КултураНа конкурсот за годишните награди на ДПМ за 2025-та пријавени 53 насловиДруштвото на писателите на Македонија (ДПМ) информира дека на конкурсот за петте годишни награди за најдобри објавени дела во 2025-та се пријавени вкупно 53 наслови. За изборот ќе одлучуваат жири-комисии, а наградените ќе бидат соопштени во февруари. За наградата „Стале Попов“ на ДПМ за најдобро прозно дело објавено во 2025 г. се пријавени 17 дела: 1. „Раскази од Бостон“ од Марија Воденска („2-ри август“ – Штип) 2. „С(удба)та“ од Филип Георгиевски („Бата прес милениум“) 3. „Стројникот“ од Јован Дамјановски („Панили“) 4. „Винка“ од Весна Дамчевска Илиевска („Индиго – хаб“) 5. „По линијата“ од Петре Димовски („Дијалог“) 6. „Околу три по полноќ“ од Димитрие Дурацовски („Арс Ламина“) 7. „Ќе помине и моќта“ - Ирена Јурчева („ТРИ“) 8. „Романот за Чарли Офтика - Туркачот“ од Трајче Кацаров („Панили“) 9. „Каде леташ, Јулија?“ од Хана Корнети („Или-или“) 10. „Единаесет проверени начини како да ја заебеш љубовта“ од Драгана Лукан Николоски („Чудна шума“) 11. „Светото светило“ од Мирче Б. Нешовски („Менора“) 12. „Зара Зарина“ од Лилјана Пандева („ПНВ публикации“) 13. „Кривата Дијана“ од Фросина Пармаковска („Арс Ламина“) 14. „Арагон“ од Михајло Свидерски („Антолог“) 15. „Неколку тишини подоцна“ од Ана Стојаноска („Полица“) 16. „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска („Арс Ламина“) 17. „Повратник со две лица“ - Ивица Челиковиќ („ТРИ“) За наградата „Ацо Шопов“ на ДПМ за најдобра поетска збирка објавена во 2025 г. конкурираат 16 дела: 1. „Царски рез на небото“ од Даниела Андоновска-Трајковска („Матица“) 2. „Ноември“ од Игор Анѓелков („Или-или“) 3. „Скршена тишина“ од Елизабета Бандиловска („Бата прес милениум“) 4. „Пеколот е мало место“ од Тихомир Јанчовски („Макавеј“) 5. „Сите сите песни Паф“ од Жарко Кујунџиски („Антолог“) 6. „Со една четка два зајака“ од Владимир Мартиновски („Арс Ламина“) 7. „Часови без часовник“ од Владимир Мартиновски („Арс Ламина“) 8. „Арабеска“ од Милчо Мисоски („Антолог“) 9. „Видение на седумте реки: сенки и морници“ од Зоран Пејковски („ПНВ публикации“) 10. „Чувари на малите нешта“ од Ана Пејчинова („Или-или“) 11. „Сина синкопа“ од Билјана Станковска (Дијалог) 12. „Поетиката на водите“ од Мирјана Стојановска („НОВА“ – Битола) 13. „Живи рани, мелем песни“ од Габриела Стојаноска (самиздат) 14. „Избор, порта на животот“ од Јусуф Сулејман („Макавеј“) 15. „Записи на идниот старец“ од Братислав Ташковски („Макавеј“) 16. „Вообразби (лирски етиди од некој друг свет)“ од Бранко Цветкоски („Макавеј“) Во конуренција за наградата „Ванчо Николески“ на ДПМ за најдобра книга за деца и млади објавена во 2025 г. се 13 наслови: 1. „Градина полна латици“ од Иван Антоновски („Светулка“) 2. „Домот на пастрмката“ од Александра Велинова („Едука Мак“) 3. „Тринаесеттиот“ - Лидија Димковска („ТРИ“) 4. „Мали приказни за големи сонувачи“ од Владо Димовски („Поинтер“) 5. „Илина и тајните на Бабин заб“ од Хана Корнети („Или-или“) 6. „Никогаш збогум“ од Александар Кујунџиски („Антолог“) 7. „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски („Арс Ламина“) 8. „Облачиња со сини очиња“ од Ели Маказлиева („Едука Мак“) 9. „Поучни сказни и шарени приказни“ од Ели Маказлиева („Едука Мак“) 10. „Ние животните и вие децата“ од Љубинка Мијал Донева („Едука Мак“) 11. „Стапка по стапка, од Дојран до Попова Шапка“ од Васил Мукаетов („Панили“) 12. „Додо, вонземјанинот и мачорот“ од Фросина Пармаковска (самиздат) 13. „Орден и значки“ од Стојан Тарапуза („Панили“) За наградата „Димитар Митрев“ на ДПМ за најдобра книга критика/есеистика објавена во 2025 г. конкурираат четири дела: 1. „Филмско око“ од Игор Анѓелков („Или-или“) 2. „Час по незадолжителна лектира“ од Весна Мојсова-Чепишевска („Матица“) 3. „Враќањето на Орфеј“ од Сузана В. Спасовска („Полица“) 4. „Книжевни созвучја и огледала“ од Елизабета Шелева („Сивејан“) За наградата „Мост“ на ДПМ, која се доделува на најдобра книга објавена на некој од јазиците што ги зборуваат заедниците во Македонија, за 2025 година конкурираат три наслови: 1. „Embsuame Paskajore” („Инфинитивна поука“) од Ахмет Селмани („Академска мисла“) 2. „Pronicanje tišine” („Проникнување на тишината“) од Љерка Тот Наумова („Академска мисла“) 3. „Atdheu: burrë pa grua” („Татковината: маж без жена“) од Каљош Челику (Сојуз на писатели Албанци на Македонија) ДПМ соопшти дека во претстојните денови, јавноста ќе може да чита кратки извадоци од пријавените дела на официјалните Фејсбук- и Инстаграм- страници на Друштвото на писателите на Македонија. За изборот на книгите што ќе бидат наградени дела одлучуваат анонимни тричлени жири-комисии. ДПМ посочува дека тие се избрани од членовите на Управниот одбор на ДПМ со тајно гласање и нивните членови работат самостојно и незвисно. -Како и досега, изборот на добитничките дела се одвива во неколку фази: прво ќе бидат објавени полуфиналисти, а потоа и делата што ќе влезат во финалниот избор. Објавувањето на победниците е предвидено за 10 февруари, а врачувањето на признанијата на наградените традиционално ќе се одржи на 13 февруари, кога ДПМ ќе одбележи 79 години од основањето, наведува писателската асоцијација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Месечни стипендии до 5.000 денари за учениците од ЦентарМесечни стипендии до 5.000 денари за учениците од Центар, поддршка за талентот, успехот и развојот на младите.Општина Центар ги повикува учениците од општинските основни училишта да аплицираат за стипендии во три категории: култура, наука, техника и посебни вештини, како и спорт. Дополнително се доделуваат стипендии на осум талентирани ученици од семејства со висок социјален ризик. Висина на стипендиите во категориите култура, наука, техника и посебни вештини, изнесува 4.000 и 4.500 денари месечно, додека за спортските стипендии се предвидени 3.500, 4.500 и 5.000 денари месечно, во тек на осум месеци во тековната учебна година. „Го исполнивме предизборното ветување за зголемување на ученичките стипендии за 50 проценти. Со оваа мерка обезбедуваме поголема поддршка за знаењето, креативноста, талентот и спортскиот дух на нашите ученици. Тие се нашата иднина и заслужуваат услови во кои ќе можат да се развиваат и да ги остваруваат своите амбиции“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Секој ученик може да аплицира само во една категорија. За пријавување потребно е да се достават потврда од училиште дека е редовен ученик/чка, кратка биографија, контакт од родител или старател, фотокопии од свидетелства, добиени дипломи, признанија и награди, како и потврди од надлежните федерации или акредитирани организации, согласно категоријата за која се аплицира. Документите се поднесуваат во Архивата на Општина Центар-Скопје или по пошта на адреса: ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, Скопје, со соодветна назнака за категоријата. Крајниот рок за поднесување на документите е 23.9.2026 година. Огласите се објавени на веб-страницата на Општина Центар, каде што се наведени сите услови и потребни документи за аплицирање: ОГЛАС за доделување стипендии на талентирани ученици од областа на културата од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје за учебната 2026/2027 година | Општина Центар ОГЛАС за доделување спортски стипендии на талентирани спортисти од општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар во учебната 2026/2027 година | Општина Центар ОГЛАС за доделување стипендии на талентирани ученици од областа на науката, техниката и посебните вештини од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје за учебната 2026/2027 година | Општина ЦентарКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамИџе во Бузет: Големо финале на европскиот шампионат на ридски патекиИгор Стефановски - Иџе е подготвен за последниот предизвик во сезоната. Овој викенд, од 18 до 20 септември, Бузет, Хрватска, ќе биде домаќин на големото финале на FIA Европскиот шампионат на ридски патеки (FIA EHCC). По одличниот настап и успешниот старт со новиот прототип „Нова прото“ во Словенија, Иџе сега го насочува фокусот кон култната трка 45- Buzetski dani 2026, која традиционално привлекува голем број врвни европски возачи. Официјалната листа на пријавени брои дури 242 возачи, а во Категорија 2, во која од оваа сезона настапува Иџе со новиот болид, се пријавени најдобрите имиња од европската елита. „Очекуваме добар резултат и сакаме таму да ја продолжиме оваа убава европска приказна. Бузет има посебно место во мојата кариера“, вели Иџе, кој со нетрпение го очекува настапот. Стефановски ветува спектакл за верната публика во Бузет. Бузет има посебно значење за неговата кариера. Токму на оваа патека минатата сезона Иџе ја возеше својата 200-та трка во кариерата, а сезоната во FIA Европскиот шампионат на ридски патеки ја заврши со одлично трето место во Група 1. Оваа година предизвикот е уште поголем. Со преминувањето на Ново прото, Игор Стефановски - Иџе и официјално се пресели во Категорија 2, најпрестижната и технолошки најнапредната категорија во европскиот автомобилизам на ридски патеки. Последниот викенд од европскиот шампионат носи нова битка, силна конкуренција и уште еден спектакл на легендарната патека во Бузет. Иџе е подготвен. Бузет и неговата публика го очекуваат. Македонија ќе има нова шанса да навива за својот шампион.Тагови: Игор Стефановски Иџе Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
СветКонгресот на САД изгласа построги санкции против РусијаПретставничкиот дом на САД гласаше со 262 гласови „за“ и 159 „против“ за усвојување на закон за санкции и царини со цел зголемување на економскиот притисок врз Русија поради нејзината инвазија во Украина.Претставничкиот дом на САД гласаше со 262 гласови „за“ и 159 „против“ за усвојување на закон за санкции и царини со цел зголемување на економскиот притисок врз Русија поради нејзината инвазија во Украина, испраќајќи го законот до претседателот Доналд Трамп за негов потпис. Ова веројатно е најзначајната иницијатива на САД за поддршка на Украина откако Трамп се врати на функцијата: По Сенатот, и претставничкиот дом сега ги одобри новите санкции. Законот сега се нарекува „закон за санкции на Русија и Иран од Линдзи Греам од 2026 година“, во чест на покојниот републиканец од Јужна Каролина кој го предложи пред година ипол. Десетици демократи се одвоија од раководството на нивната партија и им се придружија на повеќето републиканци во поддршката на законот. Законот е насочен кон руската енергетска и одбранбена индустрија, како и кон руската „флота во сенка“ од танкери кои ги заобиколуваат западните санкции и пловат низ меѓународните води што е спротивно на меѓународното право вклучитело и поморското, и се соочи со отпор бидејќи го овластува Трамп да воведе високи царини на Кина, Индија и други земји за да ја намалат нивната зависност од руската нафта и гас и да ги продолжат санкциите кон Иран.Тагови: Конгрес русија САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook