На кралската двојка не и е лесно со Арчи – принцот Хари заминува во Рим да се наспие - Канал 5

На кралската двојка не и е лесно со Арчи – принцот Хари заминува во Рим да се наспие

Малиот Арчи , син на принцот Хари и на Меган Маркл изгледа дека не е мирно бебе.

На кралската двојка не и е лесно со Арчи – принцот Хари заминува во Рим да се наспие

Британските таблоиди пишуваат дека кралската двојка последните недели не може да се пофали дека спие цела ноќ. Иако официјалчно објавија дека Арчи е бебе какво што може да се посака и дека спие цела ноќ.

Пријателот на Принцот Хари раскажа дека не е така. Мајкл Карузо раскажа дека принцот му кажа за непроспиените ноќи. Му рекол дека патувањето во Рим , каде ќе оди деновиве , добро ќе му дојде за да се наспие.

Арчи се роди на 6. мај во раните утрински часови. ,,Сите велат дека детето се ќе измени , особено во текот на првите недели , но мене ми се чини дека и за овие два дена многу работи се сменија. Прекрасно е чувството да се стане родител. Пресреќни сме што го имаме ова клопче на среќа.” , изјави принцот Хари при претставувањето на малиот принц Арчи , на два дена по раѓањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж од Косово ја убил бремената сопруга, била во деветти месец на бременост

Дваесет и петгодишната Јетлира Фониќи, која била бремена во 34-та недела, е убиена синоќа во семејната куќа во селото Кервасари во близина на Малишево во Косово.

Маж од Косово ја убил бремената сопруга, била во деветти месец на бременост

Нејзиниот 26-годишен сопруг е осомничен за тешко убиство, потврди утрово Основното обвинителство во Ѓаковица.

Сопругот е исто така тешко ранет од огнено оружје и е во критична состојба во Универзитетскиот клинички центар на Косово во Приштина. Тој е интубиран и поврзан на респиратор, а лекарите ја опишуваат неговата состојба како многу сериозна и нестабилна.

Парот пронајден ранет во спалната соба

Полицијата добила пријава за пукањето синоќа околу 23:20 часот. По пристигнувањето во куќата, полицајците ги пронашле сопружниците со прострелни рани во спалната соба.

Двајцата биле пренесени во болница. Универзитетскиот клинички центар на Косово објави дека 25-годишна сопруга била донесена околу 00:15 часот без знаци на живот. И покрај обидите за реанимација, нејзината смрт е потврдена. Таа била бремена во 34-та недела.

Нејзиниот сопруг е тешко повреден. Директорот на службите за итни случаи, Насер Сила, изјави дека мажот бил интубиран и поврзан со респиратор, како и дека се извршени потребните тестови.

Обвинителство: Сопругот е осомничен за тешко убиство

Основното обвинителство во Ѓаковица потврди дека 26-годишниот сопруг на убиената жена се води како осомничен во овој случај. Покрената е постапка за тешко убиство и неовластено поседување, контрола или поседување оружје.

На местото на злосторството е пронајдено и огнено оружје за кое се сомнева дека е употребено во пукањето. По наредба на обвинителот, телото на убиената жена е пренесено во Институтот за судска медицина во Приштина за обдукција.

Полицијата и обвинителството ја продолжуваат истрагата за да ги утврдат сите околности на злосторството. Засега, официјално не е објавен можен мотив, ниту е потврдено како сопругот ги претрпел повредите.

Членовите на семејството се збогуваат со убиената 25-годишна жена на социјалните мрежи. Косовски Клан објави дека нејзиното име е Јетлира Фониќи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со едноминутен молк во Собранието одбележана 35-годишнината од независност на Украина

Со оддавање почит кон загинатите и едноминутен молк, во Собранието се одржа сесија на интерпартиската парламентарна група за поддршка на кримската платформа, посветена на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина..

Со едноминутен молк во Собранието одбележана 35-годишнината од независност на Украина

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жителите на гостиварско Дебреше половина година без вода – најавуваат блокади на патишта

Речиси половина година полна со ветувања, но и натаму со празни чешми, жителите на гостиварското село Дебреше продолжуваат летните горештини да ги минуваат без капка вода во домовите. 

Жителите на гостиварско Дебреше половина година без вода – најавуваат блокади на патишта

Конечно решеавање на овој децениски проблем им беше ветено најдоцна до 15ти јули, но велат состојбата не е мрдната од “мртва точка“ - и натаму надлежните само декларативно се залагаат, а во последниот период ги избегнуваат и нивните повици. Револтот велат кај жителите секојдневно расте, велат тие, па по неколкуте протести, од кои еден помина потензично, најавуваат блокада на главниот пат Гостивар – Охрид.

-На новиот директор му се јавив, ми кажуваше „треба ова, треба она, запознаен сум“ – Му реков, во ред, убаво што сте запознаени, но дали имате нешто преземено. Тој вели треба рестрикција, јас му реков дај преземете, ништо од тоа. Повторно го барам прво ѕвонење – ѕвони и телефонот исклучува. Ако ништо не се преземе, ќе мора цело село да се организираме и да се блокираат патишта за да добиеме вода, ова веќе 5 месеци, капка, значи воопшто, капка не е падната од чешмите. Планираме да блокираме после патарина Гостивар и Здуњнска крстосница, тој пат да биде онеспособен тотално, целосно. Тоа е главниот пат кон Охрид. Да, да. - Гаврил Исајлоски – Жител на С. Дебреше.

Во Гостивар за време на епидемијата се носеа полни цистерни со вода, а во Дебреше не е однесена ниту капка, половина година, вели Исајлоски, кој секојдневно со возилото оди во соседните села да наполни вода за семејството. Се жали, едноставно веќе е и физички исцрпен.

-Секој ден одиме, колата ја искршив, по 200л вода ставам во кола, тоа е секој ден, треба да се полнат тие туби, да ги растовариш, да ги натовариш во автомобил, кога ќе дојдеш до село да ги истовариш. Тоа е секој ден значи и раце и коли и нозе, ова е невидено, пет месеци, пет, можеби и повеќе, капка вода од цевките нема потечено, многу се изреволтирани сите. Во Македонија има и села и населби, ние сме Македонија целосно, не се само градовите. - Гаврил Исајлоски – Жител на С. Дебреше.

Дека во првите две недели од јули проблемот ќе биде трајно решен, градоначалникот на Гостивар Лимани тогаш уверуваше и во изјава за Канал 5.

На минатиот протест, жителите на Дебреше пред општината симболично донесоа кофи да им бидат наополнети, а дојде и до турканица при што беше искршено стакло од зградата на општината.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер