КошаркаНа кошаркарски натпревар на Косово е запалено знамето на Србија (ВИДЕО)На кошаркарскиот натпревар од Косовската лига одигран вчера меѓу Влазними од Ѓаковица и Трепча, група локални навивачи го запалиле знамето на Србија, пишува Косово пост.Навивачите го развиорија транспарентот „За север спремни, Митровица е Албанија“, по што го запалија српското знаме. Според Косово пост, во вжештената атмосфера во салата во еден момент било забележано дека на трибините гори српското знаме, но никој од организаторите не презел ништо за да го спречи инцидентот. Српските медиуми револтирани пишуваат за скандалот што се случи на Косово. Инаку, домашната екипа со тројка во последната секунда победи со резултат 75:72. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАВотсон ги одби Денвер и 70 милиони долари! Американскиот кошаркар Пејтон Вотсон одбил понуда вредна 70 милиони долари од НБА тимот Денвер Нагетс.Денвер Нагетс му понудија на Пејтон Вотсон четиригодишен договор вреден 70 милиони долари, но американскиот кошаркар ја одбил понудата од тимот од Колорадо. Како што пренесува Сем Емик од порталот „Атлетик“ (The Athletic), Вотсон смета дека оваа понуда е далеку од она што го заслужува по одличната сезона во која имаше просек од 14,6 поени, 4,9 скока и 2,1 асистенција за околу 30 минути игра по натпревар. Како што веќе пишувавме, три франшизи внимателно ја следат ситуацијата: Кливленд Кавалирс, Лос Анџелес Клиперс и Милвоки Бакс. Сè уште постои опција Вотсон да го продолжи договорот и веднаш да биде разменет од Денвер – за што исто така пишувавме – како и опција сите преговори да пропаднат, па Пејтон да ја прифати квалификациската понуда од 6,5 милиони долари и следното лето да стане слободен агент без ограничувања. Во моментов, Вотсон е слободен агент со ограничувања, бидејќи Нагетс го задржуваат правото да израмнат која било понуда што тој ќе ја добие.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓанитеСДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните, надлежните веднаш ги демантираа, водата во Скопје е безбедна за пиење.Таман човек ќе помисли дека СДС го допреле дното, тие повторно покажуваат само едно, дека се бунар без дно. Овој пат отидоа до таму со своите лаги и ширење паника меѓу граѓаните велејќи дека водата во Скопје е небезбедна за пиење. Оваа информација не е само гола политичка критика, туку опасна дезинформација. И сето ова го прават очигледно за политички поени, бидејќи ваква неточна, непроверена информација не само што создава паника, туку во крајна линија може да влијае на здравјето на граѓаните. СДС и нивниот моментален претседател Венко Филипче кој со својот ментор и партиски другар Зоран Заев се шета по Егејот треба да се смири и да не се однесува како сонцето да му удрило во глава и да дава вакви насоки за вакво ширење паника. Дополнително, овој обид за дезинформирање на граѓаните и ширење паника покажува само едно дека СДС веќе не знае ни каде удира. Кога немаат што да понудат, останува само политичкото дно, а тоа кај СДС очигледно нема крај. Надлежните државни институции веднаш реагираа демантирајќи ги со факти, а реагираше и обвинителството. Сепак се очекува исход од истрагата бидејќи вакви дезинформации се опасни. Се очекува деновиве добра вест и од Гостивар дека водата е квалитетна за пиење. За жал, во оваа држава СДС како опозициска партија почнува да делува и опасно за граѓаните. СДС и актуелното раководство со своите вакви постапки покажува само дека е талогот на Македонија. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМалолетна девојка од Охрид пријавена за исчезната – семејството бара помошСемејството на малолетната Кристина од Охрид поминува низ тешки моменти, откако девојката е пријавена за исчезната.Малолетната Кристина од Охрид е пријавена за исчезната, информираат нејзините блиски. Според информациите, таа последен пат контактирала со семејството вчера околу 16:00 часот. При излегувањето од дома била облечена во црна маица и широки фармерки. Случајот е пријавен во полиција, а семејството упатува апел до сите граѓани кои можеби ја забележале Кристина или имаат каква било информација за нејзиното движење, да помогнат. Информациите може да се пријават на 075/238-015 и 075/238-017, или во најблиската полициска станица. Секој детал може да биде важен. Извор/Фото: Охрид пресКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook