ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја прозва Петровска за криминал од 37 милиони евра и со тоа јавно потврди за криминалното владеење на СДС со државата
2ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја прозва Петровска за криминал од 37 милиони евра и со тоа јавно потврди за криминалното владеење на СДС со државата
МЗ: Ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје
1МЗ: Ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје
Веб ТВНа кратко: „Само Вистина“ со Ристо Никовски - 18.09.2026Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет Пит Хегсет: „Ќе се погрижиме луѓето да гледаат – тој ќе биде стрелан“ Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека погубувањето на Нидал Хасан, осуден за убиство на 13 лица во воената база Форт Худ во 2009 година, ќе биде јавно, со што тоа ќе стане првото погубување со стрелачки вод во американската војска.Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека погубувањето на Нидал Хасан, осуден за убиство на 13 лица во воената база Форт Худ во 2009 година, ќе биде јавно, со што тоа ќе стане првото погубување со стрелачки вод во американската војска по неколку децении. „Ќе се погрижиме луѓето да можат да го гледаат тоа, да биде јавно, бидејќи луѓето треба да разберат дека постојат сериозни последици за вакви работи“, изјави Хегсет во интервју со конзервативниот подкастер Џек Пособик, на носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“. Сепак, Хегсет не изнесе детали за тоа како јавноста би можела да го следи извршувањето на смртната казна, пренесува Си-ен-ен. Пентагон во понеделникот објави дека Хасан ќе биде погубен од вод за стрелање, врз основа на препораката на Хегсет, која беше одобрена од американскиот претседател Доналд Трамп. Вршителот на должноста секретар на Армијата на САД, Адам Тел, го закажа извршувањето на казната за 3 декември во 14:00 часот по локално време (односно во 20:00 часот по средноевропско време), во базата „Форт Худ“ во Тексас. Хегсет изјави дека погубувањето ќе се изврши во четврток, во време што соодветствува со моментот кога Хасан го извршил нападот, и дека во стрелачкиот вод ќе бидат вклучени војници вооружени со пушки. Во јули 2013 година, Хасан беше прогласен за виновен по 13 точки од обвинението за убиство со умисла и по 32 точки за обид за убиство. За време на судењето, тој изјави дека како цели ги одбрал војниците што требало да бидат испратени во Авганистан, тврдејќи дека тие ќе учествуваат во, според него, нелегална војна. Во 2009 година, тој отворил оган во медицинскиот центар во Форт Худ, каде што војниците се подготвувале за заминување во мисија и вршеле медицински прегледи. Откако војниците почнале да бегаат, Хасан ги следел до задниот излез на зградата, каде што дошло до размена на оган со полицијата. Во таа прилика, Хасан бил ранет. Егзекуцијата со стрелачки вод би била прва таква егзекуција спроведена од американската војска по Втората светска војна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
ЗдравјеМЗ: Ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје Министерството за здравство информира дека почнувајќи од денес е ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје и е достапен за извршување дијагностички прегледи.Со цел навремено обезбедување на здравствените услуги, Институтот започна со организирано повикување и закажување нови термини за сите пациенти чии прегледи беа привремено презакажани поради настанатата состојба. За таа цел, организирана е работа во две смени, како и дополнителна работа во текот на претстојниот викенд, со цел во најкраток рок да се реализираат прегледите, согласно расположливите капацитети и утврдените медицински приоритети. Во однос на компјутерскиот томограф, лоциран во хируршкиот комплекс и наменет првенствено за дијагностичка обработка на итни пациенти, сервисната постапка се уште е во тек и се очекува да заврши во најскоро време. Постапувањето со итните пациенти продолжува согласно воспоставената меѓуинституционална координација и организација за обезбедување континуитет на неопходните дијагностички услуги, односно итните пациенти се згрижуваат во ГОБ „8 Септември“ и Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Апелираме во јавноста да не се изнесуваат непроверени информации, со цел да не се нарушува довербата во здравствениот систем. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја прозва Петровска за криминал од 37 милиони евра и со тоа јавно потврди за криминалното владеење на СДС со државатаФилипче ја прозва Петровска за криминал од 37 милиони евра и со тоа јавно потврди за криминалното владеење на СДС со државата, Филипче нека даде одговори и за скандалите поврзани со него .Венко Филипче дури откако почнаа внатрепартиските пресметки проговори за криминалот во СДС и конкретно ја прозва Славјанка Петровска во врска со наводите околу набавката на хеликоптери и договор за кој, според Филипче постоела разлика од дури 37 милиони евра. Филипче со објавувањето на овој скандал јавно потврди за корупцијата и криминалното владеење на СДС. Филипче почна да зборува за истрага и кривични дела, расфрла пердуви за криминал од 37 милиони евра и сега молчи и се крие. Кога веќе Филипче почна да говори за криминалот и скандалите во СДС нека даде одговор и за тоа како добил златна виза за Дубаи, како добил автомобил од фирма која добива тендер за ископ на јаглен, треба да каже како менуваа ДУП во Дојран за изградба на фотоволтаична централа на фирма на неговиот брат и на братот на Заев. Јавноста очекува одговори и за наводите што се појавуваат во јавноста за овие скандали. Ако Филипче навистина сака да се бори против корупцијата, тогаш нека важи истото правило за сите и за политичките противници, и за неговите најблиски соработници, и за него самиот. Затоа Филипче, ако почна да зборува за криминал и корупција во СДС нека бара истрага до крај. Филипче нека биде транспарентен и неселективен до крај. Ако Филипче нема што да крие, тогаш нека одговори на сите прашања што јавноста со години ги поставува. Доста е со селективна транспарентност. Јавноста заслужува целосни одговори. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook