На Марс можеби и сега има живот- тврдат научниците

Научниците до скоро сметаа дека на Марс нема живот , но по најновите истражувања на Црвената планета , не ја исклучуваат таа можност.

Со последните истражувања и откривањето вода на Марс , се погласнис е верувањата дека на планетата има и подземни езера. Според најновите истражувања објавени во научното списание Nature Geoscience, во слоевите под површината на Марс би можело да има молекуларен кислород, главен елемент за развој на животот. Кислородот во таков облик е доволен предуслов за развој на микроорганизми , па дури и за посложени форми на живот.

Најголеми слоеви на молекуларен кислород на Марс има во близина на половите. Пред 3,8 милијарди до 4 милијарди години Марс бил многу послечен на Земјата и ги имал условите за формирање на првите облици на живот.

Имал густа атмосфера, магнетни полиња, вулканска активност , додека водата течела по површината , сметаат научниците. Денес неговата површина е сосема различна . На планетата е пусто и студено со дневни температури од 5 до 10 степени дење до минус 100 до минус 120 степени ноќе. Нема атмосферски притисок , што значи дека и доколку би имало вода на површината , веднаш би испарила.

Со оглед на фактот дека роверите на НАСА може да дупчат само 2 сантиметри под површината на Марс, научниците многу надеж полагаат во возилото Ексо Марс , кое може да дупчи до длабочина од два метра. Т

ој би требало да биде лансиран во 2020 , како заеднички проект на Европската вселенска агенција и на Русија. Научниците се надеваат дека испитувањата со најновиот ровер на Марс ќе бидат насочени кон местата со молекуларен кислород.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер