На маргините на Конгресот на ЕПП, средба на Мицкоски со делегација на Србија - Канал 5

На маргините на Конгресот на ЕПП, средба на Мицкоски со делегација на Србија

Претходно, делегацијата на ВМРО - ДПМНЕ учествувала на панел во организација на ЕПП.

На маргините на Конгресот на ЕПП, средба на Мицкоски со делегација на Србија

На маргините на Конгресот на Европската народна партија (ЕPP), остварив средба со делегација на Србија, претставувана од СНС и нејзиниот претседател, Милош Вучевиќ, објави на фејсбук претседателот на ВМРО - ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, кој ја предводи партиската делегација на Конгресот на Eвропската Народна Партија (ЕПП) во Валенсија, Шпанија.

- Разговаравме за регионалната соработка, европската перспектива на нашите држави и заедничките предизвици со кои се соочуваме. Ваквите средби се значајни за унапредување на добрососедските односи и градење стабилна и просперитетна иднина за целиот регион, напиша Мицкоски на фејсбук.

Претходно, делегацијата на ВМРО - ДПМНЕ учествувала на панел во организација на ЕПП, посветен на одговарањето на демографската криза, тема која бара итно внимание и заеднички ангажман за обезбедување одржлива иднина за граѓаните на Европа.

- Панелот ги покри темите поврзани со поддршка на мајките, децата и семејствата, како и домувањето за младите, даночната политика, изградбата на нови градинки, намалувањето на иселувањето и депопулацијата. Се очекува утре конгресот на ЕПП да донесе посебна резолуција за демографијата, објави Мицкоски на неговиот фејсбук профил.

Мицкоски, ја предводи со партиската делегација составена од потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар Стефан Андоновски, како и преставници на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ предводени од претседателката Жаклина Пешевска и претставници на Унијата на млади сили, кои денеска и утре ќе присуствуваат на Конгресот на Eвропската Народна Партија (ЕПП) во Валенсија.

Најавено е дека Мицкоски ќе има и свое обраќање на првата пленарна сесија. Претседателот на партијата Мицкоски ќе одржи и неколку билатерални средби, меѓу кои со Австрискиот премиер и претседател на сестринската партија ОВП, Стокер, како и со претседателот на Српската напредна странка и поранешен премиер на Србија, Вучевиќ, со претседателот на Демократската партија на Албанија и поранешен премиер и претседател на Албанија, Бериша и други европски лидери.

Исто така, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ќе присуствува и на вечерата организирана за лидерите од Европската народна партија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Започна првиот ИКТ бизнис форум - Македонија – Грција: МАСИТ и Setpe потпишаа меморандум за соработка

Форумот, организиран од МАСИТ во соработка со грчката асоцијација SETPE, ги обедини претставниците на ИКТ индустријата.

Започна првиот ИКТ бизнис форум - Македонија – Грција: МАСИТ и Setpe потпишаа меморандум за соработка

Со учество на над 130 претставници на компании, институции и организации од Македонија и Грција, денеска во Скопје започна првиот „North Macedonia – Greece Digital Bridge & Business ICT Forum“, настан посветен на продлабочување на економската и технолошката соработка меѓу двете земји.

Форумот, организиран од МАСИТ во соработка со грчката асоцијација SETPE, ги обедини претставниците на ИКТ индустријата, државните институции и бизнис-заедницата со цел создавање нови партнерства, размена на знаење и отворање нови можности за регионален раст.

Во рамки на свеченото отворање беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу МАСИТ и SETPE, документ кој претставува основа за поинтензивна институционална соработка, размена на искуства и заеднички активности во областа на дигиталната економија, иновациите и технолошкиот развој.

Претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, истакна дека форумот е создаден со јасна цел – да ги поврзе компаниите од двете земји и да создаде конкретни деловни можности.

„Денешниот форум не е само уште една конференција или настан за вмрежување. Тој е создаден со многу конкретна цел – да ги поврзе компаниите, да поттикне директен дијалог и да создаде нови бизнис можности меѓу нашите две земји. Меморандумот што денес го потпишуваме не е крајна дестинација, туку почетна точка за посилна соработка, поголема размена на знаење и повеќе можности компаниите од двете земји да работат заедно“, изјави Димитровски.

На отворањето се обратија и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, амбасадорката на Република Грција во Македонија Н.Е. Софија Филипиду, заменик-министерот за дигитална трансформација Радослав Настасијевиќ Варџиски и претседателот на SETPE, Анастасиос Манос.

Во текот на денот учесниците ќе имаат можност да присуствуваат на презентации, тематски дискусии и над 150 однапред организирани B2B средби насочени кон создавање конкретни деловни партнерства и нови заеднички проекти.

Организаторите очекуваат токму овие средби да резултираат со нови соработки и да придонесат за натамошно поврзување на технолошките екосистеми на Македонија и Грција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Има сериозен интерес од ЕУ за раздвижување на процесите со Бугарија и доколку е искрено ќе има решение

Европската унија има желба да стимулира дијалог меѓу Македонија и Бугарија, има сериозен интерес за раздвижување на процесите и доколку е искрено ќе има решение изјави утринава Тимчо Муцунски министерот за надворешни работи и надворешна трговија.

Муцунски: Има сериозен интерес од ЕУ за раздвижување на процесите со Бугарија и доколку е искрено ќе има решение

Според него наредната недела е можна средба со бугарската страна и додаде дека несомено е дека треба да има дијалог.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во соја сос

Во четврток (28.05.2026) во емисијата гостин ни бeше Андријана Ади Костадиновски

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во соја сос

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. пилешки стек

1 морков

1 тиквичка

1 главица кромид

1 страк праз

200 гр. шампињони

3 лажици соја сос

малку буковка

малку сусам

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер