На кратко: „Вести плус“ со Моника Зајкова - 27.07.2026 - Канал 5

На кратко: „Вести плус“ со Моника Зајкова - 27.07.2026

На кратко: „Вести плус“ со Моника Зајкова - 27.07.2026
Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Пучистите седат со проруска Левица кои велат „НАТО убива за профит“, а бараат промени во СДСМ

Пучистите кои бараат промени во СДСМ седнаа на иста маса со Левица, партија која отворено застапува руски и кинески интереси .

Филипче: Пучистите седат со проруска Левица кои велат „НАТО убива за профит“, а бараат промени во СДСМ

Пучистите кои бараат промени во СДСМ седнаа на иста маса со Левица, партија која отворено застапува руски и кинески интереси и која, при посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Собранието истакна транспарент „НАТО убива за профит“, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

„Вчера видовме на едно место мала група на поранешни функционери на СДСМ, но и членови на други партии, на ЛДП, луѓе од ЗНАМ и Левица, партијата која што има целосно спротивни вредносни политики од нашите. Партијата која што при гостувањето на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, држеше транспарент во Собранието: „НАТО се убијци“. Сите тие седнати на едно место, сите сателити на Христијан Мицкоски“, рече Филипче.

Тој посочи дека поранешните функционери една година наназад работат против партијата, роварат, зборуваат со луѓе, шират невистини, клевети и лаги, а сега излегуваат во јавноста, токму во момент кога СДСМ открива скандали и криминали на власта.

Филипче ги посочи прашањата поврзани со дата-центрите, водата за земјоделците, петте нови рудници, економските и финансиските политики, задолжувањето, состојбата во земјоделството, минималната плата и пензиите, како и Ходник дипломатијата на Мицкоски.

„Ете затоа излегуваат сега и затоа ги праќа Христијан Мицкоски да нè дефокусираат, за да ни го одземат вниманието. Ама нема да успеат. И овој обид и овој дефокус, овие пучисти, овие шемаџии, ништо нема да направат. Се среќаваат и седат на маса со Левица. Левица, партијата која што отворено соработува со Русија и со Кина. Тоа ли се нивните принципи и вредносни политики?

Оваа партија дала заменик генерален секретар на НАТО, а тие седат со луѓето кои што во Собрание држеа транспарент дека НАТО е убиец“, рече Филипче.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Писмена реакција на организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ на наводите на Филипче

Имаме разбирање за причините за растечката нервоза, но вакви манипулации нема да одмолчиме бидејќи сметаме дека сме должни да го заштитиме интегритетот на оние учесници на вчерашна сесија „Разговори #2“ кои не се политичари.

Писмена реакција на организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ на наводите на Филипче

Организаторите на платформата во врска со денешната прес конференција на “Бихакќа” го соопштуваат следниот став:

Венко Филипче со малата група се фракција во СДСМ. Тој не е претседател на членството туку претседател на фиктивни картички за гласање. Денес се потврди токму тоа. Со сите притисоци врз членовите, тој на прес конференцијата собра половина раководство и стотина луѓе во публика. Тоа е помалку од еден процент од гласовите кои наводно ги освои на внатрепартиските избори. Венко Филипче нема образ за обвинувањата кои ги пласира. На пример, во неговиот Централен одбор седи Рубин Земон, човекот кој го оспорува Македонскиот великан Гоце Делчев.

Со Левица ние имаме многу разлики за различни прашања, но сме согласни за едно, “на ти - дај ми” тандемот Мицкоски - Филипче мора да бидат поразени.

На втората сесија на “Разговори за иднината во 12:05” имаше идеолошка, експертска и демократска дебата која во СДСМ не се случила со години. Таа маса на Платформата вчера тежеше минимум 150 илјади гласа.

Со хистеријата која упорно се обидува да ја наметне Венко Филипче, тој свесно ги одвраќа опозициските гласови од СДСМ затоа што е уценет и мора да одработи во полза на ВМРО - ДПМНЕ. Главен кочничар на обединувањето на опозициската демократска и прогресивна јавност е ова изгубено партиско раководство чија единствена цел им е да се докопаат до пратенички мандати. Мнозинството членови на СДСМ мислат со своја глава и знаат да препознаат кој за што се бори.

Венко Филипче не е, и не може лажно да и се продава на јавноста како жртва, бидејќи тој е егзекуторот на највалканиот дил во поновата политичка историја на Македонија.

Организатори на Разговори за иднината во 12:05

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лопез на забава во Милано носеше проѕирен чипкаст фустан (ФОТО)

На Неделата на модата во Милано, Џенифер Лопез првпат дојде на ревијата на Долче и Габана во строг костум од три дела, а подоцна се појави на забавата на истиот бренд во целосно проѕирен фустан од чипка. 

Џенифер Лопез на забава во Милано носеше проѕирен чипкаст фустан (ФОТО)

Пејачката и актерка (57) носеше само танга под креацијата, а изгледот го комплетираше со црно крзнено палто.

Од деловно одело до проѕирна чипка

За вечерната забава на италијанската модна куќа, Лопез избра провокативно издание. Танга јасно се гледаше под проѕирниот фустан од чипка, додека градите ги покри со црно крзнено палто. Комбинацијата ја комплетираше со минималистички сандали со висока потпетица, а ѓерданот и обетките додадоа боја на црниот стајлинг.

Другите гостинки се појавија и во смели изданија. Внуката на покојната принцеза Дајана, Лејди Кити Спенсер (35) носеше фустан од чипка со длабоко деколте без градник, со само сатенски гаќички под него. Моделот Брукс Надер (29) избра краток црн фустан со длабоко деколте, и покрај ноќта, ја комплетираше комбинацијата со очила за сонце. Сите три носеа сосема различни комбинации претходно во текот на денот на самото шоу. Џенифер Лопез предизвика внимание појавувајќи се во одело инспирирано од серијата „Peaky Blinders“, со шапка како онаа што ја носи ликот на Томас Шелби и впечатлив брош на реверот. Пејачката, која со години соработува со основачите на италијанскиот бренд, овој пат ги замени гламурозните фустани со построг стил.

Пријателите стравуваат дека може да се распадне од работа

Извори блиски до пејачката наведуваат дека се загрижени дека може да биде исцрпена поради премногу обврски. Лопез наводно потпишала договор со брендот Dolce & Gabbana вреден 20 милиони долари, планира светска турнеја и истовремено глуми и промовира филмови. Блиските до неа стравуваат дека таквото темпо може да ја доведе до распад сличен на оној во 2002 година.

Покрај тоа што ќе стане ново лице на италијанскиот бренд и ќе планира меѓународна турнеја за следната година, Лопез треба да промовира два филма: „The JLo Show“ за нејзините настапи во Лас Вегас и криминалниот трилер „The Last Mrs Parrish“.

„Таа се преоптоварува со работа за да остане зафатена, иако постои вистински страв дека ќе се исцрпи. Но, тоа е нејзиниот начин да остане здрава во овој чуден период од нејзиниот живот“, рече извор. Нејзината зголемена ангажираност следеше по разводот од Бен Афлек и заминувањето на нејзините близнаци, Макс и Оскар (порано познат како Ема), на колеџ.

„Џенифер не поминува низ лесен период. Има многу промени и сè е многу емотивно, но таа наоѓа утеха во постојаната работа. Тоа е добро бидејќи нејзината кариера сè уште оди одлично“, додава изворот.

„Таа е целосно посветена на својата работа. Обожава да биде работохолик, неверојатно е амбициозна и не сака да биде надвор од центарот на вниманието. Подобро би работела отколку да седи дома со достава на храна и да гледа телевизија сама. Подобро би станала во пет часот наутро и да работи 14 часа без да се жали. Сепак, еден ден можеби ќе се разбуди целосно банкротирана.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер