарди евра и зошто реализацијата доцнела. За јавните средства мора да има отчетност. За пропустите на СДС и ДУИ мора да има одговорност. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВрховен ја укина пресудата на Апелациониот суд за повисоки казни на дел од осудените во случајот „Ласкарци“Предметот е вратен на повторно постапување и одлучување.Врховниот суд ја укина пресудата на Апелациониот суд Скопје за автобуската несреќа кај селото Ласкарци кога загинаа 16 патници, а 38 беа повредени, со која на дел од осудените им беа зголемени казните што кривичниот суд им ги одреди со првостепената пресуда. Предметот е вратен на повторно постапување и одлучување. Во февруари 2019 година. Автобус на компанијата „Дурмо Турс“ излета од автопатот во близина на селото Ласкарци возејќи на редовна линија од Скопје кон Гостивар. Во соопштението од Врховниот суд, советот за казниви дела на вчерашната седница одлучувал по овој предмет и донел пресуда со која се уважуваат барањата поднесени од страна на осудените преку нивните бранители. „Пресудата на Апелациониот суд Скопје од 17 април 2025 година се укинува и предметот се враќа на повторно постапување и одлучување“,се вели во соопштението од Врховниот суд.Тагови: ласкарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНеколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаЛДП: Перпарим во притвор за 8,3 милиони, Владата со фалба на прес за 5,5 милиони евра дивиденда, во каков паралелен свет живее оваа власт?Дали ја гледате логиката или живееме во некој надреален, паралелен свет? Во истите овие денови, поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, се соочува со судови и притвор за потрошени 8,3 милиони евра дивиденда, додека новата Влада гордо организира прес-конференција за да се пофали како потрошила 5,5 милиони евра од истата таа дивиденда! Како е можно ова да се случува симултано? Дали за оваа Влада ова е воопшто нормално и до кога мислат да ја потценуваат интелигенцијата на граѓаните? Дали можеби Перпарим се врати во државата за лично да им даде рецепт како да ги дособерат и преостанатите 3 милиони евра? Па потоа по веќе воиграното сценарио: да се повлечат една-две години во странство, договорено да си се вратат дома, да си организираат избори и да се надеваат дека народот ќе го заборави целото ова лудило како уште една безуспешна приказна? За нивна несреќа, не живееме во камено доба. Живееме во дигитално време каде што сѐ се зачувува, сѐ се следи и сѐ останува трајно забележано. Европската Унија многу внимателно ги гледа овие институционални гимнастики и сѐ ќе биде прецизно нотирано во претстојните извештаи за владеење на правото и корупција. А на оваа Влада, за да ги сними, зачува и обработи сите небулозни оправдувања, пропаганди и лудории што ги прави на дневна основа, нема да ѝ биде доволен само еден, туку ќе ѝ требаат барем уште пет нови државни дата-центри за да ги соберат сите гафови и манипулации што ѝ ги сервира на јавноста! Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter