На лице место уапсени тројца ограбувачи додека „оперирале“ во објектите на поранешна Железара - Канал 5

На лице место уапсени тројца ограбувачи додека „оперирале“ во објектите на поранешна Железара

Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара.

На лице место уапсени тројца ограбувачи додека „оперирале“ во објектите на поранешна Железара

На 07.05.2025 во 01.00 часот во кругот на поранешна фабрика Железара, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.З.(30) од скопско, А.Х.(24) од Скопје и Б.С.(33) од липковско. По претходно добиени сознанија и преземени мерки, тие биле затекнати при вршење кривично дело.

Имено, лицата подолг период вршеле кривични дела во кругот на Железара и со огнено оружје се заканувале кон вработените.

Во Полициската станица Гази Баба бил извршен службен разговор со лицата и во содејство со јавен обвинител против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка по член 291 од Кривичниот законик, додека од судија на претходна постапка на тројцата им е изречена мерка притвор од осум дена и биле спроведени во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката, соопштија од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

12.000 луѓе беа евакуирани од концерт во Велика Британија откако беше пуштена „непозната супстанца“ (ВИДЕО)

Илјадници луѓе беа евакуирани од концерт во најголемата затворена арена во Велика Британија откако беше пуштена „непозната супстанца“, а неколку лица пријавија несакани ефекти, соопшти утринава полицијата.

12.000 луѓе беа евакуирани од концерт во Велика Британија откако беше пуштена „непозната супстанца“ (ВИДЕО)

Околу 12.000 луѓе присуствуваа на неделната вечерна свирка на американскиот рапер Дон Толивер во арената „Кооп Лајв“ во Манчестер, северозападна Англија. Итните служби беа повикани по „пријави за луѓе во толпата кои страдаат од последици од непозната супстанца“, соопшти полицијата во Манчестер, која прогласи голем инцидент на местото на настанот. „Неколку лица беа третирани на лице место, а едно е однесено во болница во овој момент“, изјавија од полицијата на Манчестер, додавајќи дека полицијата се обидува да „разбере за што станува збор“.

Регионалната служба за брза помош соопшти дека прегледала повеќе од 50 лица на местото на настанот, вклучувајќи некои кои пријавиле „симптоми на очите и респираторниот систем“, а на местото на настанот е извршена и „деконтаминација“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„GPS“ или брзиномер: На што да верувате кога бројките не се совпаѓаат?

Дали всушност возите побавно отколку што мислите? Постои разлика помеѓу вашиот брзиномер и „GPS“-от.

„GPS“ или брзиномер: На што да верувате кога бројките не се совпаѓаат?

Зошто често постои разлика помеѓу брзината прикажана на инструмент-таблата во автомобилот и брзината што ја покажуваат „GPS“ навигациските системи или апликации?

Одговорот лежи во начинот на кој овие уреди ја мерат брзината, како и во прописите што производителите на автомобили се должни да ги почитуваат.

Според прописите за возила на европскиот пазар, брзиномерот никогаш не смее да покажува брзина помала од реалната. Сепак, дозволено е да прикажува вредност што е до 10 проценти поголема.

Како резултат на тоа, не е невообичаено на инструмент-таблата да стои, на пример, 110 км/ч, додека „GPS“ навигацискиот систем регистрира малку помала бројка. Производителите обично ги калибрираат брзиномерите така што тие покажуваат малку зголемена брзина, за да се осигураат дека прикажаната вредност никогаш нема да биде помала од реалната.

Кога „GPS“-от е попрецизен?

„GPS“ уредите ја пресметуваат брзината врз основа на времето потребно за поминување на одредено растојание.

Кога автомобилот се движи со константна брзина – особено на прав, отворен пат – „GPS“ навигацијата обично може да даде попрецизен податок од фабрички вградениот брзиномер.

Сепак, и „GPS“-от има свои ограничувања. Наглото забрзување или забавување може да влијае на прикажаната вредност, бидејќи на системот му е потребно одредено време за да ги прилагоди своите пресметки на промените во брзината.

Сличен проблем може да се појави и на патишта со многу остри кривини.

Затоа, „GPS“ навигацијата не е нужно попрецизна во секој поединечен момент. При константна брзина, таа генерално има предност, додека брзиномерот во автомобилот реагира побрзо на промените во темпото на возење.

Заклучок: Ако возите со рамномерна брзина на отворен пат, „GPS“-от често е подобар показател за вашата реална брзина. Сепак, додека возите, треба да се потпирате на брзиномерот во автомобилот и да ги почитувате ограничувањата на брзината.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: 16 нови липи и хортикултурно уредување на „Ленинова“, доасфалтиран последниот дел од улицата

Општина Центар го асфалтираше и последниот дел од улицата „Ленинова“, од „Илинденска“ до Министерството за земјоделство. 

Герасимовски: 16 нови липи и хортикултурно уредување на „Ленинова“, доасфалтиран последниот дел од улицата

Паралелно се уредуваат пешачките површини, рабниците и зеленилото, со што се привршува целосната реконструкција на улицата.

Во изминатите три дена засадени се 16 нови липи, а хортикултурното уредување продолжува со садење украсни грмушки по должината на целиот потег.

„Се работи за комплексен зафат, реконструкција на ,,Ленионова“ од „Партизански одреди“ до Паркот на Франкофонија. Со обновено осветлување, нови пешачки зони и коловоз, санирање на кружниот тек на кростосница со „Орце Николов“ и ново зеленило, „Ленинова“ го менува ликот, но уште поважно, станува побезбедна за сите што ја користат: пешаци, велосипедисти и возачи. Ова е улица со која центарци ќе се гордеат“, рече градоначалникот Горан Герасимовски.

Во 2023 година беше реконструиран првиот дел од „Ленинова“, од булеварот „Партизански одреди“ до булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Тогаш беа поставени нов асфалт, водоводна и атмосферска канализација, реконструирани тротоарите, поставено ЛЕД-осветлување и воведен резидентен паркинг.

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер